Наводната новинарска љубопитност за енергетската криза ја рушат потребата од преговрачка дискреција која во овие моменти е нужна, особено кога се работи за „ценкањето“ со цените на енергентите
Владата ја почна постапката за за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ, соопшти неодамна премиерот Димитар Ковачевски. Гас ќе се добива од Србија, доколку се финализира договорот за кој што се преговара. Станува збор за размена на гас за струја
„Ние ги имаме донесено сите одлуки и одобрено меморандум за соработка. Не се работи за купопродажба на гас, туку за размена на гас за електична енергија. Знаете дека имаме когенеративна централа која што работи на гас, а Србија има складишта на гас кои можат да бидат искористени во нашата централа. Врз основа на договор кој што се преговара и кој се уште не е финално договорен, бидејќи од страна на Србија треба да се проверат сите претпоставки за негово успешно реализирање, ќе се реализира доколку за тоа постојат 100 проценти шанси да биде реализиран. Нашите тимови и во моментов преговараат , тоа ќе продолжат да го прават и во текот на утрешниот ден и штом ќе има резултат, тој ќе биде соопштен“, рече Ковачевски.
Енергетската криза како светски феномен, со неизбежни, па и драматични одглаис и во јавниот дискусрс на нашата политика и економија, ја заврши септемвриската ветром,етина со вонредна прес-конференција во Владата, потоа и со доста кавгаџиска, очекувано таква атмосфера во Собранието, на седница за пратенички прашања.
По седницата на Владата на 28 септември, на еден ноќен прес ,премиерот Ковачевски потенцираше дека парно греење за скопјани ќе има, како и дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври. Тој ги повика градот Скопје, РКЕ и Комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење за одлуката со што ќе се створат услови за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Обезбедени се финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија, истакна Ковачевски (колку што чувме 11 милиони евра). Според него, во однос на електрична енергија, и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија.
„Осумдесет проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската. Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини, нагласи премиерот.
Сета оваа нервозна ситуација настана, барем гледано формално, по реакциите од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) – Производство што преку соопштение објави дека нема правна основа да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона ниту, пак, има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија стигнаа и спротивни коментари и оценки од официјални органи.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во врска со тоа упати апел до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи топлинска енергија ќе има, откако вчерашното соопштение од компанијата БЕГ, која во јуни ја изгуби лиценцата за парно греење во Скопје, соопшти дека нема ниту законска основа, а ниту пак финансиски средства да го прави тоа, иако сè уште нема избор на нов вршител на дејноста и издавање нова лиценца.
Одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата за миграција на работна сила, Битиќи рече дека е обезбеден и гас.
„ЕСМ и’„Адора’ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Сè што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас“, рече Битиќи.
Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.
„Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на приватниот партнер не сум задоволен, би сакал ЕСМ да го направи тоа“, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради.
И министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска ги уверува родителите да се плашат бидејќи греење во градинките ќе има. Сметките за струја во градинките, според министерката, не се големи затоа што тие плаќаат како домаќинствата, а не индустриска струја
Според неа, во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) досега немаат реакции дека градинките плаќаат големи сметки за струја. Тие, вели таа, плаќаат струја како домаќинствата, а не индустриска. Покрај тоа, наведува министерката, голем дел, особено тие што се изградени од 2019 наваму, се енергетски ефикасни и имаат голема заштеда на електрична енергија.
Тренчевска во изјавата за медиумите потсети дека МТСП покрива плати и дел од трошоците во градинките преку блок дотации, но и оти тие имаат и сопствени приливи.
„МТСП е одговорно преку блок дотации за покривање на платите на сите вработени во детските градинки, како и за градење, реновирање на детските градинки на ниво на цела држава. Покрај блок дотациите за платите префрламе средства и за материјални трошоци. Меѓутоа, градинките си имаат и сопствени средства, доплатата на родителите за сместување на децата во градинките. Така што одговорноста за плаќањата на комуналии, вклучително и на сметките за електрична енергија е обврска на основачот на градинката, а тоа е општината“,
рече министерката.
Преговорите што се водеа со Бугарија за испорака на електрична енергија за големите потрошувачи, покажаа променливост на ќудта кај нашите потенцијални партнери – почетната цена беше 200 евра за киловатчас, потоа по практично договорената зделка во Софија ја скокнаа на 400 евра иако таа во мигот на европската берза за струја беше 310 евра! Нема многу детасли од преговорите со турски извозници (практично тука се и азербејџанскиот гас) кои се уште не се официјализираат заради цените кои се нестабилни.
Новинарите и нивните прашања во земјава практично ја рушат онаа дискреција која во овие околности требаше да ја има, секако и заради рускиот фактор. Дури и ако Москва би сакала да замижи зад одредени моменти околу преносот, новинарите, кои се очевидно во функција на домашните монополисти кај енергенсите ја рушат таа околност и ја отежнуваат ситуацијата. (Р.Г.)