Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ОТЕЛО“ В9 МНТ – СКОПЈЕ: ЗА СЕГА И ЗА ТУКА

December 10, 2019 Filed Under: Ревија

Низ играта на актерите таа ја создава/созрева атмосферата на целата изведба. Понекогаш забавено, понекогаш со забрзано темпо. Важно е заедништвото и посветеноста на секој од актерите

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

ОТЕЛО СЕ ВРАЌА НА НАШПАТА СЦЕНА Вишња Вујовиќ е сценогрф на ова модернизирано издание на Шекспир

Шекспировиот „Отело“, што го видовме на сцената на Македонскиот народен  театар – Скопје, е копродукција на Босанското народно позориште во Зеница, Перипетија продукција – Скопје и Македонскиот народен театар во Скопје. Режијата е на Нина Николиќ од Скопје. Со оваа претстава се одбележани и првите 70 годишни од постоењето/работата на БНП во Зеница. Премиерата во Зеница беше на 16 ноември годинава, а во Скопје на 4 декември.

Преведувачи на текстот се Маја Трајановска и Зина Агиќ. Драматург е Тамара Барачков, сценографијата е на Вишња Вујовиќ, костимите се на Ивана Каранфиловска-Угуровска, композитор е Дуке Бојаџиев, сценските движења се на Димитриос Сотириоу, дизајнер на светлото е Крис Џегер а негов асистент е Игор Митревски…

Ликовите ги играат актерите: Енес Салковиќ (Отело), Саша Ханџиќ (Јаго), нашата Дарја Ризова ја игра Дездемона, исто така нашиот Ѓорѓи Јолевски ги  игра Брабанцио, Грацијано и духот на таткото, Златан Шкољиќ го игра Касио, исто нашиот Александар Ѓорѓиески го игра Родриго, Џенана Џаниќ ги игра Емилија и Сенаторот, Тамара Милиќевиќ-Стилиќ ги игра Бјанка и Војвотката, исто нашиот Александар Михајловски  го игра Монтано и Аксел Мехмед ги игра Телохранителот и Исцелителот.

Претставата се бави со истражување и испитување на сегашнте и овдешните настани. Целта е на кој начин и во која мера трансформацијата на јазикот и „преведувањето“ во современ говор може да влијае не само на изворниот ракопис на Шекспир, туку и да влијае на прашањата што ги нуди драмата, како што, впрочем, се вели и во образложението на драматургот Тамара Барачков.

СЕКОЈ НА СВОЈОТ ЈАЗИК Енес Салковиќ како Отело и Дарја Ризова како Дездемона

Натаму во претставата дејствието тече токму на тие принципи.

Режисерката Нина Николиќ ги следи поставените принципи за/во претставата токму низ играта на секој од актерите во нивниот лик/ликови.

Низ играта на актерите таа ја создава/созрева атмосферата на целата изведба. Понекогаш забавено, понекогаш со забрзано темпо. Важно е заедништвото и посветеноста на секој од актерите.

И оној зададен принцип: да се смести секој од ликовите/настаните денес и тука. Доследноста на тие принципи овозожуваат/создаваат слика/театар/живот кој е поставен и одигран точно. Со тие елементи на заедништво се добива „сликата“ за настани од сега и тука, иако истите важат и за таму или било каде.

Заедништвото или „здруженоста“ на сите учесници/реализатори на оваа изведба на „Отело“ е видлива во секоја сцена. Режисерката Нина Николиќ низ идејата да се биде сега и тука го води целиот процес на работа. Истражува и докажува дека сите настани се поврзани, нема случајност. За да дојде до главното: да се проговори/кликне против настаните сега и тука. И да се впери погледот и ставот кон она што ни се случува. Без разлика кој како го доживува, како го прима, како му се противи… И уште многу како кое не прави да се чувствуваме дел од тие настани, во случајов од театарската сцена.

ЗАЕДНИЧКИ ПОТФАТ Љубомората како емоција која го обележува односите во светот

Претставата докажува и како во неа може да се говори на различни јазици и како секој секого може да разбере, да го создава својот лик и како низ различноста се создава целина со јасна цел/порака.

 

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet