Од целата владеачка гарнитура на Груевски во затвор или притвор се; Гордана Јанкуливска, Митко Чавков, Сеат Кочан, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Стајковиќ .. Пред крај се судењата за Талир, Титаник, организаторирњ на 27- ми Април Таму се обвинети: Илија Димовски, Антонијо Милошовски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Трајко Вељановски, Љупчо Димовски, Спире Ристовски…
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, за двете кривични дела, е осуден на по пет години затвор, за набавката на опремата за прислушување, а судот ги осуди и Горан Грујовски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски на ефективни затворски казни
Поранешниот директор на Управа за државна безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков и уште тројца негови соработници се огласени за виновни за набавката на опрема за прислушување. Судечкиот совет, на скопскиот кривичен суд, а со кој председава судијката Џенета Бектовиќ, за две кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување, на Мијалков му изрече две казни од по пет години и согласно законските одредби нему му е изречена единствена затворска казна во траење од осум години.
Недостапниот Горан Грујовски, исто така, обвинет за две кривични дела за двете дела е осуден на по 10 години затвор, односно на единствена казна во траење од 15 години. Обвинетиот Небојша Стајковиќ, за едно кривично дело, судот му изрече затворска казна во траење од пет години, а за некогашниот шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, обвинет за две кривични дела е осуден на по три години затвор кој му се заменува за единствена јазна во траење од пет години.
Согласно изречената пресуда, наложено е, од сметката на фирмата „Финзи“, (којашто на 18. февруари 2019 година е избришана од евиденција на Централниот регистар), да бидат запленети 838.106 денари и дополнителни 145.518 евра, како и еден патнички автомобил „ауди“, проценет на 1.026.386 денари, но осудените се задолжени, солидарно да ја надоместат штетата на државата во висина од 21.158.286 односно 16.018.520 денари.
Во повеќе од едночасовното образложение на пресудата, судијката Бектовиќ. кажа дека набавката на опремата повеќе била за приватни потреби, отколку за потребите на УБК. Таа рече дека во текот на постапката биле распрашани 17 сведоци, а дека биле изведени уште 714 материјални докази. Она што беше едно од најубедливите тврдења на одбраната, а се однесува на преговорите за набавка на опремата, според судијка Џенета Бектовиќ, сепак се случила средба во Лондон. Таа кажа дека Мијалков, со соработниците, од седми до десети јули 2010 година, сепак, престојувале Лондон, кадешто била остварена средба со претставници на фирмата „Гама“.
Со оваа неправосилна пресуда Сашо Мијалков, сега има за издржување затвор во траење од 20 години. Несомнено дека Мијлаков ќе вложи жалба по оваа пресуда, но и за пресудата за предметот „Таргет – Тврдина“ со која тој беше осуден на казна затвор во траење од 12 години, но тој има уште една (укината) пресуда во траење од три години
Инаку, целата приказна со набавката на опрема за прслушување се сведува на фирмата „Финзи“ која најнапред била регистрирана во САД. Во тоа време нејзин управител е Небојша Стајковиќ, но неговото место ќе го наследи Коста Крпач, а на крајот како сопственик ќе се појави Јордан (Орце) Камчев. За парите што пристигнувале од Кипар, но и за други сомнителни трансаакции Камчев ќе одговара во предметот наречен „Империја“.
Кривичниот суд Скопје, му одреди мерка притвор од 30 дена на Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор”. Ова одлука следеше по предлог на јавниот обвинител Трајче Пеливанов, кој истакна дека постои опасност од бегство. На обвинетиот Небојша Стајковиќ, пак, му одреди мерка куќен притвор.
Застапниците на обвинението за случајот „Трезор”, по објавување на пресудата денеска побараа на обвинетите Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ и да им се изрече мерката притвор до правосилност на пресудата.
– Околноста дека Сашо Мијалков е исклучително моќен човек, се јавува потреба од мерка обезбедување на неговото приссутво, а со оглед на тоа што кон овој обвинет кон предметот „Таргет-Тврдина“ е определена мерка притвор од 26.02.2021 година, која мерка може да трае до прависолноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27.04.2021 година, предлагаме, по објавување на денешната пресуда, спрема обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерката притвор во овој предмет, а определената мерка притвор во претходниот предмет „Таргет Тврдина“, да биде укината, и да биде известен кривичниот совет на овој суд, рече Пеливанов.
Одбраната на обвинетите, по предлогот на јавните обвинители, наведе дека тие се убедини дека овој предмет во Апелациониот суд ќе добие ослободителна пресуда. Адвокатот Љупчо Шврговски, посочи дека не постои опасност од бегство и дека ваквото барање е неосновано.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во предметот „Трезор” за злоупотреба на службената положба и овластувања денеска е осуден на единствена казна во траење од осум години.
На поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е недостапен на органите на прогонот (се наоѓа во Грција) му е изречена единствена казна затвор во траење од 15 години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече казна затвор од пет години.
Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, пак, кој се товари за помагање, е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години.
Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.
Предметот се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Од целата владеачка гарнитура на Груевски во затвор или притвор се; Гордана Јанкуливска, Митко Чавков, Сеат Кочан, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Стајковиќ .. Пред крај се судењата за Талир, Титаник, организаторирњ на 27- ми Април Таму се обвинети: Илија Димовски, Антонијо Милошовски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Трајко Вељановски, Љупчо Димовски, Спире Ристовски… Ова докажува дека никој не е недопирлив.