Путин ја искористи парадата за да го зајакне својот углед меѓу сограѓаните, но не изнесени многу факти за своите идни потези, што светот ги очекуваше
Додека руската војска продолжува да ги гранатира градовите во источна Украина, претседателот Владимир Путин на парадата на Денот на победата во Москва.го обвини Западот дека е виновен за војна
„Западот не сакаше да ја слуша Русија, тие имаа други планови – инвазија на нашата земја“, рече Путин.
На традиционалната парада во Москва беше интонирана руската химна, по што беше пукано од топoви, но овој пат авионите не прелетаа поради, како што соопшти Кремљ, лоши временски услови.
Што рече Путин?
Говорејќи на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина, е неопходна и навремена. Тој посочи дека тоа е правилна одлука на силна, суверена и независна држава. Во текот на претходната година имао многу тензии во односите на Русија со европските земји и НАТО алијансата. Путин рече дека Русија побарала од Европа заедно да најдат „фер компромис“, но Европејците не сакале да слушаат.
„Во Киев рекоа дека можеби ќе набават нуклеарно оружје, а НАТО почна да ги испитува териториите блиску до нас, што стана очигледна закана за нас и нашите граници. Сè укажуваше дека има потреба од борба“, изјави претседателот на Русија.
Путин ги повика присутните да оддадат едноминутно молчење за руските војници загинати во Втората светска војна, но и за оние кои загинаа во Донбас во претходните месеци.
Од друга страна Зеленски ја обвини Русија дека спроведува крвава реконструкција на нацизмот. Тој нагласи дека ова е војна на светогледи.
Потоа тој во говорот по повод крајот на Втората светска војна.изјави дека руската армија ги прави истите ѕверства како и нацистите.
„Во Украина се врати темнината и сè повторно стана црно-бело.
Злото се врати, во различна униформа, под различни пароли, но со иста цел“, рече тој во видео-обраќањето.
Непосредно пред Денот на победата десетици луѓе загинаа во руски напад врз училишна зграда во областа Луганск, тврдат украинските власти. Додека Боно, пејачот на групата U2, одржуваше концерт за поддршка во киевското метро, Џастин Трудо, премиерот на Канада и првата дама на САД, Џил Бајден, ненајавена ја посетија Украина.
„Сакам да покажам дека нашиот народ стои до народот на Украина“, рече првата дама. И нејзиниот сопруг, претседателот Џо Бајден, се состана со остатокот од Г7 и Зелените.
Дарија Херасимчук, советничката на претседателот, ја опиша инвазијата како војна против децата. До неделата 225 деца биле убиени и 413 ранети за време на руската инвазија, иако тие бројки веројатно ќе бидат поголеми, бидејќи, не ги вклучуваат жртвите во окупираните области или каде што борбите се во тек.
Во саботата руската армија целеше на училиште во селото Билохоривка, во источна Украина, каде што се криеја речиси сите жители, околу 90 луѓе. Спасени се само 30 лица. Се стравува дека под урнатините може да има и 60 жртви. „Конечниот број на жртви ќе се знае кога ќе се расчистат урнатините, но мали се шансите луѓето да се уште живи“, рече градоначалникот Хајдај. Билохоривка е во близина на градот Северодонецк, кој е под контрола на Украина, и каде владините сили се борат против руските војници и сепаратистите.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека евидентирала 200 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Мајк Рајан, директорот на СЗО за итни случаи, рече дека ќе ги пренесе нивните податоци на оние кои можат да проценат дали се извршени злосторства.
По тој повод, на Москва се обрати и генералниот директор на организацијата Тедрос Адан Гебрејесус, кој ја повика да престане да води војна против соседите и им порача на Украинците дека „СЗО стои на нивна страна“. Украинскиот министер за здравство Виктор Љашко изјави дека 40 болници во Украина се целосно уништени.
Оштетени се околу 500 болници, а во нив веќе не може да се обезбедува здравствена заштита“, вели Љашко. (Р.Г)