Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ЈА ОТКРИВААТ ДЕПРЕСИЈАТА

January 15, 2019 Filed Under: Ревија

Научниците ги тестираат апликациите на паметните телефони кои користат вештачка интелигенција

САМОУБИСТВО Втор најчест причинител за смрт во САД во инејџерско или рано зрело доба е самоубиството

Прекумерната употреба на паметни телефони се поврзува со влошување на менталното здравје кај тинејџерите, покажаа низа истражувања. Но, дали паметните телефони можат да бидат корисни токму во откривање на менталната состојба?

ДИГИТАЛНИ ТРАГИ Експертите велат дека со поминување одредено време на страници, како што се Инстаграм и Јутјуб, тинејџерите може да остават дигитални траги кои, пак, потоа може да откријат знаци за нивната психичка состојба.

Томас Инсел од Националниот институт за ментално здравје, вели дека има повеќе од 1.000 `биомаркери` на паметните телефони.

Научниците ги тестираат апликациите на паметните телефони кои користат вештачка интелигенција за да откријат депресија или можно лично наштетување.

Употребата на паметни телефони, како детектори за менталното здравје подразбира согласност од корисниците да ја симнат апликацијата, којашто согласност може да биде повлечена во кое било време.

Ако паметните телефони можат да станат ефикасни во откривање ментални проблеми, креаторите на апликации велат дека целта може да биде да се испраќаат автоматски пораки до родители, доктори и до итни служби за помош.

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ Фејсбук помогна итните служби брзо да стигнат до 3.500 луѓе минатата година, иако компанијата не понуди информации за состојбата на овие лица потоа.

Самоубиството е втора водечка причина во САД за смрт на лица на возраст од десет до 34 години. Согласно статистиката, до 2015-та година, 14 од 100.000 момчиња извршиле самоубситво, како и пет од 100.000 девојчиња.

Самоубиството е втора водечка причина во САД за смрт на лица на возраст од десет до 34 години

Како можни предупредувачки знаци се сметаат промени во брзината на пишување, квалитетот на гласот, изборот на зборови, како и колку често ученикот седи дома после училиште.

ДЕПРЕСИЈА Болест која доведува до самоубиства а треба да се открие навреме

ШТО Е ТОА ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН? Паметен телефон или смартфон (англиски: smartphone) – мобилен телефон со напреден мобилен оперативен систем кој ги комбинира особините на оперативниот систем на личен сметач со особини за мобилна употреба. Паметните телефони, кои се со џебна големина, вообичаено ги комбинираат особините на мобилен телефон, како што се остварување на говорни врски (телефонски повици) и размена на текстуални пораки, со оние на други популарни дигитални мобилни уреди како личен дигитален помошник(англиски: personal digital assistant, PDA, календар на настани, медиумски плеер, видео игри, ГПС навигација, дигитален фотоапарат и дигитална видеокамера. Паметните телефони можат да пристапат на интернет и можат да користат разни софтверскикомпоненти од трети страни (мобилни апликации) од различни места. Типично имаат рамен екран со графички кориснички интерфејс кој зафаќа повеќе од 76% од предната површина. Скоро секогаш дисплејот е допирник.

ПАМЕТЕН ТЕЛЕФОН Најновите истражувања укажуваат на тоа дека употребата на паметни телефонија има и нови користи

ШТО Е ДЕПРЕСИЈА? Депресија е состојба на нерасположение и аверзија кон активност која може да влијае врз мислите, однесувањето, чувствата и чувство на благосостојба на една личност. Депресивните луѓе можат да се чувствуваат тажни, вознемирени, празни, безнадежни, загрижени, беспомошни, безвредни, виновни, раздразливи, повредени или преморени. Тие можат да го изгубат интересот за активностите кои некогаш им биле пријатни, го губат апетитот за јадење или се прејадуваат, имаат проблеми со концентрација, помнење на детали или донесување одлуки, и може да размислуваат, да се обидат или да извршат самоубиство. Несоница, прекумерно спиење, замор, губење на енергија, или заболувања, болка, или дигестивни проблеми, исто така, може да бидат присутни.

Депресивното расположение не секогаш е психијатриско нарушување. Тоа исто така може да биде нормална реакција на одредени животни настани, симптом на некои здравствени состојби, или пропратен ефект на некои лекови или медицински третмани. Депресивното расположение исто така е основна или поврзана карактеристика на одредени психијатриски синдроми како што е клиничка депресија.

 

Filed Under: Ревија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet