Учесниците на средбата се задоволни што сега се петмина, иако две земји се само наблудувачи. Усвоена Резолуција со која се признаваат дипломите на граѓаните на трид држави
Со официјални обраќања на премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија денеска во Охрид почнува Самитот „Отворен Балкан“
Лидерите на земјите учеснички на самитот, предвидено е да потпишат договор за соработка и меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областите туризам, култура и даночна администрација во Западен Балкан.
„Ја нагласувам иднината, затоа што докажавме дека Отворен Балкан го става зад себе минатото. Наместо ѕидови како некогаш, Отворен Балкан гради мостови. Отвора нови перспективи за нашите држави, за нашите народи, за нашите економии и за нашите општества“, истакна Ковачевски во поздравниот говор пред почетокот на работната вечера со колегите од регионот.
Ковачевски посочи дека иницијативата „Отворен Балкан“ ги брише границите меѓу народите на земјите од регионот и преку заедничката соработка и поврзаност ја остварува заедничката визија за споделување на европските вредности.
„Со Отворен Балкан се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи да ги почувствуваат директните економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Со претседателот Вучиќ и со премиерот Рама се согласивме дека европеизацијата и имплементацијата на европските вредности во Северна Македонија, Србија и Албанија нема зошто да чекаат. И овој пат порачуваме дека поканата за придружување кон иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите земји од регионот. Вечерва со нас се Црна Гора и Босна и Херцеговина и се надевам дека оваа иницијатива ќе се проширува и понатаму“, истакна премиерот Ковачевски порачувајќи дека поканата за придружување кон иницијативата „Отворен Балкан“ е отворена и за сите земји од регионот.
„Постои нешто што се гледа во односите меѓу Србија и Македонија. Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми, решивме проблеми кои беа стари 50-60 години, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид.
– Сакам да истакнам дека суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следнионт состанок кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието – рече Вучиќ.
Според него, напредокот на регионот е суштината на иницијативата „Отворен Балкан“.
– Отворањето на преговорите со Европската Унијане зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите – потенцираше српскиот претседател.
„Отворен Балкан“ се роди како идеја на тројца луѓе, а денеска е на сите граѓани и ќе биде се повеќе и повеќе на се поголем број луѓе, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, по потпишувањето на Договорот за заемно признавање дипломи од високообразовни институции меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.
Рама, изрази благодарност, што денеска во Охрид се петмина, без разлика на поранешните воздржувања, нагласувајќи дека тоа претставува можност за дијалог и да се добие најдоброто можно во функција на заедничкото добро.
– Би сакал да бевме шестмина и сакам да бидеме шестмина, но една работа е сигурна. „Отворен Балкан“ им припаѓа на граѓаните, на државите, на иднината. „Отворен Балкан“ нема да запре и нема да се затвори. Ова е сигурна работа и кој ќе се спротивстави е осуден на неуспех и разочараност. Тој што се воздржува само губи драгоцен време за да придобие од оваа иницијатива, изјави Рама.
Ја знаеме, нагласи Рама, историјата на војување и вртење грб едни на други во регионот од пред 100 години, но нашите деца заслужуваат да имаат простор каде сите богатства, убавини и сите различности на регионот ќе биде основа за нивната благосостојба.
– За оние кои поставуваат прашања за влегувањето или излегувањето од „Отворен Балкан“. За среќа „Отворен Балкан“ не е ниту ОН, ниту ЕУ. „Отворен Балкан“ нема процес на зачленување. Тука не се зачленуваме, туку се интегрираме, според своја желба, изјави Рама.
Како што веќе е најавено, Рама посочи дека, ќе се формира заедничка работна група за справување со кризата и за конкретни решенија.
– Длабоката криза, која според сите прилики, уште ќе се продлабочи и го засега не само нашиот континент, туку целиот свет, бара издржливост и посветеност на секоја држава. Се што ние можеме да направиме е да го олесниме товарот на секоја од нашите држави, благодарение на соработката меѓу нашите држави, што е нешто исклучително потребно во овој момент, изјави Рама.
Поради ова, тој нагласи, дека заедничката група ќе започне веднаш со работа.
– Почнувајќи во јули, со една средба за соочување со предлозите на работната група, а потоа во септември во Белград, каде што ќе биде првото издание на Саемот за вино и храна на „Отворен Балкан“, каде ќе бидат повикани сите бизниси и граѓани, изјави Рама.
Следниот самит, рече тој, ќе биде за енергетската сигурност, кој ќе се одржи во Албанија.
– Се знае дека Албанија денес е многу важна точка за регионот во смисла на снабдување со електрична енергија, а од друга страна имаме многу можности да бидеме комплементарни едни со други поради различните извори на енергија. Потоа е за транспортното поврзување и за туризмот во Црна Гора, за да имаме што повеќе синергија, изјави Рама.
Слични пораки упати и српскиот лидер Александар Вучиќ.
– Имаме постигнато многу резултати, економски, имаме раст на трговската размена и политички немаме отворени билатерални прашања помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, а некои од најтешките во нашата историја успеавме да ги решиме и тоа е нешто што донесе промени во изминатиот период, оцени Вучиќ.
– Денеска во Охрид, сакам на нашите домаќини, на браќата и сестри Македонци, да им кажам дека ние од Србија ништо не бараме, од никого, ниту од Северна Македонија, само сакаме да имаме братски и пријателски односи и на нас секогаш може да сметате, изјави Вучиќ, кој изрази благодарност до албанскиот премиер Еди Рама, поради истрајноста и посветеноста да продолжи со работата на „Отворен Балкан“.
Вучиќ оцени и дека сето она што денеска е потпишано ќе придонесе на развојот на односите на трите земји и дека е горд на сето она што досега е сработено во рамки на иниицјативата „Отворен Балкан“.
Тој најави скорешно одржување на видео конференција за продолжување на подготовките со цел експертите да се обединат и да ги пронајдат најдобрите решенија и излезот од кризата која и се заканува на Европа во претстојниот период.
Тој изрази задоволство што се разговара за сите отворени прашања и што се бара начин за подобар живот на луѓето, акцентирајќи дека сето ова нема веднаш да донесе резултати, но ќе биде видливо секој ден се повеќе и повеќе.
– Мораме да седнеме да разговараме како да ги упростиме процедурите за луѓето побрзо да ги менуваа границите, да имаме една наместо повеќе контроли и ќе продолжиме да работиме на тоа и намалување на бирократските процедури.
Одговарајќи на прашање на РТЦГ за тоа дали приклучувањето на Црна Гора во „Отворен Балкан“ ќе придонесе на екстрадицијата на поранешниот претседател на СР Југославија Светозар Маровиќ од Србија, Вучиќ рече дека е подготвен да разговара за сите прашања со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и дека и Србија „има бројни прашања за црногорската страна“.
– Ние овде првенствено се занимаваме со прашања за слободно движење на луѓе и стоки, а не со инверзија на зборови отворени и затворени за да претставуваме првенствено партикуларни интереси. Немаме проблем да разговараме за кое било прашање. Мојот одговор може да биде, знаете колку ние барања имаме? Запрашајте се или само сакавте да покажете колку Србија е нефер кон Црна Гора, па секогаш го поставувате истото прашање, одговори Вучиќ, потенцирајќи дека Абазовиќ добил покана од српската премиерка Ана Брнабиќ да дојде во Белград пред крајот на месецот, што ќе биде можност да разговараат за билатерални прашања
За оние кои поставуваат прашања за влегувањето или излегувањето од „Отворен Балкан“. За среќа „Отворен Балкан“ не е ниту ОН, ниту ЕУ. „Отворен Балкан“ нема процес на зачленување. Тука не се зачленуваме, туку се интегрираме, според своја желба, изјави Рама.
Како што веќе е најавено, Рама посочи дека, ќе се формира заедничка работна група за справување со кризата и за конкретни решенија.
– Длабоката криза, која според сите прилики, уште ќе се продлабочи и го засега не само нашиот континент, туку целиот свет, бара издржливост и посветеност на секоја држава. Се што ние можеме да направиме е да го олесниме товарот на секоја од нашите држави, благодарение на соработката меѓу нашите држави, што е нешто исклучително потребно во овој момент, изјави Рама.
Поради ова, тој нагласи, дека заедничката група ќе започне веднаш со работа.
– Почнувајќи во јули, со една средба за соочување со предлозите на работната група, а потоа во септември во Белград, каде што ќе биде првото издание на Саемот за вино и храна на „Отворен Балкан“, каде ќе бидат повикани сите бизниси и граѓани, изјави Рама.
Следниот самит, рече тој, ќе биде за енергетската сигурност, кој ќе се одржи во Албанија.
– Се знае дека Албанија денес е многу важна точка за регионот во смисла на снабдување со електрична енергија, а од друга страна имаме многу можности да бидеме комплементарни едни со други поради различните извори на енергија. Потоа е за транспортното поврзување и за туризмот во Црна Гора, за да имаме што повеќе синергија, изјави Рама.
„Ќе формираме заедничка работна група за конкретни решенија, бидејки кризата која според сите изгледи ќе се продлабочи го засега не само нашиот континенет, туку и целиот свет. Таа бара издржливост и посветеност на секоја држава. Но, она што ние можеме да направиме е да го олесниме товарот на секоја од нашите држави, кога и последното зрно на жито ќе има една тежина колку една вреќа со жито и кога последниот киловат на електирчна енергија ќе има исто значење колку што е еден мегават. И поради ова нашата заедничка група ќе почне веднаш со работа“, рече премиерот на Албанија, Еди Рама.
Македонскиот премиер, Ковачевски рече дека „Отворен Балкан“ има конкретни резултати и затоа земјите од регионот треба што поскоро да станат дел од ЕУ.
И, покрај тоа што беа присутни во Охрид, само како набљудувачи, Црна Гора и БиХ искажаа подготвеност да се приклучат на иницијативата.
„Уште не е донесена политичка одлука, но после овој состанок и се што слушнавме овде и после потпишувањето на договорите, БиХ, мора да постане полноправен член на овој проект. Повеќе сум сигурен во тоа, отколку пред да дојдам овде“, рече Зоран Тигелтија, претседавач со Советот на министри на БиХ.
„Ова дефинтивно е едно ново лице на Западен Балкан. Затоа јас апелирам, да не бидеме пет, туку да бидеме шест. Целта е „Отворен Балкан“ да има повеќе и повеќе учесници од повеќе области, повеќе лидери, и сите заедно да работиме на тие работи кои ги очекуваат нашите граѓани. Оваа слика испраќа и една поинаква порака кон регионот. Нашата рака на пријателство е подадена“, рече Дритан Абазовиќ, премиерот на Црна Гора.
Заменик државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, пак испрати порака дека САД го подржуваат „Отворен Балкан“ и дека оваа иницијатива треба да остане економска, а не да биде политички проект. Во рамките на самитот беа потпишани и неколку договори, за меѓусебно признавање на универзитетските дипломи, заедничка борба против даночното затајување и соработка во областа на културата и туризмот. На самитот единствено не дојде претставник на Косово. Пораката од лидерите денес е дека иницијативата е отворена за сите во Западен Балкан и оти сите се добредојдени. Следниот самит ќе се одржи во Србија.