Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ОХРИДСКО ЛЕТО 2019: ПОЧЕТОК ШТО ВЕТУВА ДОБРО ФЕСТИВАЛСКО ИЗДАНИЕ

July 16, 2019 Filed Under: Ревија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Фестивалот го отвори големата Ванеса Меј (родена во Сингапур и настапува по целиот свет), виолинистка со светско реноме. Таа во преполниот Антички театар во Охрид настапи со оркестарот на Македонската филхрмонија, под  диригентската палка на Иван Кожухаров (роден во Бургас, Бугарија), исто така со светско реноме.

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

ОТВОРАЊЕ НА ОХРИДСКО ЛЕТО Времето беше наклонето на публиката барем на отворањето на 59-тото издание

 

Најголемата летна манифестација Охридското лето кое годинава го има своето 59. издание, во традиционалниот термин од 12 јули до 20 август, и во двете програми – музичката и драмската, најави уште еден фестивал со добра  програма.

Фестивалот го отвори големата Ванеса Меј (родена во Сингапур и настапува по целиот свет), виолинистка со светско реноме. Таа во преполниот Антички театар во Охрид настапи со оркестарот на Македонската филхрмонија, под  диригентската палка на Иван Кожухаров (роден во Бургас, Бугарија), исто така со светско реноме. Публиката уживаше и во нивната виртуозност и во изборот на програмата. Големите уметници и нашиот оркестар на Македонската филхармонија покажаа врвна моќ, воедначеност и сигурност во секој миг од концертот.

На втората фестивалска вечер (13 јули) се одржа театарската претстава „Самрак на боговите“ во продукција на Драмата на Словенското народно гледалишче од Марибор, Словенија. Работена според сценариото на Лукино Вискомти, Енрико Медиоли и Никол Бадалука, а во режија на Далибор Матаниќ.

Во фестивалската програма пишува дека „една од главните теми на филмот ’Падот на боговите’ на Висконти е тесната врска помеѓу капитализмот и фашизмот, кој е длабоко вкоренет во германското тајкунско семејство Фон Есенбек. По смртта на семејниот патрон, во прашање е неговото наследство и неговото преземање од различни страни, иако наследниците сеуште не сфатиле дека се земени како заложници од помоќна политичка машинерија со нивната алчност…“.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЈА ОТВОРА МАНИФСТАЦИЈАТА Пендаровски ги потсети присутнит дека Охрид е град на УНЕСКО

Претставата покажува и како „серијата на семејни расправии го расцепкува семејството на моќната династија, обелоденувајќи ја здодевната патолошка состојба и перверзност, како и бескомпромисните егоистички интереси на членовите…“.  Функционира како голема фреска која е секогаш актуелна.

Во преден план се меѓучовечките односи – спротивноста на политиката и интимните манипулации, нивното влијание на поединецот и сите што се вовлечени во таа состојба. Актерите и сите други учесници во реализацијата на „Самрак на боговите“ точно го конструирале дејствието и создале претстава која тера на размислување и на состојба на јаловост која се создава во такви ситуации. Секој точно го знае/интерпретира својот лик и неговото место во целината.

„Самрак на боговите“ е претстава која те „заробува“ и на крајот сакаш уште. Трае и со искреноста и со целта од која тргнала и стигнала до чисто/високо ниво на изведба. Покажува и како се манипулира со луѓето, но и нивниот погрешен избор, лакомост, безочност…

Реков дека двата први настани на годинашното 59. Охридско лето се, да веруваме, показ/репер за добар фестивал. И во сите следни вечери до 20 август (кога завршува) да го очекуваме добриот избор на одбраната програа и во музичкиот и во театарскиот дел. Изборот на програмата, односно програмски селектори, годинава се проф.м-р Васо Ристов, музички селектор и режисерот Александар Поповски, драмски селектор.

Господинот Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, кој и го отвори годинашното издание на Охридското лето, меѓу другото (во каталогот) вели дека „… Охрид покрај природните убавини, културно-историското наследство и духовните традиции има скоро 6 децении  долга историја на призната и позната културно-уметничка манифестација, која е  своевиден репрезент на случувањата и актуелностите на домашната музичка и театарска сцена, но и сцена на која може да се видат врвни имиња во европски и светски размери…“.

ТЕАТАРСКА ПРОГРАМА Словенско гледалишче ја отвори театарската програма на Фесивалот со „Самрак на боговите“

Директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ, исто во фестивалската програмка, меѓу другото, истакнува: „… Годинашното мото на фестивалот што го конципиравме заеднички со тимот е Звукот и бојата на езерото. Се надевам дека звуците што ќе одекнат во преубавата и акустична ’Света Софија’ и уметноста што ќе зрачи и оплеменува на Античкиот театар, на сцената ’Долни Сарај’ и во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се паметат многу долго по завршувањето на фестивалското издание…“.

Фестивалскиот почеток тоа го најави и останува да веруваме дека така ќе биде и до крајот на 59. Охридско лето.

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Ревија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet