ДЕНКО МАЛЕСКИ
Мирот и соработката меѓу народите не смее да „биде задушен од прекумерните националистички претензии“, порача папата Франциск во словото одржано во претседателската палата во Атина
Зборовите на папата Франциск инспирираат. Ете ја формулата и за решавањето на нашиот спор со Бугарија. Нашите две републики, Бугарија и Северна Македонија, не смеат да дозволат мирот и соработката „да биде задушен од прекумерни националистички претензии“.
Мирот и соработката меѓу народите не смее да „биде задушен од прекумерните националистички претензии“, порача папата Франциск во словото одржано во претседателската палата во Атина денеска.
„Во таа насока, ќе заклучи тој, сакам да ја обновам мојата почит за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу оваа република и таа на Северна Македонија“. Во мај 2019, со својата посета на Скопје, папата конечно ја стави земјата на картата на светот, ќе напишат западните медиуми, нарекувајќи ја посетата историска. Кои беа „прекумерните националистички претензии“ од кои мораа да се откажат Атина и Скопје за да се отвори патот кон мирот и соработката?
Ние се откажавме од митот дека географска Македонија е само наша етничка татковина во прилог на фактот дека последната отоманска провинција во Европа била мултиетничка земја. Се откажавме и од револуционерниот наратив од времето на конституирањето на асномска Македонија, дека нашата држава е пиемонтот околу кој повторно ќе се обедини поделената татковина. За возврат, Грците го прифатијПапата знае многу добро дека Договорот од Преспа не е популарен кај двата народи, грчкиот и македонскиот. Но, папата им зборува на народите како државник со визија, а не како католички популист кој сака да ги преобрати во неговата вера. Зборовите на папата доаѓаат во право време кога во нашата држава се почесто се слушаат зборови на осуда на компромисот со Грција од страна на оние со „прекумерни националистички претензии“. Колку само комотно во телевизиските дебати кај нас се употребуваат зборовите „предавничкиот“ Преспански договор од страна на интелектуалци и политичари кои би морале да знаат подобро. Во еден дел, и победата на македонските националисти на последните локални избори се должи на оваа осуда на компромисот со Грција. Ретко гледам „почит за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа“ меѓу двете соседни републики, како што не нарекува папата Франциск.
Во очите на папата ние сме две соседни републики. Каков скок напред од времето кога бевме само територија во потрага по меѓународно признавање. Изминативе триесет години се „тешкиот пат“ за кој говори папата. Каде е љубопитноста дома, на еден конструктивен начин, да се осветли тој пат и да се извлечат поуки за понатаму? Сведоци сме главно на поттикнување на гневот кај народот на кој му се всадува мислата дека е понижен наместо да му се објаснат реалностите на меѓународната политика како и дека односите помеѓу нашите две држави сега имаат темел врз кој може да се градат мирот, соработката и пријателството.
Зборовите на папата Франциск инспирираат. Ете ја формулата и за решавањето на нашиот спор со Бугарија. Нашите две републики, Бугарија и Северна Македонија, не смеат да дозволат мирот и соработката „да биде задушен од прекумерни националистички претензии“. а постоењето на младата македонска нација и јазик со, како велеа, грчкото име „Македонија“.