Преспа и Ресен во патописот на Евлија Челебија (од 1660 до 1668). Ништо за историјата на овие краишта – селата и градовите се опишуваат како Османлиите таму да биле одвека веков
Евлија ибн Дервиш Мехмед Зили или Евлија Челебија е најпознатиот турски патописец. Роден е во Истанбул 25.03.1611г-1682 г.По занает бил златар.Неговиот вујко бил везир и токму овие врски му дале можност да се здобие со висока наобразба и да ја реализира својата желба за патување. Учел калиграфија, историја, географија, астрологија, книжевнопст.Патувањата биле негова слабост.Патовуал сам, како имам во армијата, придружник и секретар на видни личности ,меѓу кои и неговиот вујко Мелек Ахмед паша. Неговиот татко му сугерирал да води белешки од своите патувања.Го издал својот прочуен Сејахатнаме -Патопис во 10 томови.Напоредно со точните описи на градовите,обичаите вметнал и фантастични измислици, анегдоти и гтанки.
Австрискиот дипломат и ориенталист Јозеф Фон Хамер прв го открил и издал делови од неговиот патопис.
Евлија Лечебија инаку бил и во областа на нашите големи езера. Пишувал „за среќниот Охрид“. „Тоа е угледен кадилак со ранг на кадилак со 300 акчиња.Тој има сенасе три нахии и тоа: Струга,Ресна и Охрид. Евлија Челебија дал прекрасен опис на планината Исток (!), веројатно Галичица, бидејќи се наошала на премин од Охрид кон Преспа: Потоа со Охрузаде и неколку стотини луѓе ги јавнавме нашите коњи и направивме излет на шумовитата висорамнина,Исток. „Тргнувајќи од Охрид и за следните три часа,стигнавме во селото Черибаши “ Имало 200 куќи и уредени бавчи.
ОПИС НА ГОЛЕМАТА ШУМОВИТА ВИСОРАМНИНА ИСТОК Оваа необична висорамнина им е позната и на Арапите и на Персијанците.Од сите страни на оваа висорамнине се гледаат сите шуми и планини на седум кадилаци.На западната страна од оваа висорамнина лежи градот Охрид кој е оддалечен пет часа одење,повеќе на југ.Самиот град и неговото езеро и сите негови пространи ниви,јасно се гледаат како пленот на стрелците.Лете,на таа висорамнина се гојат и пасат триста грла овци за богатиот,благороден и драг благородник бег Охрузаде.Овде има околу седум илјади разновидни овци.
„Оваа висорамнина,по Алманските гори (Алпи) и планините Рила, Доспат, Серез и Таус е најпозната во румелиските земји.Тука престојувавме со овчарите во бачилата и трлата за овци и се движевме со нив, јадејќи кајмак, јогурт, телме-сирење и павлака, ениз, гојемез, хошмерад( разни јадења приготвени од млеко и свежо сирење,често запржени со шеќер), кајмак со мед,кајгана со мед и младо сирење и пиејќи биено млеко од жолтите кози што се вика сурутка и која ги подмалдува џигерите;ј адевме уште ќебапи од дебели јагниња и риба пастрмка,а пиевме разновидна вода што е студена како еликсир на животот,како парче мраз.
Исто така јадевме плодови од шумските растенија и треви што овде ги има илјади видови,како рибизли, ешган,ј агоди, диви цреши и боровинки,а пиевме и медовина од разни видови мед-самоток и така уживавме.Така зумбули, грчки мошус, лалиња, јаглика и нарцис,какви има на оваа планина, можеби има само на планината Бинѓол во вилаетот Ерзерум,на планината Бисутун,на планината Дема(ве)нд и на планината Ерџеш.На оваа висорамнина уживавме и се разонодувавме седум дена,а потоа бавно тргнавме понатаму на исток,спуштајќи се наудолу де пеш, де врз коњи. Одејќи така… часа кон исток,го поминавме селото Јаране(Парани). Патувајќи 6 часа натаму,пак кон исток,стигнавме во Ресен.
ОПИС НА НАПРЕДНАТА КАСАБА РЕСЕН Оваа касаба е нијабет на територијата на Охридскиот санџак и зијамет со имунитет; се наоѓа во пространото поле низ кое тече река.., а се состои од 180 цврсти куќи, покриени со ќерамиди, со градини поставени на простран терен.Има само две маала.
Една половина од населението се муслимани,а втората христијани. Постојат два муслимански храма; едниот е џамијата на Рамазан-бег од шехерот Битола(Манастир),а се наоѓа во чаршијата. Тоа е убава џамија,покриена со ќерамиди,има минаре од камен. Во дворот на џамијата се наоѓа основно училиште. Втората е џамијата на Хаџи Мурат. Постои една медреса за софти (студенти), едно дервишко теќе,еден амам што е задужбина на Сарузаде,еден ан и дваесет мали продавници.Еднаш седмично,илјадници луѓе се собираат од околните села;се одрзжува неделниот пазар и се одвива жива трговија. Јас,кутриот,дојдов да ја објавам веста дека сите што се определени да го чуваат градот Мајанија треба да се јават и дека не треба да чекаат ниту миг.
Од првенците и видните луѓе на шехерот јасно се истакнуваат гостоприемниот Кочи–бег и Муртеза-бег (кои држат конаци за гости).Тие мене кутриот и на Охризаде ни приготвија голема гозба, а утредента заминаа во воениот поход во Манија. Од специјалитетите во касабата Ресен се истакнува костенот и зимската круша.Во нивните планини се наоѓаат корења од кои се произведува црвената боја на (египетските) пирамиди што наклонува кон бојата на чојата.Тоа се интересни и прочуени бои кои заслужуваат да се видат.
Сите жители се занимаваат главно со одгледување на овие корења за бои што се извезуваат во Френгистан (Западна Европа).Тоа многу се бара;овде каде доаѓаат трговци од сите краишта и пакуваат илјадници пакети на коренот од кој се добива бојата и ги разнесуваат во разни краеви на светот. Од ова место ни останува левата страна,мошне блиску,кадилакот на Преспа.
Потоа повторно се вративме назад,на горската висорамнина Исток,каде уживавме еден ден и една ноќ.Потоа се спуштивме од висорамнината кон запад по пет часа повторно го поминавме селото Черибаши и пак пристигнавме во шехерот Охрид. Тука ноќевавме една ноќ и утредента се збогувавме со сите пријатели и со придружба на воената музика на охридскиот санџак-бег, тргнавме со својата војска на чување на градот Манија.
Патописецот после описот на напредната касаба Старова,која се наоѓала во Охридскиот санџак вели:Притоа не одевме повеќе кон градот Охрид,туку тргнавме кон југо-исток, зад грбот на шехерот Охрид,по подножјето на горската висорамнина Исток. Потоа пак го поминавме селото Черибаши и зедовме водичи неколкумина од христијанската раја, па повторно ја преминавме горската висорамнина Исток,по други патишта, набљудувајќи ја оваа висорамнина.Спуштајќи се низ неа, по пет часа пристигнавме во селото Паж Тоа село е населено само со христијани, а се наоѓа на територијата на охридскиот санџак.Поминувајќи покрај тоа село и спуштајќи се три часа кон југоисток дојдовме во Преспа.
ОПИС НА ГОЛЕМОТО СЕЛО –КАСАБА ПРЕСПА Ова е исто така војводлак на територијата на охридскиот санџак и хас на охридксиот паша. Тоа е кадилак од 150 акчи,само тука не постои касаба,туку нахијата (на овој кадилак) се состои од 40 добро населени и богати села, така што секое од нив е како една касаба. Некои села лежат на брегот на Преспанското Езеро (Преспа Ѓолу).Ова се богати и добро населени села. ОПИС НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО Тоа е мало езеро со четириаголна форма од кое добива вода Охридското Езеро. Надолж и попреку опфаќа девет милји. Во него се ловат многу разновидни риби;тоа е посебен еманет. Меѓутоа,одвреме на време,овој еманет го држи еминот на Охридското Езеро. Оттаму патувавме преку преспанскиот кадилак, оставајќи ја зад себе,касабата Ресен од левата страна.Јас кутриот,патувајќи низ една планина,обрасната со дабовина го поминав селото Дерент Одејќи четири часа натаму, пак кон исток,пристигнав во селото Ѓавато.
Како што се гледа Евлија не кажува нипшто за историјата на овие славни предели, каде порано инало кралеви и каде постоела бурна историја (со остатоци) одавнина!
(продолжува)