Јасно е дека Палевски сакал да побегне во Москва уште веднаш по минувањето на границата кај Табановце. Турсака врска, укажуваат обвинителите купила билет за Минск а од таму требало да замине за руската престолнина

Љупчо Палевски еднаш е фатен на белградскиот аеродром Никола Тесла бидејќи бил баран по меѓународна потерница. Само што не влегол во авионот за Москва. Кога се дозна името на обвинетиот за убиството на малолетната Вања и велешанецот Жежовски, дури и со скромно познавање на неговата биографија помислата дека заминал одново за Москва се чинеше логична рута. Многу е провидно сето мешање на руската специјална војна преку хранење и храбрење на македонсиката десница за реметење на состојбите во земјава, за потоа полесно да се пренасочува вниманието кон остварување на нивните политички цели. Една од оние кои стоеја на чело на десницата, денес вдомена на власта првото спречувањето на летот во Москва го бранеше со некаков деловен интерес на Палчо, за вториот не дојде ситуацијата да се ортоворат тие врски бидејќи „мајсторите ја држеа водата“ се до изборите а таа, како и цела онаа групација на дестабилизатори се распекмези по новите позиции каде се добива државна плата.
Во петокот, на 14 февруари, за прв пат поконкретно се отвори од страна на обвинителството рускиот пакет за спас на шефот на бандата, сокриена зад знамето од Вергина која докажува дека Паалевски прекуБелорусија треба да замине За својата крајна одредница- Москва, како што веќе веднаш и би помислиле.
Што кажуваат извештаите од судењето на монструмот? Меѓу доказите што на последното рочиште ги наведе обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска беа и анализи на телефонската комуникација на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според она што беше усно презентирано во периодот од 27 ноември, денот кога била убиена Вања, до 1 декември 2023 година, Палевски остварил разговори само со обвинетиот Влатко Кешишов и со Стефан Димовски кој го возел од Белград до Турција. Но сега, на последното рочиште Обвинителството изведе подолга листа на докази од предмети поврзани со убиствата и обвинетите за нив.
Меѓу доказите што ги наведе обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска беа и анализи на телефонската комуникација на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според она што беше усно презентирано во периодот од 27 ноември, денот кога била убиена Вања, до 1 декември 2023 година, Палевски остварил разговори само со обвинетиот Влатко Кешишов и со Стефан Димовски, кој го возел од Белград до Турција. Најмногу од контактите на Палевски, кои биле екстрахирани од неговиот телефон „ајфон 13“ по неговата екстрадиција од Турција, биле остварени преку апликацијата „Телеграм“, а преку „Ватсап“ контактирал со три лица.
Презентирајќи ги доказите, обвинителката наведе и дека, според една од комуникациите, на 27 ноември, денот кога била убиена Вања, во 8:30 часот е регистриран повик во траење од девет секунди кон број во Турција. Обвинителката, изнесувајќи детали за телефонската комуникација, рече дека според тоа што го имаат Палевски на 2 декември, кога веќе бил во Турција, наводно за лекување, добил порака од неговиот домаќин таму, извесен Хусеин, кој го информирал дека му резервирал авионски лет за Минск, Белорусија.
„Букирав авионска карта за Минск“, гласела пораката, кажа обвинителката.
Исто така, како што наведе таа, Палевски преку порака од Турција му пишал на лице кое било во Москва дека на 5 декември планира да стигне во руската престолнина и барал од него да му помогне, односно да му организира превоз од аеродромот.
„Пронајдена е комуникација со лице со име Драган, кој според комуникацијата е во Москва, кому Палевски во порака му пишува дека на 5.12.2023 г. планира да стигне во Москва и бара од него да го земе од аеродром”, наведе обвинителката.
Дополнително, од телефонската комуникација, која била екстрахирана од телефонот на Палевски по неговата екстрадиција во земјава лани во мај, на 27 ноември, во 10:44 имало комуникација со извесно лице именувано како Геге Шампион 2, кој го прашал Палевски дали да поминат со лице Ферат на кафе. На ова Палевски, според обвинителството, одговорил дека е уморен оти цела ноќ не спиел.
На денешното рочиште Обвинителството предложи дополнителна листа на докази, која, како што наведе Крстевска-Јосифовска, биле обезбедени во текот на истражната постапка, но нивното вештачење не било завршено до поднесувањето на обвинителниот акт на 12 август минатата година поради што ги предлагаат сега.

Како што наведе таа, станува збор за известување од секторот за оружје, експлозиви и опасни материи на МВР и ди-ви-ар уред од безбедносните камери од куќата на обвинетиот Велибор Манев во Велес. Дел од адвокатите на обвинетите, меѓу кои и на Палевски, не се согласија овие докази да бидат изведени наведувајќи дека според Законот за кривична постапка тоа не може да биде направено во оваа фаза од постапката. Поради предложените нови докази, судијата Ивица Стефановски го одложи денешното рочиште наведувајќи дека до следното ќе донесе одлука дали ќе дозволи тие да бидат изведени.
Љупчо Палевски-Палчо, веќе еднаш, на рочиштето на 27 јануари бараше изземање на обвинителките и на целото ОЈО Скопје, но тоа беше одбиено. На денешното рочиште, тој пред судот рече дека сега бара изземање за тројцата обвинители поединечно под нови околности и причини, односно пристрасност во водењето на постапката. Дополнително, побара изземање и на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.
Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет во случајот за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, на тоам продолжение од главната расправа повторно побара изземање на обвинителите кои го застапуваат предметот. Освен за обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска, Палевски бара изземање и на шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.
Тој веќе еднаш, на рочиштето на 27 јануари, бараше изземање на обвинителките и на целото ОЈО Скопје, но тоа беше одбиено. На денешното рочиште тој пред судот рече дека сега бара изземање за тројцата обвинители поединечно под нови околности и причини, односно пристрасност во водењето на постапката.
„Новата околност и причините се фалсификување податоци за да можат да изготват фалсификуван доказ за телефонска анализа, а со цел нивниот сведок Ерол Османи под заклетва пред судот да изнесе невистинити податоци”, рече Палевски на последното рочиште.
Тој во поткрепа на барањето наведе десет, како што ги нарече, докази од кои, според него, се гледа дека во извештајот од телефонска анализа за позицијата на неговиот телефон според базни станици има празни полиња кои се однесуваат на неговото движење на 22 ноември 2023 година, денот кога е убиен Панче Жежовски и од 28 ноември истата година.
„На страница 36 (од извештајот) каде се податоците за базни станици за критичното време 22.11.2023, кога е убиен Панче Жежовски, полињата со податоците од базни станици во Велес се празни… Зошто ОЈО Скопје има проблем со податоците од мојот мобилен телефон”, рече Палевски.
И во останатите, како што ги нарече докази, рече дека недостасуваат податоци за неговиот телефон, што, како што изјави, се доволни докази дека се бришани и манипулирани податоци во доказот број 180 (на обвинителството) за анализа на телефонски повици. На крајот од образложението на барањето, Палевски рече оти се надева дека тој што ќе одлучува за него ќе го почитува законот и нема да одлучува сам за себе како минатиот пат.
Судијата Ивица Стефановски го нотира барањето, по што рочиштето продолжи со изведување докази, односно обвинителката наведе подолг список на предмети, од шишиња, догорчиња, вреќи, хард-дискови, ракавици, таблети, СИМ-картички, мобилни телефони… пронајдени на местата каде што биле пронајдени телата на Вања и Панче, потоа во запалениот „ситроен” со кој била грабната Вања, зградата од каде што била грабната и од претреси на други простории.
За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче покрај Палевски обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски кој се гони за помагање. Сите петмина на почетокот на судскиот процес во октомври лани се произнесоа дека не се чувствуваат виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Можеби за читателите ќе биде интересно да се повтори сведочењето што го дал Васко Стојков, адвокатот кој го однел во Белград Љупчо Палевски-Палчо, првообвинетиот за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, неколку дена откако ги извршил кривичните дела. Имено, тој кажа дека Палевски преку него, веднаш ѝ кажал на нашата полиција дека е во Турција.
На тогашното судење, сведокот рече дека на 30.11.2023 година, три дена по убиството на Вања, бил дома, а потоа бил во Белград, го носел Љупчо Палевски.
Првин беше прашан како паднал муабетот за Белград.
„Ми се јавија утрото Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, кој ме праша дали знам нотар што работи дента. Му кажав дека не. Ме викнаа во партијата. Беше таму Кешишев. Рече не е тука Палчо, ќе одиме кај него. Беше во стан кај ПИОМ. Ме внесе Влатко. Во станот беше Палевски и уште едно непознато лице. Зборевме за квалитетот на градбата на тие станови. Непознатиот ми свари кафе. Палчо рече дека сака да оди во Белград, па во Турција, да ја среди кичмата. Реков јас ќе те однесам. Ништо не ми беше чудно тогаш, а од овој аспект чудно ми е што Љупчо беше во тој стан. Го знам од 2017 година, нѐ запозна тука присутниот негов адвокат Јовица Страшевски. Почнавме да се дружиме приватно, но и преку партијата. Му позајмив пари, со кои спаси стан од извршување. Го продаде станот, ми ги врати парите. Ова беше 2019-2020 година. Станот беше над 70 квадрати во Аеродром”, одговараше сведокот на многуте прашања на обвинителството, кое треба да докаже вина.
Со нив за Белград бил и обвинетиот Влатко Кешишев.
„За Белград тргнавме јас, Влатко и Љупчо. Не носев пари, па во ТЦ Бисер извадив готовина. На бензинската на Макпетрол сменив евра. Рече ќе се прегледа во Белград, а ако не е подобар, ќе одел на нож, т.е. на операција во Турција. Не спомна клиника. Јас по пат барав да се видам со мои пријатели, двајца не најдов. На третиот Љупчо му побара некој поевтин хотел, блиску до центар да биде, бидејќи е без кола. Јас му дадов на Љупчо податоци од лична карта да му префрлат пари. Отидовме во хотел ‘Таш’, двокреветна соба чинеше 60 евра. Му помогнав со торбицата, се смести Палевски, јас тргнав за назад”, одговараше сведокот.
Но, според сведочењето на Стојков, до преглед во Белград не дошло, зашто веќе утредента, Палевски му се јавил дека ќе преспие во Ниш, а од таму ќе одел во Турција.
Истовремено, испаничил Ѓорѓи Џолев кој сведочеше денеска пред Стојков, но и Влатко Кешишев, поради упадот на полицијата за претрес во партијата „Десна”.
„Полицајците ми рекоа да го побарам пред нив. Му свртев двапати, не го добив. Беше 3 часот наутро, почна претресот. Ги приведоа Кешишев и уште две лица.
На втори (сабота) легнав во 6 наутро, се јави Палевски. Ми посочи адвокат. Во 12 часот напладне дојдов во ПС Пролет. Во текот на распитот се јави Палевски. Рекоа јави се и прашај кај се движел. Ми кажа бил во Турција, им пренесов на инспекторите. Пак ми се јави и ми кажа дали бил на 27, 28 ноември во Дебар Маало и како се движи вообичаено кога оди кај мајка му. Ми кажа можно е на 27-ми да сум одел таму”, зборуваше сведокот, симпатизер на партијата на Палевски „Десна”.
Го напишал сведокот ова и отишол (саботата сѐ уште) да им го даде во полиција на инспекторите.
Подоцна пак се вратил во полиција да бара клуч да го земе кучето кое е заклучено во партијата. Тука дознал дека Кешишев бил ослободен, но пак земен, и оти со полицијата сега е некаде на терен.
„Вечерта во неделата се јави сопругата на Палчо, Весна, кажа дека претрес дома ќе им прават. Се јави пак Палевски. Праша: ‘Што е ова дебел?’. Му кажав дека веќе е осуден овдека за убиство на исчезнатото девојче. Ако не си го сторил ова, треба да си дојдеш да си кажеш дека не си крив”, му рекол сведокот на телефон, пуштен на спикерфон за да слуша полицијата.
И овој сведок одговори дека најчесто комуницирале или на обична линија, или на апликацијата Телеграм. Тој кажа дека за три ипол години, му дал на Палевски 21 илјада евра. Рече сите му ги вратил. Дел од нив му ги вратил кога го продал станот во Аеродром.
Ова е секако доказ за начинот на кој живеел пред убиството на Вања првообвинетиот, колку тој бил насекаде задолжен и во финансиски неволји и како на патот за Беград му помагал самиот кешишев, биодејќи Палчо тргнал шворц. Дали во Белград заминал за да добие конекции и парични средства за понатаму и оттаму пионараат ги договорил деталите за бегството?
(Р.Г.)