Дали Пандов може да одговори како една фотографија се наоѓа во манифестација на Карев односно на Груев?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Пораката за присуство на одбележувањето на 116-годишнината на загинувањето на претседателот на Крушевската република – Никола Карев, чиј организатор беше Патриотскиот институт има две кардинални огрешувања кон вистината што ја дискредитираат способноста на оваа новокомпонирана институција да ја претставува националната историја. Оваа забелешка произлегува од самиот повик, кој има плакатен карактер а со кој се повикува на масовност при ова одбележување и тоа по два основи. Едниот се однесува на фотографијата на Никола Карев, која има ценртрално место во тој повик, што, разбирливо, наиде на лоши оценки на социјалните мрежи, заради својата невистиност а втората е во креативниот момент на текстот направен според Крушевскиот манифест (или некаде и говорот на Никола Карев пред крушевчани на Илинден), каде директорот на Институтот Александар Пандов си дозволил па проба да направи политички панфлет, кој за невминателниот проследувач може да биде и пропуштен. Истиот е проблематичен на многу начини, најнапред како форма за присвојување на една манифестација, па и на националните вредности од историјата.
Најпрвин за фотографијата на повикот.
На одбележувањето на годишнината од смртта на македонскиот револуционер Даме Груев на 21 декември 2013 година имаме речиси идентична иконографија како оваа по повод 116-те години од погинувањето на Карев. Толку идентична што и сликата на Груев е целосно иста со онаа на Карев од прославата на 27 април.
Во прилог на оваа констатација да ја погледнете веста објавена на Канал 5 за годишнината од гибелот на Груев (https://kanal5.com.mk/vo-rusinovo-odbelezhani-107-godini-od-smrtta-na-dame-gruev/a192398) со сликата како дел од истата, а да ја видиме секако и сликата со која се најавува повикот за присуство на одбележувањето на годишнината од смртта на Карев (https://bregalnicki.mk/najava-za-chestvuva-e-na-116-godishninata-od-hero-skata-smrt-na-nikola-karev-vo-s-ra-chani-kochansko/). Кој е Никола а кој е Даме? Еве на следниот сајт https://mms.mk/ 190188/на-денешен-ден-загинал-даме-груев-осма/) по повод одбележување на смртта на Груев од 2020м година, каде раководителот на Балканскиот револуционерен округ е во полупрофил. Грст фотоградфии на груев можат да се видат и на сајтот Македонски сведоштва, или https://puls24.mk/dame-gruev-nasiot-grev-e-vo-toa-sto-ja-sakame-nasata-tatkovina-1889-g/ или во рубриката На денешен ден на https://infomax.mk/wp/ на-денешен-ден-3aгина-учителот-и-војвод … Видете ја фотографијата на Карев, со неговите мустаќи кои се поставени хоризонтално со усните и се разделуваат под прав агол од нив и разликите кај челото… https://mk.wikibooks.org/wiki/Никола_Карев_—_интервју_за_грчкиот_весник_„Акрополис“,_8_мај_1903_г.)
Ова секако не е банална грешка. Таа слика лебди над манифестацијата а се појавува, гледаме и на одбележувањето на смртта на Груев (во беровско) како и на Карев (ви кочанско). Па ако и има заблуди од тој тип, Патриотскиот институт би требало белким да се грижи за констатирање на историски вистини, па и онаа за тоа како изгледале вистинските херои од минатото, кога веќе има фотографии од поголем дел од нив.
Втората особеност на повикот на организаторот за присуство на поменот за Карев, пред се на првиот човек на овој Партиски институт (делува во рамки на партијата ВМРО ДПМНЕ, види https://fokus.mk/pandov-patriotskiot-institut-ke-go-izgradam-vo-glaven-stolb-na-vmro-dpmne/) – Александар Пандов, инаку историчар по образование
е во фактот што тој се обидува да ги присвојува историските личности како тие да се дел од актуелната ВМРО ДПМНЕ. Во повикот зема дел од познатото обраќање на револуционерниот комитет до соседните села на Крушево, населени со муслиманско население од август 1903 година и го користи на еден многу „несолен начин“.
Еве што вели тој во таа инсценација:
„За време на Илинденското востание, востаничката власт во Крушево го објавила Крушевскиот манифест. Јас го извадив неговиот последен дел и ве молам прочитајтего: ,Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути, мусљумани и комуњари разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите…“.
(https://bregalnicki.mk/najava-za-chestvuva-e-na-116-godishninata-od-hero-skata-smrt-na-nikola-karev-vo-s-ra-chani-kochansko/).
Уфрлување на зборот „комуњари“ во оваа констелација најпрвин, секако е голема невистина и укажува на злоба, недостојна за ваква манифестација. Таа може да добие некаде евтин аплауз, но во основа прави некакво „непријателско опкружување“ кое е дури целосно „во аут“ во однос на смислата на Манифестот!
Обраќањето на Карев односно Крушевскиот маниофест е текст преведен на турски јазик и испратен во 14 околни населби и се однесува на „муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите – Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши“ – види https://mk.wikipedia.org/wiki/ Крушевски_манифест). Најпрвин тоа обраќање има историски контекст а негово „осовременување“ со користење на потсмешлив израз за левицата едноставно е политиканство.
Оттаму ваквото користење на историјата е недостојно за било каква институција (дали е тоа навистина Институт е друго прашање) којан носи ознака – историски.