БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Ирена ме разбуди и додека уште ги триев очите и се прашував што се случува, таа тивко ми рече: “Да не се лажеме, Тричко, земјата ни е во очајна состојба”. Ма чекај, малку, бе, каков очај, какви бакрачи, о чему ти причаш!?
Мислев дека земјава секој ден во секој поглед напредува, дека и политички и правно и социјално и културно и меѓународно, се упристојуваме и одиме напред. Дека дури и во сферата на урбанизмот и на јавната хигиена се бележат важни постигнувања.
Кога, шлас, Ирена ме разбуди и додека уште ги триев очите и се прашував што се случува, таа тивко ми рече: “Да не се лажеме, Тричко, земјата ни е во очајна состојба”.
Ма чекај, малку, бе, каков очај, какви бакрачи, о чему ти причаш!?
Потоа разбрав дека на својот фејсбук профил изнела драматични одговори на прашањето:
Што гледаме по патиштата ова лето?
“Бескрајни депонии, искасапени шуми, обраснати патеки, затнати чешми, уништена инфраструктура, распаднати стари историски градби, испокршени патокази и инфо табли…”
Уф, јебем ти бога, па јели ово могуќе!?
Иренче, ма, кај го виде сево ова, да ниси, можда, била у Сирији?
Јас знам дека твоите импресии не се без везе, сигурно си налетала на депонии и затнати чешми, но ако некој ден решиш да дојдеш на кафе во Орешани, врз основа на истите критериуми, ќе можеш да заклучиш и да кажеш: Тричко, да не се лажеме, земјава ни е фантазија!
Што нема да биде точно, се разбира, исто како што не е точен и твојот прв заклучок.
Сакам да укажам на две работи:
Прво, луѓето создаваат слики за себе и за својата заедница и потоа се трудат да бидат исти или приближно исти како на сликата. Луѓето ги бркаат своите проекции односно своите проекции за себе. Тоа се вика идентитет. Во сите области. Општата слика што Македонците ја испроектираа за себе, односно им ја испроектираа чипираните идиоти од вмро-дпмне и нивните домашни и странски сервисери и сератори и млакиот отпор на тенкото граѓанство, е сликата на земјата која е во очајна состојба. На нацијата која е во очајна состојба. Која светот од надвор и Шиптарите и домашните предвници од внатре, ќе ја уништат. На луѓето кои се во очајна состојба. Сите или голем број се во потрага по потврда на таа слика. Превртен контејнер е доволен за да се каже дека никој друг не е толку загаден и нечист како Македонија. Груби и Ахмети се доволни за да се проговори з албанската агресија. Дека никој не е поглуп од Македонците. Дека никогаш нема да ги биде за држава, дека ги ебе кој како ќе стигне, итн.
Се разбира, јас не сакам да кажам дека во Македонија нема нерегулурани депонии, но тие сепак не се бескрајни и не се закануваат на територијалниот интегритет на соседните држави, имаме обраснати патеки, но за да стигнете до Гевгелија, не ви се потребни мачети за да сечете џиновски
папрати и коприви, има ѓубре по делови од речните текови, но тоа е далеку од апокалиптична слика што се прикажува, имамстари историски градби кои се во лоша состојба, но никој не сака да каже дека повеќето и вака и така треба да се урнат затоа што се аут и од историјата и од естетиката.
Втората забелешка ми е дека зад овие воопштувања се крие идејата дека со црните тонови со кои се слика држвата ќе се дискредитира власта, дури дека
ќе се собори. Но, тоа трае 30 години, властите се менуваат, а катастрофизмот останува и драматично ги хендикепира и општеството и луѓето.
Немој некој да ми правел паралели со односот кон режимот на Груевски затоа што
тоа беше релна ктатастрофа.
Да заклучам: Македонија е многу пристојно место живеење.
Над заслугите на луѓето кои тука живеат.
Не под тоа ниво.
Апсолутно.
Срања се разбира има.
Веројатно повеќе отколку што може да поднесе еден рафиниран нос.
Но, дајте малку пристојност, бе, реалност, добронамерност.