Актуелната министерка за образование Весна Јаневска е докажан дисциплиниран извршител на партиските задачи. Тоа се покажа за прв пат во рушењето на започнатиот Попис на анселението во 2011 година. Но сега е образованието нво прашање а тие тврдо и нечувствително ги руши социјалните договори со просветарите, ја доведува ситуацијата до можен генерален штрајк во таа област. Сега не бега и од закани за „вишокот на наставници“ одреден како 3.000 наставници! А за отсуството на асистенти на децата со посебни потреби и да не се говори – нема изговор што може да ја оправда во јавноста
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Mинистерката Весна Јаневска во обид да ги „ишка“ веројaтните протести на наставниците, членови на СОНК, заради неисполнување на dоговорите за движење на платите, денес обелодени нешто што личи на јасна уцена. Имено, бидејќи синдикалците се незадоволни со одложување на покачувањето, што е трансверирано како ветено зголемување за следната година (нели, друга година си е нешто друго, односно ново усогласувањее на платите, како и со одредување на најниската плата во образованието), стана јсно дека следува штрајкувачки нокаут за владината разубавена сегашност. Посебен револт, но и исмејување отстрана имаше и резултатот на тет-а-тет согласноста на лидерот на СОНК Јаким Неделков преку неговиот потпис на договорот со одредување на најниската плата со „славните“ 0,7 отсто, со што во образованието се доби пониска сума од најниската плата, одредена на ниво на државата (!). Така се дојде до доста затегната ситуација на ниво на вработени во оваа дејност и власта. Наставниците решително најавија штрајк па сега Јаневска итро сака да ги заплаши.
Таа денес на малите екрани соопшто дека во образованието имало запишано 17 илјади ученици помалку, кумулирано седум години наназад . Прсметала таа дека ова значи дека дури 3.000 наставници се вишок (https://www.slobodenpecat.mk/vo-obrazovanieto-vishok-se-3-000-nastavnici-no-za-site-kje-ima-rabota-i-povisoki-plati-veti-janevska/) .
Ова не може а да не се свати дека во СОНК можат да бираат – или штрајк или наставниците ќе одат на „на паровио разбројс“!
Додуша Јаневска нагласи дека тие, во Владата, имале на ум дека оние што се вишок ќе ги вработат во целодневната настава, односно – условно – второт полугодие за учениците, кога наставниците стануваат воспитувачи а не – предавачи. Но и тоа е некакво кусо јаже за оние кои се сметаат во овој миг за потенцијални жртви на таа рестрикција на платните списоци. Тие пак ќе се држат настрана против повикот за штрајкување на колегите односни ќе гледаат да го амортизираат незадоволството заради уште едно ветување на Јан евска. Згора на оние дадени во предизборниот период (учебници што доцнат, учење преку филмови што се гледаат на малите екрани и слично).
Дали оваа замисла како покритие за вршењето на притисок врз наставниот и друг училишен персонал има било каква логика?
Имено, ако вишокот се гледа пред се кај одделнијата со помал број ученици, тогаш жртвени јариња се селските наставници, кои мака мачат да најдат доволен број на ученици, како резултат на неповолните демографски движења. Јаневска вели некои иодделнија имала само 15 учениви. При тоа се заборава дека државата има обврска да обезбеди школување и за децата од село! Осд каде сега таа амнезија во поглед на правата на детето или од сметководствената логика за гледање на се (значи низ призма на паричникот на државата) се гази основата смисла за постоење на образовниот пероцес.
Па госпоѓо министерке, денес е проблем да најдете некој кој би одел за просветар во селски училишта по сите тамошни услови а не да му се бројат учениците!!
Понатаму, во овој контекст треба да се гледа и примерот на Јаневска со ценодневната настава како наводно решение за вишокот од 3.000 наставници. Не треба да ни ги отвора очите за работи што ние постарите родители, чии деца сега имаат свои ученици, порано се решаваше со двосменско работење – првата смена држи настава а втората смена ги подготвува учениците за следниот училишен ден. Во неделна смена на местата за наставниците. Росдителите дома требаше да си носат готов, „инстант“ основец или средношколец.
Ама ова важи за училиштата со соодветни услиови и се претпоставува само за градските образовни установи. Тоа секако прилично и ќе чини – за греењето, осветлувањето, потрошувачката на вода а повеќе од вообичаено ќе го изгуби интересот на родителот за успехот на своето дете. Јаневска е патолог по професија ама не и математичар, јасно. Како ово онаа поговрка – „што ќе добиеш на мостот, ќе изгубиш …“. Посебно што миора да се обезбеди исхрана за учениците ако веќе тие треба да минат осум часа во клупите. Дали мензите не се дополнителен трошок? Или се ќе треба да го платат родителите во форма на две ужинки и слично?
На членовите на СОНК бргу ќе им стане јасно дека кај нас нема подготвеност за целодневна настава, но секогаш, како кога е ВМРО ДПМНЕ на власт, се отвораат сите опции за вршење на притисок врз синдикално организираното населени, се газат нивните индивидуални и колективни права.
Впрочем, Јаневска веќе има еден огромен грев, надвор од било каква етика во врска со изгубените асистенти на децата – ученици со посебни потреби. Треба ли тука нешто да се објаснува?Тие ученици не можат да одат на настава без постоење на такви лица веќе 40-тина дена. Зошто? Јаневска која е надлежна за постоењето на една професија од понов датум малку и се и сто дена за проблем кој мораше да го реши посовреме. И кој и не беше проблем, бидејќи тие деца веќе порано, во впретходните влади и тогашните министри тоа прашање го апсолвираа. И требаше само еден летен месец за да обезбеди мирен континуитет на опние лица кои досега беа обучени асистенти. Требаше само да се распише оглас и тие лиа да продолжат да ја обавуваат својата одговорна и пред се хумана професија (https://infomax.mk/владата-ги-остави-личните-асистенти-н/). Но, како што јавија и од повеќе извори (https://tribuna.mk/sdsm-janevska-dali-zaradi-partiski-vrabotuvanja-nema-obrazovni-asistenti-vo-uchilishtata/) во локалните органоци на ВМРо ДПМНЕ постоела голема турканица за нови вработувања токму како аистенти за децата со познат тип на проблеми?! Ова секако објаснува се’ а министерката само со лaги се обидуваше да ја стави таа караница зад параванот на сопствените мамења пред родителите на тие деца. Дури и оние родители кои имаа големо трпение сега јавно велат – не излажаа. А веќе, нели, стана повеќе од јасно дека нешто крупно се случува на планот на нормалното одвивање на просветниот процес и дека Јаневска е очевидно корисен член на партиската братија кога се работи за чувствителни процеси.
Имено, таа веќе еднаш ја покажа својата нечувствителноста кога се работеше за прекинување на процесот на Попис на населнието во октомври 2011 година, како прва во давањето оставки што во Комисијата, што се претвори потоа во лавина и пописот пропадна, па бевме една од двете држави во светот што немаа попис во траење од две децении (https://360stepeni.mk/kako-propadna-popisot-vo-2011-ta-za-koj-sjo/). Јаневска не беше идеологот на „убивање“ на пописните активности – СЈО поведе своевремено постапка против Груевски и Ахмети – но Јаневска се покажа како дисциплиниран извршител на упатствијата на политичкиот врв.
И во овој свој првичен настап по станувањето на министерка, во одработувањето на своите први 100 дена јасно покажа дека го прави она од што страда јавниот интерес (образованието, трипартизмот и грижата за децата со посебни потреби) ама турканиците за нови вработувања ѕиркаат од под закрила на интерните ветувања во партијата. И да се работееше за озборувања, ситуацијата сега е јасна.
Впрочем, од патолозите и се очекува да бидат отрпнати во обавувањето на некои непријатни работи, одбивни за обичниот свет.