Победата на партијата Продолжуваме за промени отвора „мало прозорче“, како што вели холандскиот премиер Руте во македонско- бугарскиот спор. Има и други најави од тој тип, но не треба да се заборави дека идниот мандатар ќе треба да коалицира со социјалистите и со Слави Трифунов, што носи стари товари на тие односи. Дали посетата на Еставез на Софија и Скопје „ќе тури сол“ на спорот?
Промените кои ги најавуваат претставниците на недовршената коалиција во Парламентот, која требаше да изгласа недоверба на Владата има два моменти кои ги врзува нивните мотиви. Првиот е секако да обезбеди меѓународно признание за себе, бидејќи, веќе на Западот е оцрнета како групировка која не ги признава или е скептична кон евроатланските дестинации. Прит тоа Алијанса за Албанците, како што се дозна, дури ја оклевети ДУИ дека готви вооружени инциденти за да предизвика немири кои би спречиле гласање на доверба. Се уште е нејасно зошто од амбасадата на Кале се огласија со ова предизвикување внимание, па и вознемиреност во јавноста. На ова се огласи и една поранешна директорка во секторот здравство (Дарлишта) со приказната за подготвените чизми ма таванот, чии герилски фантасморгии се залепија на таа вест а кои се уште немаат соодветен одговор и барем партиска одговорност од ДУИ.
Втората причина за обидот да се смени милјето во оваа недовршена нова коалиција е во фактот дека беше најавена а сега делумно и се промени политичката слика во Бугарија при последните, трети избори за новиот Парламент. Новата бугарска партија „Продолжуваме со промената“(ПП), која беше создадена на бранот масовни протести против корупцијата, има најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, покажуваат резултатите врз основа на обработените анкети. Идниот мандатар како да покажа некакви померувања во однос на стандардната одбојност на политичките елити во Бугарија што дава надеж дека – секако под силен надворешен притисок – нашиот пат кон ЕУ нема да биде веќе спорен. Иако зарадиидната нужно коалициска власт во оваа земја со најмалку три партии таа опција засега не е најјасна. Ова сака да го присвојат опозиционерите во нашиот Парламент како некаква своја придобивка.
Најмногу гласови значи освои ПП, нова партија на двајца харвардски студенти. Партијата – коалиција – Продолжуваме со промената има 26,3 отсто од гласовите, ГЕРБ на Борисов има 23,2, но без шанси да биде „примена“ во некоја идна владина коалиција. Потоа следуваат демократите со 11 отсто од гласовите, па социјалистите и партијата на Трифунов со под десет отсто од гласовите, што ги маргинализира ама ги прави неодминливи за да се направи влада која би имала барем половина од гласачите зад себе!
Кирил Петков, копретседател на коалицијата „Промената продолжува“ која победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за БНТ коментира дека неговата партија има категоричен став за тоа што треба да се направи во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, треба да се формираат работни групи од двете земји – Бугарија и Северна Македонија, во кои, според него, треба да бидат вклучени не само историчари, туку и луѓе од бизнисот. науката и културата. Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Петков кажа дека не е нормално ако некој сака со авион да стигне во Скопје, спомена тој, да поминува низ Виена, ниту пак е нормално да нема железничка врска што ги поврзува двете земји. Според него, не е нормално и бугарскиот бизнис полесно да работи во Австралија отколку во С Македонија, а истото важи и за македонскиот бизнис.
– Треба да почнеме да зборуваме за сите аспекти на добрососедските односи кои можат да имаат корист од тоа, вели Петков.
Тој смета дека работните групи треба да имаат јасни цели и да се состануваат еднаш месечно, а не на шест месеци.
– Бугарија мора да го брани својот национален интерес, а тие мора да го бранат својот интерес, но под заеднички именител дека двете земји имаат што да добијат од добрососедските односи, рече Петков.
Кирил Петков не одговори на директното прашање на БНТ дали Бугарија треба да го тргне ветото за Северна Македонија на 14 декември, велејќи дека е невозможно да се зборува за конечни резултати без работен процес и додаде дека овој процес ќе биде највисок приоритет на идното раководство на Министерството за надворешни работи на Бугарија, за да не се губи време.
– Не можеме да кажеме овој или оној датум без да видиме како се одвива овој процес. Сакаме да почнеме со добрососедство, добра волја и се надевам дека со многу конструктивност ќе се најде начин да се постигнат многу подобри резултати од досегашните, изјави Петков.
Тој потврди дека ќе биде кандидат за премиер на Бугарија од името на коалицијата „Продолжуваме со промената“, а Асен Василев е најдобар кандидат за министер за финансии. Петков рече дека „Продолжуваме со промената“ нема да разговара со ДПС и ГЕРБ, туку ќе преговараат за коалиција со „Демократска Бугарија“, БСП и со „Има таков народ“. Идната влада на Бугарија мора да има целосен мандат, смета Петков.
Работните групи нема да разговараат само за историјата, туку и за се што може да го поправи добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Лидерот на ГЕРБ непосредно пред изборите предупреди дека според полскиот модел ЕУ може да им ускрати средства на Бугарите ако не го тргнат ветото кон Македонија. Нема сомнеж дека земјава станува се позначаен балкански субјект во меѓународните односи. (р.г.)