Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАРЛАМЕНТАРЦИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МОБ И НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА

April 23, 2018 Filed Under: Ревија

МОБ најавува сорабока со Државната опера на Виена. Потребни се сценографи и костимографи. Националната галерија има потреба од конзерваторска лабораторија и стручен кадар за конзервација

ВО МОБ Во ек се подготовките за Мајските вечери

Работната група на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, во состав: Ирена Стефоска, Никица Корубин, Весна Дамчевска-Илиевска, Славица Шуманска-Митева и Крсто Јовановски, на 18 април 2018 година, оствари работна посета на Македонската опера и балет и Националната галерија на Македонија.

На средбата со Ќазим Асотиќ, в.д. директор на Македонската опера и балет, членовите на Комисијата за култура се запознаа со состојбата во која се наоѓа оваа врвна институција и предизвиците со кои се соочува при својата работа. Асотиќ истакна дека Македонската опера и балет овој период интензивно се подготвува за годинешниот фестивал Мајски оперски вечери, кој претставува гордост на оваа институција.

РУИНА Спомен домот на Личенопвски е во руинирана состојба

Најави дека им претстои соработка со Државната опера на Виена, која во октомври ќе ја отвори новата сезона на МОБ со гала оперски концерт. Асотиќ потенцираше дека Македонската опера и балет располага со врвен стручен кадар и одлични ресурси, како што се ателјеата за изработка на костими и сценографии, но имаат потреба од кадар за подготовка  на костимографија и сценографија.

При посетата на Националната галерија на Македонија, директорката Дита Старова-Керими истакна дека оваа национална институција во своето депо го чува најголемото културно наследство на Република Македонија. Во тој поглед, заради зачувување на колекцијата со врвни уметнички дела, Националната галерија има потреба од конзерваторска лабораторија и стручен кадар за конзервација, како и депоа со соодветни услови за чување на уметничките дела.

ДЕПО Националната галерија е сликарска ризница на земјава

Беше извршена посета и на Спомен-куќата на Лазар Личеноски, која е прогласена за културно наследство од особено значење.

Спомен-куќата се наоѓа во руинирана состојба и потребни се средства за санација и уредување на просторот

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet