Со новиот Закон за стокови резерви, оризовата арпа станува стратешка култура за државата. Лошо што доста од оризот останува непродаден! Ние секако можеме а и мораме да проузведуваме повеќе храна а секако и да извезуваме и да го намалиме дефицитот во таа област
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштија деновиве дека со измените на Законот за стоковите резерви кој ги усвои Собранието, се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.
– Ваквите измени во законот за стоковите резерви следуваат, на иницијатива од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“. Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот, наведуваат од Министерството.
Од МЗШВ потсетуваат дека уште во 2022 година до Владата доставиле Информација за засеани површини и остварено производство со оризова арпа во 2021 година и анализа на сегашните состојби со оризопроизводството.
– Преку оваа Информација, која Владата ја усвои, предложивме оризот да биде вграден, како значајна култура, во Законот за стокови резерви. Министерството за финасии, пак, беше задолжено да изготви предлог измени во Законот за стоковите резерви, се наведува во соопштението на Министерството.
Од МЗШВ посочуваат дека предложените измени во Законот до Собранието се доставени уште на почетокот на 2023 година и од тогаш, до денес, како што велат, од неразбирливи причини, беа блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за финасирање и буџет.
– Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300 проценти се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив. Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, потенцираат од МЗШВ.
Еден од методите за повисоко земјоделско производство (што значи и намален увоз и зголемен извоз) секако е зголемување на површините под земјоделски култур.
Во периодот 2017-2019 година биле скучени 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште во закуп. Притоа биле искористени 4.000 хектари државно земјоделско земјиште во закуп за до 3 и над 3 хектари, а 35 договори биле за површина од 124 хектари за производство на добиточна храна.
На почетокот на 2022 година беа доделени нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo 3 хектари. Преку измени на Законот за земјоделското земјиште се ослободија од плаќање на закупнина младите земјоделци до 40 години во првите три години од закупот.
Од Владата тогаш најавија дека ќе ја продолжат праксата на давање на државното земјиште под закуп на земјоделците кои сакаат да го работат.
„Политиката за ставање во функција на целокупното земјиште ја продолжуваме и во следниот период, преку транспарентно, отчетно објавување на огласи и давање под закуп на државно земјоделско земјиште. Правичната и неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи “, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски, за време на доделувањето договори за закуп во велешко, во февруари 2022 година.
Билјана Петровска – Митревска од Национална Федерација на фармери реече за РС“Е дека уште пандемијата ја истакналапотребата од стабилен систем кој ќе може постојано да обезбедува доволни количини храна, по пристапни цени. Војната во Украина дополнително ја продлабочи кризата. Петровска Митревска вели дека е очекувано да нема интерес за производство, кога производните цени се многу повисоки од продажните. Додава, за истиот извор, дека се додека не се реши пласманот и не се воведе договорното производство согласно Законот за земјоделство и рурален развој, нема да има развој на земјоделството.
„Ако продолжи кризата и ако ние не почнеме да се менуваме пред се како држава, не ги менуваме политиките, не ги менуваме субвенциите и не ја насочиме поддршката кон земјоделците, може само да очекуваме намалување на земјоделското производство. А со тоа значи дека ќе стануваме уште повеќе увозно зависни и тоа значи дека ќе имаме поскапа храна“, вели Петровска Митревска.
Земјава дава субцвенџии во аграрот секогаш над 100 милиони евра (некогаш и 130 милиони евра а лани даде и авансно за годинешниот род) но реално резултатите се уште не се толку задоволителни, особено што се зголемува и увозот на храна. Тоа е светски феномен – ги гледаме оглемите протести на земјодделците во Унијатавеќе две години!
Лани извозот на храна и живи животни бил 493 милиони евра, што е двојно помалку во однос на извозот од 973 милиони евра. Негативната разлика е околу 480 милиони евра, според достапни пдоатоци во медиумите.
Во кризната 2923 година издвоени се 150 милиони евра за поддршка на земјоделството, а земјоделците добија и авансна исплата. Околу 40.000 земјоделци добија аванс за 2025 година – рече неодамна експремиерот Ковачевски.
Но, според Стојковски потребен е уште еден клучен момент којшто е потребен за зголемување на производството на храна. Тој вели дека научната фела во универзитетите и институтите треба да направат научни анализи за земјоделците да знаат кои површини се соодветни за садење на одредени култури.
Тешки години секако се врзани за големите климатски промени – почестите и поинтензивни суши, поплави, бури и топлотни бранови – екстремни настани кои и глобално ниво влијат на приносите на земјоделските култури и сточарското производство. Земјава има обработлива површина од 514.436 хектари (бројка за преклани) ама само.297 хектари биле засеани а тоа се само 53 отсто од достапното земјоделско земјштето, според податоците на ДЗС.
Земјоделството учествува со 8,6 проценти во БДП на Северна Македонија, според показателите на Светската банка.
Во 2022 година земјоделците во земјава најмногу произвеле крмна пченка – 286.455 тони, а потоа пиперки – 238 илјади тони, компири 196 илјади тони, домати 151 илјади тони, јаболка 164 илјади тони.