Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕЛИКАНИТЕ НА КРАЈОТ НА УЛИЦАТА

September 28, 2021 Filed Under: Ревија

Германската новинарка Соња Криге е воодушевена од спокојот во кој живеат животните во регионот на Преспа. Таа кампувала меѓу Стење и Коњско

КАКО ДОМА Пеликаните се чувствуваат на свое – има храна, има мир а луѓе речиси и нема

Германската новинарка Сара Криге деновиве објави репортажа во магазинот „Велт“ во кое објаснува дека е просто шокирана од убавините на Преспанското Езеро. Основа на текстот е нејзината убеденост дека како ретко каде тука постои спој меѓу човекот и природат, односно од можноста животните да живеат спокојно и во изолација. Таа 0посебно место остава за пеликани  кои мирно крстарат по езерото, меѓу два национални паркови.

Авторката на текстот под наслов „Пеликаните живеат на крајот на улицата“ пишува за деновите минати на кампување на Преспанското Езеро, за уживањето што го нуди спокојот на природата која била дарежлива во регионот, за тоа место меѓу Стење и Коњско каде со денови може да се престојува и да не се види друг човек.

За Сара Кринге која за себе вели дека не е некој познавач на птиците, уште помалку орнитолог, она што го видела на Преспанското Езеро ја натерало малку поинаку да размислува.

ТУРА Магазинот Велт е заинтересиран посебно за недопренатаб природа

Можноста да се гледаат птиците како пливаат по мирната езерска вода, како ловат риби и во таа изолираност како воопшто да не им пречи човечко присуство за авторката е инпиративно да го напише текстот, но и да промени нешто во нејзините перцепции кон уживањето во самотијата, спокојството што го нуди природата. На крајот авторката која себеси се декларира како динамична личност која е од акција ќе рече дека се уловила себеси како „одеднаш и да не и пречи тоа што со часови само седи и ги гледа птиците“.

„Ние сме на турнеја на Балканот со недели, ретко кога сме имале место за кампирање што било толку затскриено како оваа плажа со камчиња. Нашиот автобус стои во море од жолти цветови, крцка и чврчи во трските на брегот, желките се веселат во тревата на брегот: Никогаш не сум видел толку многу на едно место“, пишува „Велт“ во репортажата

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet