Телескопот Хабл, програмата Орион и планираните мисии, дури и „Блу ориџин” и „Сшејс X”, може да бидат навестувања за една нова ера во која ќе биде ирелевантно што претседателот на земјата, која прва го забоде знамето на мекиот, светлечки под на Месечинат ќе добие историски епилог место само да живее од носталгијата
МАРОИТА МИЛОВАНОВИЌ
Кенедиевиот Moon speech на хјустонскиот универзитет покрена револуција, иако претседателот говореше за тоа дека Американците први ќе дојдат на Месечината уште во мај 1960 година, само шпест недели откако Јуриј Гагрин стана прв човек кој отпатува во вселената
„Очите на целиот свет сега гледаат кон универзумот, кон Месечината и планетите зад него, и се колнам дека нема да дозволиме непријателот да го постави непријателското знаме на освојување, туку знамето на слободата и мирот. Ние се заколнавме дека нема да дозволиме универзумот да го исполни оружјето за масовно уништување, туку инструментите на знаење и разбирање. Сепак, заветот на овие народи може да се исполни само ако оваа нација е прва и затоа ќе бидеме први. Избираме да одиме на Месечината. Одлучивме да одиме на Месечината во оваа деценија и да направиме многу други работи, не затоа што е лесно да ги правиме, туку затоа што е тешко, бидејќи ќе служи за организирање на најдоброто од нашите вештини и енергија, бидејќи сме подготвени да го прифатиме овој предизвик, бидејќи не сакаме да го одложиме, бидејќи сакаме да победиме “.Тој ден зборовите на Кенеди ги слушнале 40.000 луѓе на фудбалскиот стадион на универзитетот „Рајс” во Хјустон.На 6 јануари 1969 година, Дик Слајтон ги покани Нил Армстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајкл Колинс во неговата канцеларија во седиштето на НАСА во Хјустон, и им рекол дека ќе започнат подготовки за мисија во јули. Неколку недели претходно, „Аполо 8″ го отплови целиот круг околу Месечината, а наскоро „Аполо 9“ и „Аполо 10“ ќе бидат лансирани во вселената.Кога екипата на Аполо 11 беше претставена на јавноста на прес-конференцијата на 9-ти јануари, еден од собраните новинари испрати сосема логично прашање: „Кој ќе биде првата личност од вас, господа, што ќе стапне на Месечината?”Олдрин првично верувал дека ќе биде избраниот. Тој дури и не размислувал премногу за тоа; му се чинело дека е природно да биде тој. Потоа, сепак, почна да се збори и шепоти дека веројатно Армстронг се уште има шанси. Олдрин бил лут: Армстронг бил цивил, велел тој. Тоа би било навреда. Затоа решил да разговара со Армстронг; ова бил студен муабет и Амстронг кажал дека е ова историска работа и дека не сака да ја исклучи можноста дека прво тој ќе стапне на Месечината.Потоа, како што некои луѓе сфатија, Олдрин лобираше против Армстронг. На 14 април, НАСА објави дека Армстронг ќе биде првиот. Тој беше смирен, тивок, и секој имаше целосна доверба во него. „Модерен Чарлс Линдберг”. Секому му беше тешко да му допре до егото. Тие што пиеле пиво со него велат дека тој делувал како просечен човек, многу стабилен и скромни, човек кој не бил импресиониран со себе и со тоа што постигнал. Но, тој беше многу, многу сериозен кога станува збор за работа, тој беше високо обучен и екстремно подготвен пробен пилот кој беше особено брилијантен и под притисок.Олдрин, од друга страна, очајно ја сакаше таа чест и не го криеше тоа.На 20 јули тие биле на орбитата на Месечината. Потоа влегле во лунарниот модул и почнале да слетуваат.Џек Кинг беше секогаш солиден човек (таф мен, би рекле Американците). Тој никогаш не дозволил да го совладаат емоциите – работата е работа – додека не почнал да брои „… 6, 5, 4, 3, 2 …”, а потоа неговиот глас се скршил, и дури потоа продолжил “… 1, 0″, Легендите барем велат дека тој во тој миг рекол – а беше наречен „Гласот на Аполо” :„О, Боже, навистина одиме на Месечината”.Армстронг зборуваше за тоа подоцна дека површината на Месечината била правлива и мека, како прав од јаглен, а потоа на астронаутите им одекнало во ушите: „Здраво, Нил и База. Ве повикувам од Овалната соба во Белата куќа и ова е, секако, најважниот повик во историјата. Не можам да ви објаснам колку сме горди сите за она што сте го направивте. За секој Американец, ова мора да биде ден на најголема гордост во нивните животи “, треперел гласот на претседателот Никсон.Мисијата траеше 8 дена, 3 часа, 18 минути и 35 секунди. Телевизиски пренос на првиот слетување на човек на Месечината во јули 1969 година го следеле половина милијарда луѓе ширум светот.И Олдрин беше во право. Секој знае кој е првиот. Во било што, а камо ли во одење по Месечината.Во приказната за „Аполо 11” има нешто благо трагично. Пред Армстронг и Олдрин, командантот на мисијата Томас Стафорд, Јуџин Шерман зад командата на лунарниот модули и Џон Јанг, пилот на основното летало, пристигнаа речиси на прагот на Месечината, целосно подготвени да стапнат на тлото. Но, ним им беше речено дека нема да одат до крајот. Мисијата на Аполо 10 беше едноставна: во функција е за следната мисија. За успешно слетување на Месечината, ќе се приближите до нашиот сателит, речиси ќе можете да го допрете со прстите, исто како што е блиску до првата етапа на Аполо 11, но со еден важна разлика. слетување на Месечината нема да се случи.
Командниот модул „Чарли Браун” допол на растојание од 14.000 метри од површината на Месечината. Толку блиску … И тогаш дошла команда од Хјустон да се запали моторот и екипажот да се врати.
Леталото „Снупи”, наводно, немало доволно гориво за да слета, а потоа да ги запали моторите и да се врати на Аполо 10. Шерман, можеби фрустриран од околностите на ситуацијата, беше тогаш љубопитен пред да се појави мазна, темна вулканска рамнина на смиреното море пред него, се сомневаше дека Хјустон намерно не обезбедил доволно гориво. И можеби тоа не е така, може да биде нефер дека за Шермана и Стеффорд нема да се сеќаваат како што денес се сеќаваат на Армстронг и Олдрин, можеби имало некаква сурова игра на судбина за екипата која се приближувала кон тлото на Месечината, а потоа била принудена да сврти, како да не се работи за Месечината (!) , како да не беше нешто што го сонувавте за целиот ваш свесен живот, и можеби тоа беше само така; Можеби Аполо 10 мораше да го отвори патот до Месечината за да жртвува една екипа за тој мал Армстронгов чекор, кој чекор ќе биде голем за човештвото, и затоа Томас Стаффорд, Јуџин Шернан и Џон Јанг заслужуваат да се сеќаваат за нив и да ги слават.
Гуглањето на оваа тема може да открие сè, навистина сè. И барењето на „слетувањето на Месечината” е подеднакво шокантно во откритијата како и „каде да се купи”, така што Гугл прво нуди камаграм: првите резултати речиси сигурно ќе бидат теории на заговорот – сите заедно го даваат она „Аууу, Амери, па не ли ви е срам!“ Докажана е навоно измама при слетувањето на Месечината, Капслок, се разбира – но и псевдонаучни објаснувања зошто слетувањето на Месечината е лага. Или, можеби, зошто луѓето мислат дека тоа е лага.Слетувањето на Месечината е, исто така, подеднакво контроверзно како и прашањето дали Земјата е круг или рамна; не е задолжително, но „равнодушноста” генерално верува дека оваа злобна Америка измислила дека Нил Армстронг стапнал на површината на сателитот на Земјата.
Педесет години по историскиот „мал чекор” на Нил Армстронг, се уште ги има оние кои веруваат дека САД го исценирале целиот настан.
Оние кои веруваат дека слетувањето е измама, тврдат дека американската вселенска програма од шеесеттите години не ја поседувала технологијата неопходна за успешно испраќање на мисијата на Месечината. НАСА проценила дека промената во позицијата во трката во вселената во однос на Советите е можна преку фабрикација на освојувањето, што пак ги отвори сите тие теории за лажирањето на потфатот. Врвот на исфрлувањето на тие теории се случи во 1976 година, кога е објавен самиздатот – „Ние никогаш не сме биле на Месечината:американската измама чинеше триесет милијарди долари”, (Авторот е Бил Кејсин – н.з.) Тогаш се издвоија фотографиите за сликата на небото на Месечината каде никаде нема ниту една ѕвезда (иако научниците културно објаснија дека ѕвездената светлина е многу слаба, бидејќи површината на Месечината веднаш ја рефлектира секоја друга светлина освен сончевата, која е пак пресилна). Се оспоруваше можноста Баз Олдрин да остави трага од чевелот кога таму нема влага. Иако, потоа се одговараше дека почвата на Месечината е покриена со мек „реголит”, (на која е многу лесно да се остави траги) . Потоа следуваше можеби и најпопуларната теорија дека зраците на радијација околу Земјата би ги убиле астронаутите. (Секако, сигурно е дека најхрабра е теопријата дека Стенли Кјубрик го снимил слетувањето на Месечината).
Точно е дека научниците биле загрижени дека во т.н. „Ван Аленов појас“ астронаутите може да биде изложени на смртоносни радиоактивни дози,, но екипажот на Apollo 11 поминал помалку од два часа во таа област за време на патувањето, и на места каде што зрачењето достигнало максимум биле само пет минути.
Мора да се признае дека теориите на заговор се барем конзистентни; тие не пијат вода и не ги возбудуваат фотографиите направени од истражувањето на ЛРО во 2009 година, што јасно ги прикажува трагите што останаа на теренот од лунарниот модул, па дури и ги има знамињата поставени за време на шест мисии. Има, се разбира, и такви кои укажуваат дека го нема најоспоруваното, она кое го постави Баз Олдрин. Овој астронаут рече дека знамето било уништено од оганот што го оставил модулот при полетување од Месечината.
„Малку е разочарувачки што пет проценти од Американците веруваат дека слетувањето на Месечината е едноставно лакрдија ама ако претседателот Доналд Трамп смета дека Месечината е на Марс, тоа е нешто друго. Имено тој изјавил дека НАСА треба да заборави на тоа астронаутите да ги испрепраќa на Месечината, наместо да се фокусира на „многу поголема иницијатива”, како што е слетувањето на Марс.
За сите пари што се потрошени, НАСА не треба да зборува за одење на Месечината. Ние тоа го направивме пред 50 години “, напиша Трамп на Твитер.
НАСА планира да изгради единствена вселенска позиција во лунарната орбита, од која астронаутите ќе можат да доаѓаат и заминуваат од површината на Месечината до 2024 година, што е дел од една поширока иницијатива за користење на Месечината како појдовна точка за евентуални мисии на Марс. НАСА дури планира да развие одржливо човечко присуство на Месечината до 2028 година. Така, НАСА влече на едната страна, Трамп влече на друга страна а односот на вселенската агенција и сегашната администрација е уште еден пример за илустрација на поделбата меѓу Трамп и прогресивната, амбициозна Америка, онаа што беше водена и инспирирана од Кенеди, оние што ветија – и исполнија големи работи. Поделбата меѓу претседателот и институциите, раздорот меѓу претседателот и Американците ги одалечува вториве од тоа да се меѓу најистакнатите луѓе на планетата.
Телескопот Хабл, програмата Орион и планираните мисии, дури и „Блу ориџин” и „Сшејс X”, може да бидат навестувања за една нова ера во која ќе биде ирелевантно што претседателот на земјата, која прва го забоде знамето на мекиот, светлечки под на Месечината, ќе добие историски епилог место само да живее од носталгијата. Можеби ќе има уште еден мал чекор како Армстронг, за кој сите ние ќе бидеме горди, дури иако не сме Американци.