Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПАРТИСКОТО „ОДАМ – НЕ ОДАМ“ ВО ТИРАНА И РАСПРАВИИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК

January 10, 2023 Filed Under: Македонија

Малку кој се сомнева дека Еди Рама ќе се обиде да ги обедини албанските партии од Македонија на линија на одбрана на прозападната ориентација на земјата. Во спротивно настаните можат да и’ наштетат и на Тирана, бидејќи ќе порасне скепсата во ЕУ кон интеграцијата на Западен Балкан

ТИРАНА Прв заеднички обем меѓу лидерите на македонските албански партии и Едио Рама после 2017 година

Рама ќе сака да покаже „патернитет“ над севкупниот албански фактор во регионот, а од врвот на ДУИ – да бидат легитимирани од Тирана за вистински претставници на партијата, наспроти „Огнена Група“. Ова е кусиот сегмент од коментарот на Катерина Блажевсјка во македонското издание на Дојче Веле.

Пршање во коментарите по повод оваа средба која би требала да се случи во Тирана во вторникот доцна попладне, на некаква руќек-вечера е проткаена со поединечни проценки, на одредени точки, „кон дрвата“, но не и на „поглед кон шумата“ а тоа е ин терсот ана Тирана, кон која индиректно ќе порасне скепсата за интеграциите во Унијата, кои некако во пакет се одвиваат последната деценија. Да појдеме по ред?

Во разговор за МКД.мк потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани вели дека Беса нема да оди во Тирана на покана од албанскиот премиер Еди Рама. Toj вели дека целта на закажаната средба на лидерите на партиите на Албанците во Тирана е промовирање на нова Влада на Димитар Ковачевски, проширена со уште еден коалициски партнер и спас на речиси две години мандат. „На иста маса со Ахмети не седнуваме“, вели Лимани.

„На Централно претседателство на Беса донесовме одлука ако на состанокот во Тирана присуствува Ахмети дека ние нема да седнеме на иста маса, односно Беса не оди во Тирана“, вели Лимани.

Тој потсетува дека Беса пред еден месец имаше упатено покана до партиите на Албанците со свои претставници да седнат на една маса и да изградат заеднички став во врска со „францускиот предлог“ за уставни измени.

„Ахмети тогаш врати со понижувачки одговор кон нас, во смисла дека Беса не е фактор за да повикува на вакви состаноци, но и рече дека состанок само на албански лидери не е во духот на градење доверба помеѓу Албанците и Македонците. Значи, не треба да седнуваме одделно од Македонците зашто се работи за критичен период, кога се потребни гласови за уставни измени од пратеници Македонци“, вели Лимани.

ЕДИ РАМА Кога се работи за влзот во Унијата за албанскиот премиер „пакет аранжманот“ со Северна Македонија е посигурен

Тој поставува прашања: „Во овој случај дали состанокот во Тирана е во духот на градење на меѓусебна доверба? Зошто СДСМ го поздрави овој чин и состанокот во Тирана? Што се крои таму?“

И дава одговори: „Просто е. Состанокот е во духот на спасување на криминалната влада СДСМ – ДУИ, а во која, според мене, ќе промовираат и други коалициски партнери.

Лимани вели дека Беса останува на ставот за уставни измени, останува на евроинтеграцискиот пат, но нагласува дека се тоа прашања за кои треба тука во Македонија да се постигне договор, а не да се бара помош за опстанок на криминалци во врвот.

Тој потсетува како пред шест години т.н. тиранска платформа креваше тензии во Македонија и вели дека ако партиите се за напредок на земјава дека треба проблемите овде да се решаваат, и сите пратеници и Албанци и Македонци да создадат добра клима за позитивни одлуки во парламентот.

На крајот Лимани потсетува на партиски став.

„Нема да присуствуваме на состаноци на кои се присутни криминалци кои депортирајќи ги младите ја испустија земјава“.

Нема потреба од конспирации, премиерот на Албанија Еди Рама е пријател на Северна Македонија, средбата во Тирана е новогодишна, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи, кој како министер за надворешни рабпоти во понеделникот имаше средба со американската амбасадорка Анџела Агелер и амбасадорите од земјите на Јадранската повелба.

Средбата во Тирана, околу која слушам деновиве плетење на разни приказни, всушност е новогодишна и нема некоја конкретна агенда, рече Османи.

„Според информациите со кои располагам, средбата во Тирана е новогодишна и има за цел размена на мислења за повеќе актуелни прашања во регионот, исто така и за очекувањата во новата година, која носи повеќе предизвици.  Но, средбата нема предвидена, прецизна агенда. Премиерот на Албанија Еди Рама е докажан пријател на Северна Македонија, а тоа паметиме особено го докажа во преговорите со Бугарија, кога буквално, некогаш изложувајќи се и на сметка на интересите на Албанија, бранеше македонски позиции. Не треба да се создаде конспирација по однос на тие средби“, рече Османи оценувајќи дека некои партии имаат потреба, заради теснопартиски интереси, да ги преминуваат сите граници во коментарите не водејќи сметка за државните интереси.

 

ФАТМИР ЛИМАНИ Неговата партија нема одговор што ако ја руши оваа македонска влада – со кого би коалицирала?

Ставот на портпаролот на ДУИ Османи е и одговор на погоре цтираните  изјави на потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани дадена за МКД.мк,. Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека критиките на т.н. „Огнена група“ во ДУИ за работата на партиските функционери се „неформални и неверодостојни за коментирање“, односно дека постојат институции, како што е Европската Комисија, која е задолжена за давање најобјективна проценка.

Османи, одговарајќи на новинарско прашање на понеделничката  заедничка прес-конференција со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, истакна дека секоја критика која не доаѓа од институциите кои се задолжени за објективна проценка на работата на функционерите во државава, е со доза на субјективизам.

– Единствено Европската комисија прави проценка согласно одредени параметри и јас навистина се гордеам со Министерството за надворешни работи во 2022 година, бидејќи единствено надворешната политика ја доби најдобрата оценка, многу добар прогрес односно многу добро унапредување во постигнувањето на целите.  Меѓутоа се разбира постојат органи во рамките на државата и во рамките на партиите од кои доаѓаме, така што не би коментирал неформални оценки од кого било. Кога ќе имаме време да работиме ако почнеме да коментираме секакви неформални коментари по однос на нашата работа, додаде Османи.

СИ ИМА РАБОТА Министерот Османи не сакаше многу да коментира за тиранската средба – рече си има поважни работи (на прес со амбасадорката Агелер)

Впрочем и Тирана си има свои проблеми со Западот. Најпрвин треба да се земе во предвид претстојното протерување на десеттина и повеќе илјади илегално доселени Албанци во Обединетото кралство. Кои доста го чинат Лоднон, што е голем финансиски и безбедносен проблем. Иако не е споменувано, но на Островот постои осмневање дека Тирана лесно дава државјанство на било кој Албанец по род од Косово и Македонија кој тоа ќе го посака?! Ова последното секако нема да им доападне на оние други држави во Унијата (ОК тоа нели не е после Брегзитот). Потоа тирана пио дифолт во услови кога се заоструваат односите на релација белград- приштина зазема патерналистички став кон Косово што серриозно наштетува на односите во рамките на Отвиорен Балкан, па и на Берлинскиот процес, што пак не е во духот на олабавувбањето на односите во регионот. Дали ставот на Рама во вакви прилики е, на пример, омилен кај Габриел Ескобар кој се ободува го притисне косовскиот политички врв да го имплементира Бриселскиот сдоговор од 2013 година? За ова не е неопходна посебна анализа.

Оттаму за Рама е битна хармонијата во Македонија во нејзините евроатлански аспирации кои и преку одредени албански кругови во земјава се загорозуваат, ѓшто ја поттикнуваат ВМРО ДПМНЕ да се соколи и да прави обиди за нарушување на владата.

(Р.Г.)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet