Тука немаме гласачи кои можат да размислуваат надвор од црно-белите ситуации а камо ли да распознаваат нијанси. Затоа гласачката маса е заслепена во лидери кои опстојуваат и во многу валкани игри. Ова со гласањата во третата власт (Судски совет, Уставен суд) или со ситуацијата со Комисијата за избори и именувања во Парламентот е само илустрација дека политиката е сведена на пребројувања а не на борба за политички модели и идеологии
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Некаде пред 3-4 години ми пријде еден поранешен колега, одамна е во пензија. Дојде да ми каже дека „тие не поддржуваат, тие се со нас“. И си замина,. Човекот своевемено стана приврзеник, ако не и член на ВМРО ДПМН, уште со појавата на оваа партија. Не ги криеше своите чувства на блискост, практично идентичност со соседниот бугарски народ и по раскинот на крилото на Љубчо Георгиевски со експретседателот на оваа партија Никола Груевски, тој остана верен на претходниот лидер на оваа партија. Во една друга прилика истакна дека онаа елита околу Груевски е „просрпска“ и како таква неприфатлива.за него.а ова со „не поддржуваат“ значело дека ние пред се не сме „просрпски„ бидејжи сме и по насловот на магазинот со „хрватските европски погледи на работите“. Но, од неодамна, откско констатиравме дека договорот со Софија на оваа власт е добар престана да ме поздравува! Ми требаше малку време за да сватам – аха, и јас сум непожелен, нешто како предавник за името…
Овој пример е само показател дека на Балканот, како што се вели, луѓето се далтонисти. Тие немаат сознанија за основните бои, а камо ли за нијансите, што белким е неопходно ниво кога говориме за политички теми, ако се тие на масата или треба да се дел од дебатите меѓу политичарите од различни партии. На што потсетува таа ситуација? Кај нас постојат само црно-бели ситуции а ниту црнто, ниту белото не се бои.
Писателот и уредник на еминентната едиција „20.век“ Иван Чоловиќ деновиве пишуваше за кражбата на Мона Лиза од Лувр во 1911 година, кога луѓето доаѓале во музејот и гледале во местото каде била закачена сликата на Да Винчи и се уште таму стоеле четири метални држачи. Тој ефект покажува дека опиеноста постои и кога причината ја нема – го нема на пример социјализмот ама луѓето говорат за тоа што изгубиле со неговото отстранување од историската сцена. Побегнал лидерот на партијата во Будимпешта, за да не оди во затвор по правосилна пресуда ама останува обожуван, погледнете само низ пораките на Фејсбук.
Овие сознанија ми се враќаат откако ги видов ситуациите кои ги повторуваат сликите за врските меѓу ДУИ на Али Ахмети и ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски. Лидерот од Мала Речица веројатно кога оди на спиење ја носи со себе онаа слика на својот политички сојузник Груевски, од јануари 2017 година, како ѕирка од зад завесата на прозорецот од Шампитата – тој се прашуваше дали кај него во штабот ќе пристигне делегацијата од Мала Речица за да даде знак дека „свадбата може да почне“. Таа неостварена или поточно непродолжена врска меѓу двете партии ја измени клучно политичката клама во земјава ама за некого сепак тоа беше „на сугестија“ од надвор, тука нема дилема, за која барем тогаш немаше комбинација за одбегнување на „стапот“ доколку не се прифати „морковот“ на промените со кои би се продолжило кон она што се нарекува евроатлански интеграции. Дали на Ахмети му била ветена при тоа и одредена макар и необјавена аболиција за неговите најблиски кадри, сите со обвнителен путер под шапката, не е јасно, но видливо беше дека од Тетово доаѓаше поладна струја кога коалицијата требаше да влегува во бурние води на било каква форма на обид за исправање на работите на правосудството. Имаме безброј сведоштва за тоа – од тврдото држење на фотелјата на министерот за правда за себе, потоа за немарниот однос кон СЈО, па опструкциите кои судиите назначени од ДУИ ги имаа во колективните тела, каде се одлучуваше за одредени репенија битни за промените кај третата власт.. Па односот на спикерот на Парламнтот кон позицијата на својот претходник, Трајко Вељановски, како и кон апанажата на Груевски беше само мало „намигнување“ како ишарет за старите времиња. „Све је исто, само њега нема“ што би рекла пејачката Дапчевиќ, овој пат мислиме на будимпештанскиот бегалец, секако.
Она што се случуваше, засега како обид за поништување на најважните пресуди од страна на Уставниот суд секако многу јасно покажа која партија е таа „намигнувачка“ во случајот а ова што се случи во Комисијата за избори и именувања во Парламентот повидливо од било кога ги отстрани евентуалните дилеми за функционирањето на владината коалиција. Договорите на трите големи партии да се поддржи изборот на Максим Ацевски од Велес, како кандидат на ВМРО ДПМНЕ за прв човек на Заводот за ревизија, каде две години нема челник, беше изигран во мигот кога Павлина Црвенковска требаше да стане член на Судскиот совет, како кандидат на социјалдемократите. Имено, на Комисијата помина кандидатот на ДУИ Селим Адеми, ама кај Црвенковска имаме случај на „непринципиелна коалиција“. Таа не оби гласови од ДУИ и од ВМРО.
„Но, примерот со кандидатите за Судски совет е како последица на сето она што се случува низ правосудството изминатите години, особено откако СЈО започна со судски процеси против функционери на ВМРО ДПМНЕ, но не и на ДУИ. Со тоа се докажува двојната улога на партијата на Ахмети. И се додворува и ја уценува СДСМ за нивните функционери да останат неосудени, како Бујар Османи на пример, а зад сцената флертува со ВМРО ДПМНЕ“ – пишува на пример Љубиша Арсиќ за Нова ТВ.
Илјадата амандмани на ДУИ за измените на Законот за избори, како противник на идејата земјата да биде една изборна единица, не се одраз на принципелни разлики, туку една форма на понижување на коалицискиот партнер, особено сега, кога изборите се на прагот.
Мицковски .може наскоро да се подготви да ѕирнува зад завесата на Шампитата и да ја чека делегацијата од Мала Речица.