Покојниот генерал Тодор Атанасовски во една полемика се сеќава на тоа дека во НОБ дејците на ВМРО се пасивизирале или сорботувале со бугарскиот окупатор. Доста од илинденците биле во НОБ. Но, од неговите сеќавања јасно е дека ВМРО нема основ да го обележува настанот од Ваташа во име на својот континуитет!
Дали навистина ВМРО длабоко се пасивизира за време на НОБ?
Ова е едно од прашањата со кои покојниот генерал Тодор Атанасовски се вклучи пред една деценија во полемика околу тој фактички бил дел од ослободителното движење во Македонија а кој не. Ова се чини битно особено заради јасниот обид на актуелното раководство отпорот во Тиквешијата да го гледа како дел од свој континуитет а тоа се забележа околу невообичаените активности околу одбележување на стрелањето на ваташките младинци.
„Сугерирам да прифатиме дека ова сегашно ВМРО им го одзеде правото на Македонците, го исприватизира НО (Националноослободително) движење (ВМРО, ТМРО и слично), го сведе на партија, на релативно тесна интересна група и ги собира сите придобивки само за себе веќе четвртина век“ – се зборови на генералот во една полемика во недлникот Фокус. Актуелно нели? Особено кога Мицковски и екипата се ободуваат да искористат еден повод за да ја разгорат антибугарсјката реторика за да ги намал нашите евроатлански претензии!
А ВМРО (тогаш) во НОБ не беше длабоко пасивизирано. Тоа движење во домашна верзија не постоело во која било и каква било форма. Некои поединечни субјекти, како Китинчев, Чкартов, Ѓузелов, Чулев и други, штотуку излезени од занданите на СХС, не успеваат да создадат никаква ВМРО-организација. Тие ги прифаќаат директивите на софиската врховистичка (бугаро-врховистичка) ВМРО и се определуваат за фашистичката страна – учествуваат во организирањето некакви граѓански одбори, а тие, пак, организираат свечени дочеци на бугарските фашистички „брзи“ дивизии, полициски одреди и ешалони, агентури и во нив интегрирани членови на ВМРО од Бугарија
Тие, „нашите“, од бугарското ВМРО, пишува генералот, масовно дојдоа овде и се вклучија во анексијата на овој дел од Македонија, а анектор беше фашистичкото царство Б’лгарија. Анексијата ја помагаа со сите сили и на сите позиции: во администрацијата, во економското пустошење, во образованието, во побугарчувањето, дури и со оружје во прочуените контрачети. Дали треба да го потсетам нашиот, несомнено, учен, пеан и шетан автор – на Атанас Калчев – војводата на тиквешката контрачета.
Со исто презиме бугарски полковник крстосува низ преубавото мегленско, агитирајќи во полза на фашизмот со тесна поддршка од пауџидите на Наполеон Зервас. Иван Иванов-Ивче, директорот на гимназијата во Кавадарци, нели, беше од софиското ВМРО. Полковникот Апостолов – командантот на „14 пехотен полк“ од „14 пехотна дивизија“ (скопска) е, исто така, од ВМРО од Бугарија, по потекло од Крива Паланка. (ова е одговорниот за масакрот во Ваташа, да потсетиме).
Тоа ВМРО, вели генералот, не еднаш се идентификува и денешното, тогаш не само што не било длабоко пасивизирано во времето на НОБ, туку суперактивно, ама на фашистичката страна и, конкретно овде, во директна служба на бугарските фашистички анектори, а потоа и окупатори (по АСНОМ) на асномска Република Македонија.
Имаше уште една страна − наши овдешни луѓе што како млади, дури и како деца, биле учесници во нашето национално и народноослободително движење. Нема да ја ширам приказната за нив, такви ги има во секое семејство. Тие некогаш млади и самите се идентификуваа како „илинденци“. И тие не беа длабоко пасивизирани, не им требаше многу време да разберат кој е кој и за што се бори и почнаа да се приклучуваат на НОБ без да менуваат што било кај себеси.
Би било добро целата ситуација и разликите меѓу нашите „илинденци“ и бугароврховистичкото ВМРО темелно да се изучат со методите на објективната наука – велиц генералот.
„Затоа … ќе наведам неколку кавадаречки имиња: Ифтим Грбавиот-Дранго, по војната имаше една пензија, ама две споменици, илинденска и партизанска, како докажано организиран и многу корисен учесник во НОВ и АФБ 1941-1945 г. Овој поинаков од скопскиот Ефтим и неговиот „бунт“. Пане Аџитефов, па итрецот Даскал Тасе Јосифов, стариот Методија Џунов сосе целото семејство. Да редам ли уште? Република Македонија на повеќе од 1.300 илинденци им стокмила илинденски споменици и исто толку скромни пензии. Уште само збор-два за вмровските вооружени контрачети. Тие навистина беа вооружени платеници во служба на фашистичка Бугарија – „квислинзи“.
Меѓутоа, нивната појава беше сериозно сфатена како намера да се предизвика меѓусебен колеж. Еве, како и зошто:
Набргу по нивната појава, низ Македонија во 1941 година се растрчаа и цела сурија кралски офицери со цел да создаваат кралска војска во отечеството „Јужна Србија“ – се разбира и тие да ти биле покриени со антикомунистички превез. И денес, нели, сите сме антикомунисти, и учени и недоучени политичари, колумнисти, партијци и непартијци, министри и потрчковци, судии и академици, адвокати, богати и сиромаси – поголемо единство, здравје! Не остана покусо и „комбатори“ во лицето на фашистичкиот протекторат Голема Албанија, со нејзините „volintore“, вооружените балисти, всушност, изнасобран целиот оној качаклук, кој во кралството СХС со џандарите рака под рака ги малтретираше чесните Албанци, Македонци, исламизирани Македонци, Турци, Власи и други.
Потем, во целиот тек на НОБ се нема случено ниту еден судир меѓу бугаромакедонските контрачети, големосрпските четници и балистите. Сите тие заедно и здушно, како браќа, се бореа жестоко против НО-војска. А денес, ѓоамити, секој ден меѓусебно се тепаат. А, дали е тоа така? Значи, тогаш, нашинец, ВМРО во таа смисла не беше длабоко пасивно, туку суперактивно“.
А за „пасивноста“ на ВМРО ќе се повикам на сведочењето на Асен Богданов, првенецот на бугарската фашистичка полиција во Скопската област: „заради разбивањето и уништувањето на шарскиот партизански одред формиравме две казнени единици… во оваа акција учествува и локалната контрачета на војводата Крсто од с. Требош.“
Да не се меша времето на војната со времето по војната – тие времиња се битно различни, порача генерал Тодор Атанасовски.
(крај)