Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАНДЕМИЈАТА СО ЛОША КАРМА ПО ДЕМОГРАФИЈАТА

July 13, 2021 Filed Under: Македонија

За 11 пати зголемен „негативниот природен прираст“, и селата влегоа во негативан „зона“

ИСЕЛУВАЊЕ Арачиново беше место со експлозивна популација а сега е место на масовно иселување

АНЕТА ДОДЕВСКА

Освен Скопскиот  регион, во сите останати седум плански региони лани е регистриран  драматичен негативен тренд – пад на природниот прираст на населението, што значи намалување на бројот на новородени а пораст на смртните случаи, пишува „Порталб“. Според демографите, ова е последица на здравствената криза кој резултираше со речиси 5 500  смртни случаи од Ковид 19 и поради која државата беше затворена и внатре и од надвор. Во 2020 та статистиката покажува пад на наталитетот и пораст на морталитетот на ниво на државата.

ПАНДЕМИЈАТА ГО ЗЕМА СВОЈОТ ДАНОК И ВО ДЕМОКРАТИЈАТА Во кризната 2020 та година статиститката измери драматичен пад на природниот прираст на ниво на дражавата и тој изнесува (минус)  – 6 724 лица. За разлика од 2019 та, лани и селските општини влегле во зона со негативен природен прираст.

2020 год                  2019 год

Природен прираст – град                                 – 4.690                       – 1.059

Природен прираст  – село                                 – 2.034                             458

Според аналитичарите по статистика и демографија, овие податоци укажуваат дека здравствената криза удри и по  демографската структура во земјава.

„Имавме пандемија која силно се одрзаи врз негативниот прираст и овој тренд ги зафати и селските средини, ова значи дека и тие се соочија со проблемот на зголемен морталитет а намален наталитет. Би посочил два фактори – прво големата смртност поради Ковид 19 и второ,  ограничувањата во движењата што ги имавме, на луѓето им беше ограничено па дури и забрането да патуваат, немаше миграции кои исто така се фактор кој влијае врз наталитетот. “ – вели за “Порталб“ експертот Дончо Герсимовски, еден од поранешните директори на Државниот завод за статистика.

СКОПЈЕ РАСТЕ А што покажува најновата статистика? Во 2020 та година само во Скопскиот регион е регистран позитивен природен прираст од 36 лица. Најголем негативен прираст од скоро 2 000 лица има во Пелагонискиот регион.

 

Природен прираст по региони во 2020 година

Скопски регион                         36

Вардарски регион                  – 834

Источен регион                   – 1.229

Југозападен регион               – 761

Југоисточен регион               – 808

Пелагониски регион          – 1.974

Полошки регион                    – 539

Североисточен регион         – 615

Еден од факторите кои детерминираат вакво нагативно   движење беше ограничената миграција. Така, лани се регисртирани 2 920 отселени и доселени лица додека во 2019 та таа бројка изнесувала  3 174 лица.  Демографите велат дека ваквиот тренд на негативен природен прираст продолжува и годинава, во првиот економски квартал, освен во неколку општини како Арачаиново, Желино, Липково.

„Дефинитивно 2020 та е една карактеристична година во која се забележува негативен демографски тренд. Кај нас и годинава според првичнните податоци околу 70 општини се соочуваат со негативен природен прираст Ова е проблем не само за Македонија, туку и за регионот. Во Србија на пример негативниот природен прираст во првите четири-пет месеци изнесува 43 000 и очекувам дека оваа борјка значајно ќе се зголеми до крајот на годинава. Состојбата е влошена и во Бугарија каде морталитетот е во пораст а наталитетот во опаѓање и ова се случува подолг период , пандемијата само ја влоши состојбата.. “ – анализира Герасимовски.

ДОНЕ ГЕРАСИМОВСКИ Дефинитивно 2020 та е една карактеристична година во која се забележува негативен демографски тренд

Во пандемската 2020 та морталитетот е пораст а наталитетот е во пад. Така лани биле регистриарни 19 031 живородени деца што е за 4,1% помалку во однос на 2019 та година. Во изминатите седум години или од 2014 та па наваму секој година регистриран е намален бројот на живородени деца, во 2014 изнесувал 23 596. Најголем број на живородени деца лани од Скопксите општини, регистран е  во општините Чаир и во  Аеродром а повеќ од 1000 живоредени деца имало  само во општина Тетово.  Од друга страна статитстиката покажува дека лани бројот на умрените лица е зголемен за 26.0 % во однос на претходната година и изнесува 25 775 починати.

Трендот на иселување, особено на помладата популација , според аналитичарите останува клучен фактор кој и натаму ќе ја менува демографската карта на земјава – со очекувани последици – намалување на природниот прираст на населението во државата.

 

Filed Under: Македонија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet