Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕНДАРОВСКИ ДО ВМРО – ДПМНЕ: АКО СТЕ СЕРИОЗНА ПАРТИЈA, ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ИДЕИ А НЕ НА МАЛОГРАЃАНСКО ПОЛИТИКАНСТВО

March 5, 2024 Filed Under: Македонија

„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните“, се вели од кабинетот на шефот на државата

ПРИВИЛЕГИЈА Семејството Пендаровски заедно – колку од кандидатите можат да направат ваква фотографија?

Како што на јавноста веќе и е понзато кандидатурата на актуелниот претседател на РСМ за добивање на втор мандат се официјализираше на конвенцијата на СДСМ на 3 март. Претходно Пендаровски се обрати до партијата ВМРО ДПМНЕ  со апел да прекинат со кампшањата која веќе ја започнаа против него:

„Доколку се сериозна политичка опција која има понуда за граѓаните, им препорачуваме да се фокусираат на тоа, отколку на малограѓанско политикантство“.

Штабот на вмроовците не додржа да дојде до официјален избор на Пендаровски за кандидат на изборите за највисоката функција на државата од ВМРО-ДПМНЕ утрово рекоа дека станува збор за човек без кредибилитет и интегритет кој го „погазил достоинството на народот и на Македонија“.

Од кабинетот на Пендаровски, пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, во обид да го дискредитира претседателот и неговиот кредибилитет.

„Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните“,

Најнапред, сосема е јасно дека само СДСМ имаше демократска процедура за избор на кандидат за оваа функција, По расправата во основните организации Извршниот одбор на СДСМ во проширен состав на крајот на изјаснување на седница во Штип одлучи поддршката на претстојните претседателски избори да му ја даде на актуелниот шеф на државата, затоа што сите анализи, разговори и спроведени истражувања покажале дека тој е профилот за иден претседател кој ѝ е потребен на државата.

„Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност“, соопштија  на таа седница од СДСМ.

Еден ден претходно конвенција ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ на која официјално ќе го промовира својот кандидат за претседател на државата, универзитетската професорка во пензија и актуелна пратеничка во Собранието, Гордана Силјановска-Давкова.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet