Бран напади на владата откако е убиено малолетно девојјче од страна нелегална доселеничка, Алжирка која можеби била дел од нелегална трговија со човечки органи!
Парижаните се шокирани од убиството на 12-годишното девојче чие тело оред 15-тина дена беше пронајдено во кутија во дворот на зградата во која живееше, а случајот се претвори во политичка дебата за статусот на мигрантите.
Многумина во Франција ја критикуваат владата откако дознаа дека осомничената за злосторството е Алжирка која илегално живее во таа земја. Девојчето по име Лола починало од задушување во 19-от арондисман на француската престолнина, открила полицијата.
Полицијата набргу ја уапсила главната осомничена за убиството, идентификувале како Дуфбија Б.(24). Жената е идентификувана на основната снимка од безбедносните камери во станбената зграда, на која се гледа како во друштво на Лола влегува на главната врата.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека земјата е со родителите на девојчето, на кои им ветил целосна поддршка, но десничарската опозиција ја обвинува владата дека нејзината „лабава“ имиграциска политика придонела за овој трагичен случај.
„Осомничената за овој варварски чин не треба да биде во нашата земја – што ве спречува конечно да ставите крај на оваа неконтролирана, тајна имиграција?“, праша Марин Ле Пен, лидер на десничарското Национално собрание. Таа, да потсетиме, беше со Макрон во вториот круг од неодамнешните претседателски избори во Франција.
Премиерката Елизабет Борн апелираше до Ле Пен да „покаже малку пристојност“ и да ја почитува болката на родителите, велејќи: „Полицијата и судството нека си ја завршат работата“.
Ерик Земур, кој исто така беше екстремно десничарски претседателски кандидат, го опиша ова убиство како „Франкоцид“, односно убиство на Французите. Ерик Поге, републикански пратеник, рече дека „животот на Лола е изгубен бидејќи министерот за правда не го протера осомничениот од земјата“.
Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, ја повика екстремната десница да размисли за последиците од таквите тврдења, кои ги окарактеризира како недостојни во изјава за радио РТЛ.
Што се случи со девојката Лола? Тоа го поминала денот на училиште како и обично. Нејзиниот татко, кој работи како чувар во овој блок, алармирал кога девојчето тоа попладне не се вратило дома. Подоцна вечерта, нејзиното тело било откриено, згмечено и завиткано во крпа, во проѕирна пластична кутија за пакување. Кутијата се наоѓала во близина на зграда во 19-тиот арондисман. Рацете и стапалата и биле врзани, а било пријавено дека има расекотина на вратот. Обдукцијата утврдила дека таа починала од задушување.
На нозете и биле залепени две парчиња хартија, на едното пишувало „0“, а на другото „1“.
Осомниченената Алжирка подоцна била видена како излегува од зградата и влече кутија, а потоа се однесува чудно на улицата.
Еден очевидец рече дека побарала помош во замена за пари добиени во „афера со трговија со органи“. Но, од полицијата велат дека не веруваат дека се работи за сериозна трага. Нивната теорија е дека Дафбија Б, која нема регистрирано живеалиште, е психички нестабилна и ја убила девојката без причина.
На 20 август осомничената била запрена на аеродромот бидејќи и била истечена визата за престој во Франција, до која легално дошла како студентка пред шест години.
Потоа и било наредено да ја напушти земјата во рок од еден месец.
Во притвор е и 43-годишен маж за кој се верува дека управувал со Дафбија Б. и кутијата во автомобилот.
Полицијата верува дека откако возела низ предградијата на Париз, Дафбија се вратила во зградата во која живее нејзината сестра.
Во извештајот се вели дека сестрите имале жестока расправија, пред Дафбија повторно да замине – овој пат без кутијата. Таа ја поминала ноќта во стан во предградието Боа Коломбо каде што била уапсена следниот ден.
Полицијата покрена истрага за убиство на лице кое не наполнило 15 години.
Во училиштето на Лола, децата и родителите биле видно вознемирени во понеделникот наутро. Училиштето го посетија министерот за образование, Пап Ндијаје, и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, како и тимови за психолошка поддршка.
„Ќерка ми плачеше за време на викендот, воопшто не можеше да заспие“, изјави Гасми, татко на две деца, за весникот Паризјен.
Тој додаде дека не може да верува во безбедноста на населбата и дека се плаши за децата. „Тоа целосно ми го сврте животот“, вели една жена која исто така живее во близина. Брижит Макрон, сопругата на претседателот Макрон, рече дека ова е „неподнослива трагедија“.