Одеднаш сите сеат и садат? Градинарството, принудно повторно се врати во мода. Животот на село е многу поевтин и поздрав
„Кон крајот на март, за прв пат беше објавено затворање на продавниците поради корона вирусот во Велика Британија. Приближно во исто време, нарачав садови за расад и две паковања со семе од лиснат зеленчук. Речиси два месеци подоцна забраната за движење сè уште не беше укината, но мојот зеленчук порасна. За милијарди луѓе, глобалната пандемија предизвика период на длабока неизвесност и стагнација, но кога гледав како расти зеленчукот се чувствував некако смирено. Мислам дека не сум единствена во тоа“ вака за BBC го опиша своето искуство Ели Хауард која работо како фриленсер или поточно како хонорарец – пишув порталот Аропуб деновиве. При тоа се нагласува дека нарачки за семе доаѓаат и од урбаните средини
Да се потсетиме на првите недели откако беше прогласена пандемијата. Глобалниот ланец на снабдување со храна беше во целосен хаос и сите се прашувавме дали ќе имаме доволно храна. Многу држави известуваа за стравот од недостаток на работна сила за време на бербата на зеленчук и како и во секоја криза, луѓето ги земаат работите во свои раце. Меѓу другото, евидентирана е значително поголема продажба на семиња.
Ваквите драстични промени и ваквото однесување на луѓето се споредува со производството на храна за време на Првата и Втората светска војна, кога недостигот на храна беше на критично ниво во сојузничките земји. Како одговор на тоа, нивните влади ги координираа кампањите со кои ги повикуваа граѓаните да помогнат во производството на храна, а обработувањето на земјата стана нивна должност.
Во Велика Британија, се уште се памти кампањата наречена „Да копаме за победа“, која ја започна британското Министерство за земјоделство во 1939 година. Била толку многу успешна што за само три години биле доделени 1,7 милиони државни градини, а приватни градини имало дури 5 милиони.
Во исто време, едно хортикултурно списание го парафразирала тврдењето на Наполеон дека Англичаните биле нација на трговци и го напишале следното : „Можеме со целосно право да бидеме нација на градинари“. Имено, градините се вкоренети во британската свест, пишува Хауард, додавајќи дека Британците, градините ги доживуваат како приватно прибежиште, но и место за креативно изразување и гордост, што може да се види на нивните натпревари за овој вид на хоби.
„Градините на Победата“ не само што беа извор на храна за Британците, туку го поттикнуваа моралот и ја потенцираа важноста на благосостојбата за заедницата, со тоа што им овозможуваа на оние што останале дома да ја сфатат важноста на нивната улога во општеството. Истото се случи и за време на пандемијата, па покрај грижата за сопственото семејство, малите земјоделци ги делеа своите производи со соседите. Така, истражувањето покажа дека 42% од испитаниците ја ценат храната повеќе заради пандемија, а 10% за прв пат делат вишок садници и семиња.
Семето од домати беше најбарано во овој период, затоа што доматите лесно се одгледуваат и честопати тоа може да се прави и на балконите. Социјалните мрежи, исто така, одиграа голема улога во овој социјален феномен. Со помош на Фејсбук се организираше продажба и испорака на земјоделски производи.
Сигурни сме дека ова е само почеток и дека овој тренд во светот ќе продолжи. Па ако одлучите да сеете или садите зеленчук дури и сега, не е доцна. Освен фактот дека домашната храна ќе ви даде чувство на сигурност, големо задоволство е да ја споделите со вашите најблиски.
Македонија како и сите земји во светот се соочуваа со миграција на руралното население во урбаните центри и поголемите градови.
Сепак, се случува нешто необично! Дали е тоа заради начинот на кој растеме, опкружени со семејството и некои здрави вредности и погледи на светот, или заради уморот што го чувствуваат луѓето поради брзиот и исцрпувачки начин на живот – забележителна е популарноста на селската околина и враќање на луѓето на село.
Зошто луѓето одлучуваат да живеат на село и што сè не очекува таму?
Најпвин, цените на куќите и плацовите се пониски. Со емиграцијата на руралното население, цената на плацовите драстично се намалува. Не е невообичаено цената на куќа со двор и помошни простории да излезе во реклами за продажба од 5 или 10 илјади евра, а цените да не ја надминат бројка од 30.000 €. Има многу поволни и популарни места во Македонија. Со оглед дека цената на станбен квадрат во Скопје или друг поголем град изнесува околу 1.200 евра – не е лоша можност да си го организираш животот на село и да се наречеш домаќин на големи куќи со имот, пред да подигнете станбен кредит и да ризикувате лоши можности и да дојдете до повторна загуба на станот што ќе го плаќате до дваесет години.
Понатаму, на село храната е здрава, а водата е чиста и свежа. Прекрасна природа која дава најздрава храна на светот. Дека странците знаат да го ценат здравиот рурален живот, ни кажува податокот дека сè повеќе луѓе од Германија, Шведска или Америка се доселуваат на руралните имоти и се занимаваат со одгледување на органско овошје и зеленчук, што не е третирано со хемикалии.
Многумина се образовани и се враќаат во нивните родни села за да ги применат своите знаења и вештини во подобрување на одгледувањето на пченица, проширување на овоштарниците и виновата лоза или обнова на фармите на своите дедовци и татковци со надеж дека нивните деца ќе станат квалитетни луѓе.
Враќањето на село кај луѓето ја буди природната поврзаност со животните, земјата и природата. Еколошката свест се раѓа во нив и тие имаат посебен вид психичка стабилност. Тие дознале дека еден град може да го уништи овоштарникот или да ја уништи жетвата. Поради нивниот постојан контакт со земјата и со реалноста, тие не се оптоварени со илузија на која било имагинарна реалност.
Понатаму, воздухот е чист и помага при здравствени проблеми.
Кога последен пат сте се почувствувале одморени кога наутро ќе се разбудите или ќе се чувствувате релаксирано на крајот на денот? Кога живеете во село, сосема е нормално наутро да станете со желба за работа, дури и после напорната работа на нива или во штала. Иако се чини неверојатно, причината е базирана и во науката.
Откриено е дека дневна изложеност на свеж воздух, прочистен по природен пат преку, присуството на шуми, треви и цвеќиња, влијае на крвниот притисок, на срцето и нивото на стрес што се развива во текот на денот.
Организмот и имунолошкиот систем самите учат да ослободуваат антихистаминици и да ги регулираат алергиите на полен, прашина и смог на кои сме повеќе изложени во градовите отколку во селата или периферни делови на урбаните населби. Враќањето во селото се покажало успешно неколку пати кога е потребно да се контролира главоболката, депресијата и несоницата.
Помало опкружување овозможува подобро детство. Родителите од градовите имаат многу помалку време за своите деца, заради преголемата зафатеност со нивните работни обврски. Децата се оставени на дадилките, кои иако се обидуваат, не можат да ги заменат родителите.
Вистина е и дека градинките и училиштата се скапи и има многу деца.
Помалку училишта и помалку ученици значи еднакво внимание на сите
Иако е многу лошо што нашите села имаат дефицит од ученици, поубавата страна е учење во помали групи, каде на секое дете му се дава еднакво внимание и внимателно се следи неговиот напредок во учењето. Децата од помалите заедници се покажаа дека побрзо владеат со материјалот и имаат поздрав поглед на светот.
Тој поглед кон светот што нивното семејство и училиште го всадуваат уште во раното детство може во огромна мерка да го укажува патот што ќе го одат.
Кога на време ќе дознае што е напор и посветеност, подоцна ќе може да ги цени и малите работи во животот.
Блискоста на соседите и нивните собири во заедниците е додатна предност. На село, можете да очекувате помош од вашиот сосед, како на слава, радост, така и за тешки физички работи на поле, како берење овошје или зеленчук и слично.
Луѓето од селата се дел од голема заедница. За време на земјоделската работа, тие работат по нивите, но со задоволство се собираат во локалната кафeана. Тоа е централно место на сите локални вести. А и покрај популарното верување дека се отсечени од светот во селото, многу села во Македонија има одличен интернет сигнал за да можете да го доведете светот во вашето село.
Многумина што одлучуваат да го изберат селото или неговите корени, како и брзиот и загаден живот во метрополата да го заменат за здрави навики, обично не се свесни дека за живот на село му треба многу работа, инвестиции и откажување. Во селата ги има сите услови за исполнет и удобен живот – но како и секоја друга работа – мора да се работи, и од од таа работа може да се заработи пензија.
Доколку ги споредиме разликите во живееење помеѓу село и град, ќе видиме дека и двата начина имаат свои огромни предности, но убавината и здравиот живот повеќе одговараат на руралниот живот. Доколку и вие се одлучите за живот на село проверете ги огласите за продажба на куќи и вили во некое од преубавите македонски села.