По применот на над 43 романи издадени во минатата година од македонски издавачи, жирито најрпвин мината недела ја направи првата селекција на 20 романи и на вториот состанок ги издвои фаворитите за наградата. Меѓу нив има главно познати автори

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.
Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи.
Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, која годинава ќе се одржи на 14 март.
Ова е таа листа на фаворити.
- „Ветрилиште“, Игор Анѓелков, „Или-или“
2.„Тони“, Румена Бужаровска, „Три“
3.„Кој го уби Едгар Алан По“, Владо Јаневски, „Или –или“
4.„Ехото на акробатите“, Владимир Јанковски, „Арс Либрис“
5.„Леска Брезоска“, Симона Јованоска, „Или –или“
6.„Простување“, Кица Колбе, „Или –или“
7.„Светот што го избрав“, Калина Малеска, „Или-или“
8.„И ѕирка и проѕирка“, Огнена Никуљски, „Антолог“
Меѓу конкурентите упадливо има доста професори. Најпрвин тука е професорката во пензија Огнена Никуљски (73), професор по шпански јазик и преведувач и ќерка на познатиот пиосател Коле Чашуле. Калина Малеска ( 50) пак е професор на Филолошкиот факултет на ќерка на двајца професори – нејзин татко е познатиот дипломат и професор на Правниот – Денко Малески, но мајката Мирјана е исто така универзитетски професор. Претходната добитничка на наградата „Славнко Јаневски“ Кице Колбе (74), родена Барџиева веќе имаше доста изданија со кои беше во конкуренција во минатото а за „Снегот во Казабланка“ ја доби наградата во 2006 година. И таа беше дел од наставничкиот корпус на Филолошкиот факултет на катедрата за филозофија.
Гостиварчанката и економистка по профсија Симона Јованоска и(40) исто така е добитник на оваа нагртада за „Денот на црвот“ (2022), како и Владимир Јанкоски (47) со „Скриени желби“ (2021) Конкурентот Владо Јаневски е уметник кој има многу објавени литературни декла, но истовремено тој е и илустратор и стрип-мајстор.
Румена Бужаровска (43) исто така е професорка на Филолошкиот по предметот англиска книжевност. Едно нејзино дело е објавено во Франција од познатиот издавач „Галимар“. Конечно првиот на списокот е најпознат како издавач.