Пред 4 години пишувавме за овие птици кои слетаа и кусо боравеа на Охридско езерово Подградец. На Преспанско езеро се почести, но сега се добро наблудувани
Неодамна на Преспанското езеро се забележани пет розови фламинга кои најверојатно одмораат од патот за каде што тргнале, соопштија од Македонското еколошко друштво (МЕД).
„Птиците беа забележани во село Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата. Фламингата не гнездат во Македонија, но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од 90. години години исто така во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и четири млади. Бидејќи птиците пбично се гнездат во Грција, во Албанија и во Црна Гора, не можеме да заклучиме каде ќе се упатат по престојот во Преспа“, информираат од МЕД.
Според Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, добрата состојба на влажните живеалишта, како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат.
„Ваквите слики не охрабруваат дека напорната работа за зачувување на Езерани има позитивни резултати. Езерани е заштитено подрачје повеќе од 20 години и со него управува Општина Ресен која има и посебна ренџерска служба за овој локалитет“, појаснуваат од МЕД.
Во скопската Зоолошка градина од годинава посетителите можат да ги видат новите жители – фламингата. За првпат во скопската градина има 15 од овие егзотични птици, кои се од видот големо или розево фламинго. Стари се околу една година и како што велат од Золошката, затоа уште ја немаат розевата боја по која се препознатливи.
Глобус објави 2014 година текст и слики од Подградец дошле фламинго птиците (Phoenicopterus roseus),, каде дојдоа возрасни единки на ова животно. И тогаш напоменавме дека претходно се забележани само на Преспанско Езеро, каде што може да се сретне и птицата пеликан. Сепак, претходно немало таков податок за Охридско Езеро
Јатото кое кусо време претстојуваше во близината на Подградец, Албанија, деновиве е забележано јато ретки птици што му припаѓаат на видот розово или големо фламинго (Phoenicopterus roseus). Според она што можело да се види, птиците се наоѓале во плиткиот дел од езерото, барајќи храна.
Според оринтолозите, научници што се занимаваат со проучување на птиците, во нашата земја ваква појава досега не била евидентирана на Охридско Езеро. За Преспа има детални фотографски податоци за јатата фламинга, на пример времето кога се забележани, колку птици имало јатото и други информации, велат научниците. Тие објаснуваат дека птиците фламинго се хранат со одреден вид планктон и на езерата слетуваат само поради храна, но не се вгнездуваат.
Во научните истражувања може да се прочита дека розовото фламинго е најраспространет вид од фамилијата фламинга. Се среќава во делови од Африка, Јужна Азија и јужните делови на Европа, вклучувајќи го крајбрежјето на Шпанија, Португалија, Албанија, Турција, Грција, Кипар, Италија, Франција, како и во Македонија. Фламингото, или како што уште се нарекува црвена чапја, е птица слична на штркот, потекнува од Западна Азија и од Северна Америка. Некои популации фламинга се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег. Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена, а поретко со слатка вода.
Но зошто птицата фламинго е розева? Доколку би се доделувала награда за најмодерна птица, тогаш фламингото со своите живописни розеви и портокалови бои, би ја добило премијата. Но, знаете ли дека пердувите на бебињата фламингоси се во сива боја?
Розевата боја на фламингото се развива од нивниот начин на исхрана, кој главно се состои од организми (ракчиња и алги) со високо ниво на пигмент наречен каротеноид. Каротеноидите се пигменти со чија помош ракчињата ја менуваат бојата од кога ќе ги изедеме, од сива во розева.
Каротеноидите се главни при одржување на препознатливата боја на фламингото. Доколку фламингото започне да се храни со инсекти или семиња како другите птици, неговите пердуви ќе ја сменат бојата во бела.
И луѓето јадат храна богата со каротеноиди. Овие пигменти се присутни во многу црвени, жолти и портокалови овошја и зеленчици со кои се храниме, како што се морковите, кајсиите, компирите и слично.
Фламингоси се птиците со кои Црвената Кралица, во филмот “Алиса во земјата на чудата”, игра крикет. Во филмот, фламигото на црвената кралица и служи како палка, а малото еже како топка.