БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Најважно би било кога на крајот би можеле да се извлечеме, макар со едната нога од историјата… да стекнеме некоја потпорна точка, ние така ужасно потонати во нејзините длабочини. Зашто, кога нема да бидеме уморни од сакањето и обожувањето на македонството, нема да имаме потреба да ја сакаме ниту својата историја
Националната хомогенизација за народ кој е географски и историски лоциран така што не може да дојде до моќ, се јавува како нето минус на страната на индивидуалните квалитети кои таа хомогенизација ги реквирира. Бидејки луѓето се лишуваат од искреност и слобода на духот за сметка на колективната сила. Што не се постигнува бидејки е недостижна.
Дали се разбираме, господине Коцарев!?
Не можеме да дозволиме нашето културно минато, нашето колективно ниво, нашата грчевита историја, нашето народно сиромаштво, да ни ги одредуваат границите.
Дир Катитца.
Што мислите вие за ова?
Нека да не ја ликвидираме историската школа која го разгледува текот на нашата историја од аголот на постоењето на Македонија, признавајки го за позитивно тоа што на тоа постоење му одговара, а за негативно тоа што му пречи.
Најважно би било кога на крајот би можеле да се извлечеме, макар со едната нога од историјата… да стекнеме некоја потпорна точка, ние така ужасно потонати во нејзините длабочини. Зашто, кога нема да бидеме уморни од сакањето и обожувањето на македонството, нема да имаме потреба да ја сакаме ниту својата историја. Не гледајки ја нашата вредност во тоа што сме, туку во тоа што сме способни да го надминеме во себе, да го надминеме нашиот сегашен облик, би можеле кон историјата да се однесуваме како кон непријател. Јас сум резултат на својата историја. А тој резултат воопшто не ме задоволува. Знам, чувствувам дека сум достоен за нешто подобро и немам намера да отстапам од тие свои овластувања. Својата вредност ја базирам,имено, на тоа што не ме задоволува моето јас како историски производ.
Размислете за ова.
Примете топли поздрави од господинот Гомбривич и од мојата маленкост.