Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАРАДОКСОТ НА ЛУАНГ-ЦЕ

August 26, 2019 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во суштина, надвор од парадноста, луѓето не се заинтересирани да нема криминал. Тие знаат дека криминалот е кислородна маска за нивната животна, историска, културна, политичка, идејна и филозофска изнемоштеност. И дека криминалот е единствената форма на живот на оваа планета. Тие бараа и бараат некаква маст или гест против притисокот на нечистата совест

Луѓето не се жестат затоа што Катица не успеа да го убие криминалот. Тие знаат дека таа не би можела да го убие криминалот без да ги убие и нив. Во суштина, надвор од парадноста, луѓето не се заинтересирани да нема криминал. Тие знаат дека криминалот е кислородна маска за нивната животна, историска, културна, политичка, идејна и филозофска изнемоштеност. И дека криминалот е единствената форма на живот на оваа планета. Тие бараа и бараат некаква маст или гест против притисокот на нечистата совест. Која работи и во огледалото на секое утро ги прикажува како помалку или повеќе, бесмислени суштества. Нивната хистерија околу Катица произлегува од тоа што жената ги изневери во симболичка смисла, како статусен симбол на борбата против криминалот, а не како криминалец или како убиец на криминалот. Жената си дозволи да се симне од симболичкото ниво и на луѓето да им се појави на нивното, секојдневно рамниште, како обичен човек кој подлегнал на искушенијата на животот, на искушенијата на кои сите секој ден подлегнуваат, затоа што дозволила расипаниот живот на обичните смртници да влезе и во неа, заборавајки дека таа е изградена како брана. Им го урна целиот симболичен поредок.
Тоа е.
Едно можно објаснување на хистеријата и на атмосферата на линч.
На велам дека е така, но мене ми се гледа интересна македонизираната апликација на парадоксот на Чуанг-Це кај Лакан, во кој Македонецот се буди откако сонувал дека е чесен човек и потоа се прашува: „Како да знам дека не сум чесен човек кој сега сонува дека е Македонец!”
Хахаха!

 

Filed Under: Колумни

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet