Тоа беа последните години кога Јапонците се чувствуваа дека им оди добро, дека се имотни треба да се забавуваaт. Денес Јапонија е во постојан раст на компаниските приходи ама обичниот човек оди надолу…
МАРИ САИТО
Каори Масукодера се сеќава, како во преку магла, како била облечена мајка и, со средена црвена коса и црвени усни од карминот, оделе со семејниот кабриолет на плажата. Тоа беше последното потреперување на 1980-тите, времето на шампањското, живописните бои и дискотеките, кога последен пат многумина во Јапонија се чувствуваа богати и посготвени за постојани забави.
Изминаа т.н. Изгубена деценија и дојдоа многу економски тешкотии, го нема семеен кабриолет и викендите на плажа, но Каори Масукодера помага да се врати чувството на таа среќна ера. Таа е членка на Pop In Bed, која многу се потпира на синтисајзери, електрични барабани и моќни акорди од осумдесеттите години. Тие се облечени како да илегле од осумдесетти, сите со со големи и рзголени ременици, во мини здолништа и светли сенки за очите.
„До пред една година, повеќето луѓе во тоа време го сметаа за негативно и често невкусно”, вели 32-годишната Каори, „Тоа се промени целосно во текот на последните неколку години. Сега луѓето знаат дека ова е некако кул период “.
Јапонија во моментов е во најпросперитетниот период во последните неколку децении. Економијата се зголемува и компаниите просто „галопираат“, додека постoјано го нaмалуваат бројот на вработените, потпирајќи се на роботи. Сепак, за многумина во Јапонија, тоа само укажува на тоа како граѓаните всушност паднале после 1980-тите – платите едвај растат, населението е старо, бројот на младите се намалува, а многумина мислат дека поминале најдобрите денови на земјата.
Ова чувство ја поттикнува носталгијата за времето кога Јапонија беше непобедлива на врвот на светот и се вклопува во глобалниот тренд на глорификација на осумдесеттите години.
Модата Двајца в кревет (Мода дуо ин бед) е често присутна во локалните модни списанија. Слична облека сега се појавила во раскошната јапонска верзија на Вог. Популарната комичарка Нора Хирано се здоби со слава со асоцирањето на времето со моќни деловни костуми и мобилни телефони со големина на тули. Минатата година нејзината облека беше една од најпопуларните костими за Ноќта на вештерките.
И тука е „Махараџ”. Дискотека, кој беше вистински бум пред повеќе од 30 години. Клубовите „Махараџа” се отвораат низ цела Јапонија во текот на последните пет години и привлекоа голем број на носталгични баби, љубопитни бејбимејкери и туристи.
Многу млади Јапонци сакаат да ја имитираат ерата преку диви лимузински возења низ улиците на Токио. Програмата „Принцеза на забава”, организирана од компанија, им дава можност на младите девојки да се облекуваат и талкаат по улиците како нивните мајки во некое друго време.
„Сакав ова да го направам пред да почнам да работам со полно работно време”, вели дваесет годишната Муреи Сугата, додека ја средува фризура и шминката пред излегувањето „во живот“.„Порано немало толкав гламур”.
Оваа потрошувачка на осумдесеттите години и нејзиниот релативен недостиг денес покажуваат колку двете ери се различни.
„Се чини како тоа da беше време кога сите бевме многу потолерантни”, вели Мај Чушањи, 30-годишнната членка на Дуо ин бед и додава дека нејзината мајка едвај се сеќава на тоа времето, бидејќи било „премногу забавно”. Оваа ера заврши нагло со колапсот на јапонската берза во 1990 година и падот на цените на недвижностите. Јапонските домаќинства сега трошат помалку отколку во 1980-тите поради платите што стагнираат и сите се грижат за иднината.
„Ми се чини дека во тоа време на луѓето не им пречеше да бидат забележани”, вели 18-годишната Нанако Мегаро, која неодамна матурирал во Осака. „Тие сакаа да бидат први. Мислам дека во споредба со луѓето денес, секој тогаш имаl лпоголема самодоверба “.
Кога младите луѓе се обидуваат да го имитираат гламурот на минатото време, тие тоа го прават со многу помали буџети. Неодамна, шест пријателки од универзитетот гледаа толпа шарени фустани во Ниши Азабу, богатиот крај на Токио. Плаќаат 60 долари секоја од нив, изнајмуваат облека и се возат еден час во лимузина, како дел од нивната турнеја „Принцезата на забава.”
„Аниплеа”, компанија која организира такви забави, вели дека изнајмувањата на лимузината се најпопуларни услуги во последниве години.
Одејчи до лимузината, дваесетгодишната Ајага Мичига вели дека таа ќе биде „прв и последен” пат за неа да направи такво нешто. „Сè уште не размислував за иднината, но знам дека наскоро ќе морам. Моите родители сакаат да најдам стабилна работа. Тие постојано ми кажуваат колку е тоа важно. ”
На прашањето дали планираат да одат во клубови или да пијат,девојките ги тресат главите.
„Јас сум гладна”, вели една од нив. „Можеби ќе јадеме нешто и можеби ќе одиме дома веднаш”.