Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОТИДЕ ЛИ КАШКАВАЛОТ НА МИНЧО?

December 26, 2023 Filed Under: Македонија

Извршителка од Велес „нападна“ фирми на Минчо Јорданов. Концентрацијата е врз деташираниот имот на неговото сточарско производство

НАЈБОГАТ А ЗАДОЛЖЕН Минчо Јорданов одамна не е виден во земјава, се говори дека се преселил во Хрватска?

Холдингот „Перминдекс“ на Минчо Јорданов, некогаш, според „Форбс“, најбогатиот Македонец, е на удар на велешки извршител како компанија должник на која и се запленуваат уделите во две фирми во вредност од повеќе од 700.000 евра.

Налогот на извршителката Маја Гркова Караколева од 1 декември е впишан како акт на промена во Млекара Галичник од Градско, позната најмногу по производство на традиционален кашкавал, каде што се запленува удел во вредност од 37,7 милиони денари (околу 610.000 евра), како и заплена на удел во вредност од уште 6,7 милиони денари (околу 110.000 евра) на фирмата „Јарден“ од Градско.

Двете фирми се во сопственост на должникот „Перминдекс“. а уделите се запленуваат заради наплата на побарување. Доверителот се стекнува со заложно право на уделот. Извршителката Гркова Караколева потврди дека се врши заплена на уделите, но не сакаше да открие кој е доверителот во овој случај, ниту пак дали има блокирани сметки.

Познато е дека под хопдингот „Перминдекс“ влегуваат и винарницата Стоби и земјоделските друштва „Црвени Брегови“ и „Вардар“, за кои е познато дека, според претходни медиумски извешта, е побарано стечај од велешки доверител уште од пред неколку години. Одговорното лице на Млекара Галичник не извести дека компанијата функционира непречено и дека одговорите за ситуацијата треба да ги бараме кај семејството Јорданови. На прашањата што ги испративме до маркетинг застапникот на „Перминдекс“ не добивме одговор.

Иако стечајната постапка беше отворена уште минатата година, засега нема информација кои се доверителите на кои „Бетон“, градежниот гигант зад кој исто така стои Јорданов, не им ги исплатил долговите, ниту пак колкави се износите.

Единствено е познато дека „Бетон“ доби раскинување на договорите од неколку јавни институции, а кредиторите донесоа одлуки да ги доспеат сите кредитни рамки на компанијата и ги активираа своите хипотеки и мениците, со што пристапија кон постапка на извршување на целиот недвижен и подвижен имот на компанијата до подмирување на своите побарувања.

„Бетон“ за 2021 пријави загуба од 12 милиони евра, иако претходно работеше на голем број проекти, најчесто од „Скопје 2014“.

(faktor.mk – опремата е на глобус)

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet