Бројот на гласачите е сепак зголемен за 5 отсто во вториот круг при што Пендаровски се „одлепил“ за речиси 60 илјади гласачи. Дали драматичноста на повиците дека победата на професорката ќе значи враќање на предпреспанскиот период (оној пред Договорот со Грција) имаше одлучувачка инерција во корист на сината коалиција? Дали гласовите за Река, пренесени на конто на пеостанатите двајца кандидати, беа тие кои одлучија?
Кандидатите во претседателската трка си дишеа во врат во првиот круг, со исклучок на третиот играч Река, кој беше дел од една политичка игра а не и сериозен претендент. Во вториот круг кандидатите влегоа со голема неизвеност околу резултатот, со отсуство на јавно објавени прогнози на испитувачите на јавното мислење, кои веќе не се прославија во однос на излезноста, што беше доволно да ги оспори сите други консеквенци при изјаснување на гласачкото тело. Како што напишав пред две недели, по првиот круг – имавме скандинавски избори, бидејќи, ниската излезност гарантираше дека не постои корумпираност на гласачите.
Научени со децении поединецот при гласањето да види нешто конкретно – од 500 денари на рака некаде на Баирот во Битола или работно место на царина во Гевгелија, ДА СМЕТА НА невидливост за шверцот со цигари на бугарска граница, па до ПРИСУСТВО на пакети со храна за најсиромашните, извадени од магацинот за „не дај боже ситуации“, по јавно признание на вработени од Црвениот крст пред неколку дена, кои тоа не го дозволија, гласачите не беа привлечени од самата идеја за европска операционализација на изборното право. Затоа и ги немаше во очекуваниот (или репризен број) на излезени гласачи како на претходни претседателски избори. Поразената Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови (44,79 од изелезените гласачи) победникот Стево Пендаровски 436.212 гладови (51,66 отсто).
Во основа претседателските избори сами по себе не можат да му понудат нишпто на поединечниот интерес, па оттаму не можат да бидат толку корумпирливи. Потоа, претседателствувањето на Иванов комплетно ја девалвираше улогата на претседателот во нашето општество, што го спушти интересот кон институцијата!! Тоа е камен кој влече кон удавување на ваквите избори и до размислувања за драматична промена на Изборниот закон, со цел или да се спушти цензусот или да се избрише, или оваа функција да стане само дел од парламентарниот аранжман.
Бројот на гласачите е сепак зголемен за 5 отсто во вториот круг при што Пендаровски се „одлепил“ за речиси 60 илјади гласачи. Дали драматичноста на повиците дека победата на професорката ќе значи враќање на предпреспанскиот период (оној пред Договорот со Грција) имаше одлучувачка инерција во корист на сината коалиција? Дали гласовите за Река, пренесени на конто на пеостанатите двајца кандидати, беа тие кои одлучија?
Јасно, од ДУИ и покрај ниската излезност по општините каде живее претежно албанско население. изјавија веднаш дека го спасиле цензусот и дека ја донеле победата на Пендаровски. Во тоа посебно беше агилен пратеникот Артан Груби. За аналитичарите немаше дилеми дека ДУИ има силни мотиви да покаже дека има моќ да мобилизира гласачи, особено во трката со спонзорите на Река – Алијансата и дел од БЕСА. Премиерот Зоран Заев по овој повод рече дека ниту еден политичар не може да се чатали и да смета дека ги носи гласачите во џебот. Укажа на осцилациите на гласите во однос на СДСМ – над 440 илјади на изборие во 2016 година, потоа пад на 300 илјади во првиот претседателски круг, за во вториот круг да се вратат на 430 илјади…
Љубомир Фрчкоски, поранешниот министер за внатрешни работи, за балканската „Ал Џезира“ истакна дека победата на Стево Пендаровски над Гордана Силјановска Давкова со повеќе од 50.000 гласови разлика на претседателските избори се должи на тоа што премиерот Зоран Заев успеал да го мобилизира членството на СДСМ во вториот дел од кампањата.
– Некои од внатрешните реформи одеа пребавно додека акцентот беше ставен на меѓународната политика. Начинот на водењето на администрација беше кикс. Има многу некомпетентности и непотизам. Но Заев успеа да го мобилизира во меѓувреме членството со концептот на „метлата“ што ја најави – рече Фрчкоски.
– Многу е важно што СДСМ победи во македонскиот блок во вториот круг од претседателските избори. Разликата беше повеќе од 50 илјади гласачи, но во оваа разлика нови албански гласови имаше само 30.000. Тоа е добро затоа што повеќе не се спорни идентитетските прашања во договорите со Грција и Бугарија – додаде тој.
Изборниот резултат, но и кампањата во последните месеци, јасно ја покажаа длабоката поделеност на македонското општество, смета новинарот на Дојче веле – Борис Георгиевски, но и апатијата која владее кај дел од граѓаните. Поделеноста во најголем дел може да се лоцира во Договорот од Преспа, разочараноста и апатијата се јасен сигнал дека извршната власт ќе мора радикално да ги менува своите политики. И Пендаровски и премиерот Зоран Заев во изборната ноќ ветија дека ќе се зафатат со решавање на наталожените проблеми: економијата е во лер, невработеноста останува висока, системската корупција и непотизмот сѐ сеприсутни, а јавната администрација остана дупка без дно за вдомување на партиски кадри.
Уште од 21 часот во штабот на СДСМ почна прославата на изборната победа, каде вечерва се собраа голем број функционери од коалицијата, партиски симпатизери и поддржувачи.
Уште вечерта, по победата новиот претседател се ободе да покаже некои нови практики, да ја врати функцијата во Уставот.
„Победија граѓаните. Свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите. Исходот е уште поголем, затоа што ова е победа на обединувањето и заедништвото, на концептот кој и’ носи иднина на земјата, и е доказ дека стабилноста, напредокот и безбедноста се можни само кога сме обединети. Ќе се залагам за правичност и правна држава. Ќе обединувам, нема да делам. Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи. Мрачното минато е зад нас. Благодарение на сите вас донесовме зрели одлуки за патот напред”, порача Пендаровски.
Тој им се заблагодари на сите партии кои го подржаа, но и на противкандидатите Гордана Сиљановска и Блерим Река за нивниот придонес за демократскиот изборен процес.
„Ќе бидам претседател на сите”, вети Пендаровски.
„Ова е победа на концептот ‘заедно напред’, но пред се’ победа на граѓаните и Републиката. Од денеска никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Нашето место е во НАТО и ЕУ. Крај за режимот и мрачното минато. Наскоро почнуваме преговори со ЕУ. Ги отстрануваме слабостите. Ставаме крај на поделбите. Напредокот на Северна Македонија ќе биде мотор и на регионот”, порача Заев.
Пендаровски во „чистиот понеделник“ после изборите ги расчистуваше своите обврски на Американ колеџот. Во недела би требало да дојде неговата инаугурација во Собранието на РМ. Ова секако не значи дека не треба да се чека со молерисувањето на резиденцијата на Водно. (Р.Г.)