Бизнисмен, медиумски магнат, политичар, син на мајка му и син на ДПС – Дељан Пеевски израсна во очите на јавноста. Денес, пак, едни не знаат, други не се сеќаваат, а други знаат, но молчат
ЕМИ БАРУХ
Неделава однесувањето на Дељан Пеевски во собраниската сала беше фатено од сите камери, се реплицираше во сите медиуми. Однесување кое многумина го протолкуваа како дрскост на оваа личност, која продефилира на јавниот простор како привилегиран штитеник на самоуверениот сопственик на палатите.
Господинот Пеевски уште еднаш упати надмени и дрски менторски зборови на академик Николај Денков – премиерот, кој успеа не само смирено и разумно да ги намали децибелите на дневнополитичката врева, туку и да демонстрира доследна одбрана на позициите и покрај противречностите во коалицијата.
Дури подоцна „Ја продолжуваме промената“ (ПП) ги осуди овие напади – реакција што дојде предоцна и без потребната острина. Затоа што речиси и да нема друга фигура во која синтезата на корумпираната моќ може да се концентрира толку недвосмислено како кај следниот претседател на ДПС.
Неговата претскажана и загарантирана идна улога не само што не укажува на тоа дека се променил „на подобро“ (според Даниел Лаурер), туку сугерира ароганција на „подизведувач“ кој веќе ги заработил сите чекори во кариерата.
ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ НА МИНАТОТО НА ПЕЕВСКИ Зарем тоа не им е јасно на коментаторите и набљудувачите на јавните салони? Зарем кариерата на Пеевски не се случи пред целото општество? Да не се сеќаваме дека како 21-годишник беше поставен за пратенички секретар без образовна квалификација? И како, неколку години подоцна, стана најмладиот заменик министер во историјата на Бугарија?
Поминаа десет години од гласањето на таа вонредна точка од дневниот ред на Собранието, кога премиерот Пламен Орешарски ја презентираше кандидатурата на Дељан Пеевски за претседател на Државната агенција за национална безбедност. Некои од народните избраници во сегашниот парламент тогаш беа во тинејџерски години. А некои од нив одеа право под маса кога истиот Пеевски – години пред тоа – беше уапсен за вадење средства од Државните резерви.
(Алексеј Петров нема да кажува како биле работите во тие години. Веројатно знаел многу. А знаењето понекогаш убива).
Пред десет години Бојко Борисов беше „толку поласкан“ од номинацијата на Пеевски што дури го повика Орешарски „да си поднесе оставка“ ако има „малку чест и храброст“. Борисов денес бесрамно и неславно стои во друштво на човекот кого некогаш некои го нарекуваа „политички Франкенштајн“.
„Политичкиот Франкенштајн“ се движи во коридорите на моќта со тешката стигма на санкции според Законот Магнитски (ова може да се спореди со Црната листа на САД за македонските моќници – н.з.).
Не можеме да прочитаме што пишува во дебелото досие што доведе до оваа санкција. Но, можеме да се потсетиме како овој претприемач, медиумски магнат, политичар, син на неговата мајка и син на ДПС порасна во очите на јавноста. Ова досие секако би можело да послужи како сценарио за извонредна криминална серија. Со многу сезони и многу ликови.
Да го споменеме и неговиот придонес во јавното здравство: има еден! Јавниот бес против арогантниот знак на државна контрола наречен DANSwithme ги создаде граѓанските движења „Мрежа на протест“, „Правда за сите“ и побара одговор на прашањето „Кој?“.
Денес некои не знаат, а други се сеќаваат, но молчат
Денес, правдата продолжува да биде „не за секого“, но прашањето „Кој? Се’ уште нема одговор.
Наредниот преседател на ДПС денеска шета меѓу рој новинари. Тема поврзана со деформациите во јавното однесување на бугарските медиуми. Медиумските огледала се тие што ги зголемуваат и даваат дополнителна тежина на оставината на овој претендент за сите објави.
Некои од новинарите не знаат, други не се сеќаваат, други знаат, но молчат.
Она што се случува во ДПС (социјалистите како наследници на поранешните комунисти – н.з.) останува во ДПС. Следат избори. Дали изборот на нејзиниот претседател зависи од членовите на таа партија?
Така дојдовме до бесмислено прашање. Со децении дали некој ќе се осмели да започне муабет на оваа тема зависи од тоа дали неговото семејство ќе има дрва за зимава … Кандидирањето на Пеевски за претседател на ДПС е типичен пример за феудализација на гласот. И за тишината на јагнињата
НАМЕСТО ПОСТСКРИПТ Пред десет години, десетици жители на Крџали се дрзнаа да протестираат против владата на Орешарски и тогашното именување на Дељан Пеевски, бидејќи Пеевски – како што изјавија – е опасен за националната безбедност и тој самиот треба да биде под истрага. Тогаш протестот беше тивок. Народот тивко и кротко се собра пред споменикот на Васил Левски во градот.
Денес крајот останува да го замислиме.