Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕНДАРОВСКИ: КОИ БИ БИЛЕ ДРУГИТЕ АЛТЕРНАТИВИ НА НАТО?

July 2, 2018 Filed Under: Македонија

Благодарение на размената на разузнавачки информации со земјите од Алијансата, на територијата на Македонија се спречени два напада во изминатите 18 месеци, како и што еден напад во еден голем западноевропски град е спречен откако македонските служби добиле податок од повратник од Сирија. Ова е само еден од начините на кои се штити нашата безбедност кога си во голем сојуз

БЕЗ АЛТЕРНАТИВА Никој не може да даде алтернатива за нашаот влез во западните сојузи смета Пендаровски

Дали нашето место би било меѓу неврзаните земји? Нив ги има денес 22 и тие не се состануваат и никогаш не можат да постигнат заедничка одлука за ништо. Втората насока би била онаа врзана за евро-азиската економска заедница, каде нема услов за влез ама доволно  да видиме какви се нашите економски вски со овие земнји за заклучокот да гои извлечеме самите. Затоа освен НАТО, сите други алтернативи не се добри за Македонија. Малите држави влегуваат во сојуз со големите држави, ако си мал не можеш да опстанеш, порача неодамна националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на дебатата „Позитивните и негативните аспекти од зачленувањето на Македонија во НАТО“ во организација на Институтот за стратегија и развој.

Договорот со Грција за решавање на спорот со името, Пендаровски го оцени како најдоброто нешто што можевме да го имаме во овој политички контекст.

– Од една страна имавме посилен противник, со сите ресурси и со сета своја дијаспора, и од друга страна излеговме од десетгодишен автократски режим што ја руинираше и ја отежна преговарачката позиција на земјава, оцени Пендаровски пред слушѓателите.

Во врска со претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за Договорот со Грција, и дали ќе се менува цензусот, тој смета дека “не е добро да се менуваат изборните правила во очи на самиот настан“

ПОЛЕСНО Со современите предизвици се бориме полсно кога во голем сојуз на држави

– Референдумското прашање, формулацијата, прво треба да биде решено во Парламентот. Натаму треба да се реши каков ќе биде типот на референдум – дали ќе биде задолжителен или консулативен, кој навистина ќе учествува во референдумот. Било каков облик на референдум да биде избран, одлуката што ќе ја донесат граѓаните ќе биде задолжителна, смета Пендаровски.

Доколку евентуално на референдумот граѓаните се изјаснат со „не“ за Договорот со Грција, Пендаровски смета дека во тој случај преговорите ќе продолжат во некое идно време, со друга генерација на политичари.

ПОЛЕСНО Со современите предизвици се бориме полсно кога во голем сојуз на држави

Смета дека потегот на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, бил очекуван.

Тој подетално се осврна на придобивките од влезот во НАТО, за соработката на земјава со Алијансата и за нејзиното присуството во Македонија уште од конфликтот во 2001, со свои три мисии.

Пендаровски, во тој контекст рече дека благодарение на размената на разузнавачки информации со земјите од Алијансата, на територијата на Македонија се спречени два напада во изминатите 18 месеци, како и што еден напад во еден голем западноевропски град е спречен откако македонските служби добиле податок од повратник од Сирија.

Коментирајќи го руското влијание врз македонската политичка сцена, вели дека руското присуство е засилено во изминатите три години и тоа е неспорно и легитимно, но сега првпат се јавуваат партии во земјава кои се декларираат проруски.

Пендаровски смета дека земјава треба да гледа каде е нејзиниот стратешки интерес и оти влезот во НАТО нема да претставува ниту загрозување, ниту закана за Русија.

 

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet