Веста за пронаоѓањето на нова златна маска не е точна, јавува Охридскај. Но, се работи за спор за откуп на земјиште што е во приватна сопственост
Наводните медиумски ексклузивци излегоа со лажна вест ,дека во атарот на село Волино била пронајдена Залатна маска ,но Охридскај повторно ја разоткрива вистината.
-Станува збор за дел од познатото Требенишко кале, археолошко наоѓалиште во пштина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзеното, железното, хеленистичкото а римското време.Истото е внесено во Археолошка карта на Македонија во дамнешната 1953/54година од страна на доаенот на македонската и балканска археологија Васил Лахотов и неговиот колега Димче Коцо. Во 1980 година археологот Владо Маленко повторно врши мапирање на археолошки наојѓалишта во пределот Требениште, Волино, Горенци, при што и приближната локација на Некропола во село Волино е мапирана во Археолошка карта на Макеоднија.
Старомакедонски шлем е предаден пред три години од страна на сопственикот на нивата на Завод и музеј Охрид и од тогаш се знае точната локација на некрополата!
Сопственикот на нивата во село Волино, кој патем е и повратник од Австралија, пред три години по непознати околности пронашол шлем од макеоднско – хеленистички период и истиот го предал во Завод и музеј Охрид (дали добил надохнада е непознато на редакцијата).
од тој момент Завод и музеј Охрид го известуваат министерството за култура на РСМ и Археолошки Археолошки Музеј на Северна Македонија,кој веднаш се впушта во обезбедување на локацијата во село Волино,а се известува и МВР на РСМ, оддел за заштита на културно – историско наследство.
Две години Археолошки музеј на РСМ води постапка со сопственикот на предметната нива ,околу добивање на согласност од сопствениот на парцелата,како би можел Археолошки музеј на РСМ да отпочне со археолошки ископувања.
Се работи за таканаречена Кнешевска гробница ,богата со златен и сребрен накит, масивните бронзени кратери, сребрени пехари и ритон а до сега во истражувањето, според информацијата што ја доби Охридскај не е пронаједена Златна погребна маска илидруг култен предмет.
Како бројна категорија наоди меѓу гробните содржини се издвојува накитот. Неговото истакнато место се должи, покрај другото и на фактот дека преку стилско-уметничката анализа на истиот се овозможува да се согледаат патиштата на импортот на луксузната стока, како и да се согледаат влијанијата врз локалното создавање на накитот, но и вкусот на автохтоното население. Од Требенишката некропола потекнува златен, сребрен и бронзен накит, и тоа обетки, белегзии, ѓердани, фибули и др.
Овој опфат на селата Требеништа , Волино и Горенци има голем број на некрополи од македонско-хеленистчки период, но според некои пишувања на археолозите Васил Лахтов, Димче Коцо и Владо Маленко, овој вреден археолошки појас се протега диру и до влезот на на Охрид, каде при тогашната изградба на патниот правец и крстосницата на влез кај градорт, пронајдени се безброј на врадни објекти, што за жал стојат заборавени под земја.
Според нивите сознанија што ги добил Охридскај, сосптвеникот на предметната парцела веќе ангажирал правен тим, а побарувал 10 % од непроценливата вредност на наводите кој ќе се пронајдат во гробницата.