Сликарот Ѓоко Симјаноски од Охрид изложи 32 портрети на холивудски актери
Сликарот Ѓоко Симјаноски од Охрид направи портрети на Кирк Даглас, Мерлин Монро, Џон Вејн, Гери Купер, Ли Марвин и други некогашни звезди на филмското платно, за да потсети, како што вели, на златните времиња на Холивуд и на омилените актерски имиња.
Избрал триесет и двајца популарни актери, кои во минатото ги полнеле кино салите.
„Што значи дека ова е потетување на сето она што тие го оставија за светот на филмот, но и да ги потсети гледачите, повозрасните љубители на филмот на еднo минато време, кога филмот имаше сосема поинакво име. Денес филмот не е она што беше во неговите златни години. Денес филмот изгледа сосема поинаку отколку кога го освојуваше светот. Сега филмот е кој филм ќе заработи најмногу пари во нула време. Се` е во пари. Сега имате филмови, кој ако не заработи 200 милиони долари од прикажувањето во првата недела не успеал“, рече Симјаноски.
Насловена како „Беше еднаш во Холувуд“, изложбата претставува соединување на љубовта на Симјаноски кон сликањето и филмот.
„Зошто на овие портрети, шеснаесет актери и шеснаесет актерки, носат шешири. Се определив за тоа бидејќи сите тие најпознати актери во Холивуд, настапиле во вестерн филмови, како жанр. Тоа е една причина. Втората причина е што меѓу нив има и актери, кои освоиле награда Оскар, за улоги кои ги направиле во вестерн филмови. Женските ликови, кои многу од нив настапиле во вестерн филмови, интересно е меѓу овие шеснаесет, осум се Американки, а други осум се дојдени од други земји во светот, што значи дека Америка, како и секогаш била отворена за секакви кадри, па и актерски“.
А, идејата за вакво нешто се родила слосема случајно. Првиот од портретите, на кој работел неколку месеци, бил на Кирк Даглас.
„Потоа реков па ајде уште еден, уште еден, и дојдов на идеја па ајде нека биде серија на портрети од тоа време, белким некој ќе се заинтересира“, рече тој.
Со сикарство се занимава од најрана младост.
„Паметам дека во 1956-та година имаше еден филм со Станлио и Олио, Летечките ѓаволи и во киното Охридско Езеро, на излогот каде ги рекламираа филмовите, јас и едно мое другарче, прво-второ одделение бевме, застанавме и со моливот и во тетратките ги прецртавме тие два ликови Станлио и Олио“.
Црта дела и со пастелни бои, а учесник е и на ликовни колонии.
– Ова е една несекојдневна изложба на она што за мене претставува голема љубов – филмот и сликарството. Сега соединето во едно и заедно, како врв на се’ она што сум го правел во животот со голема љубов. Освен професионалното, она за што сум се подготвувал во животот, електроинженер, како втора работа во мојот живот беа неколку нешта – сликарството, водителството во Радио Охрид и ТвМ телевизијата, каде реализирав многу продолженија од серијалот „Филмско око“, но и други емисии поврзани со филмот, порача Симјаноски.
Од „Форт Кафе“ испратија благодарност до Симјаноски за учеството во проектот. „Благодариме за учеството во „Охридски приказни“ и за прекрасната охридска вечер. З’ш Охрид е градска приказна, порачаа од кафе барот..“.
(VOA news)