Опозицијата како да тврди дека сме нација со ниско чувство на идентитет, вели претседателот Пендаровски. Тој најави посета на Софија на 1 октомври годинава
Дали Џафери ги почитувал парламентарните процедури, тоа се други надлежни да ценат. Во правниот аспект има правни аргументи. Уставот е посилен од секој закон и посилен од законот за референдум и граѓански иницијативи, смета претседателот Стево Пендаровски.
-Во Уставот стои дека меѓународно ратификуван договор, не може да биде променет со закон. Македонско-бугарскиот договор е ратификуван во нашиот парламент и не може преку референдум да се поништи законот со кој тој договор важи, изјави Пендаровски во емисијата „Трилинг“.
Според него, референдум ни беше нужен, ама не со овие, како што вели, магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.
„На референдумот од опозицијата ќе добиеме прашање со кое во суштина македонските граѓани ќе ги прашуваат дали сакаат да престанеме да одиме кон ЕУ“, изјави Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.
Пендаровски оценува дека се работи за антиевропско изјаснување.
„Значи, вие ако дадете поддршка на таков референдум – класичен антиевропски со прашањето, нема потреба понатаму да го менувате Уставот. Едното го исклучува другото. Накратко, она што го очекувавме тоа и го добивме. Добивме прашање со кое во суштина македонските граѓани ги прашуваат или ќе ги прашаат – дали сакате да престанеме да одиме кон ЕУ. Тоа е прашањето“, рече ПендСпоред претседателот, чудно е зошто во референдумското прашање не се спомнува и Преспанскиот договор, бидејќи, како што вели, во европската преговарачка рамка со која почнавме преговори неодамна во истата реченица се наведени и Преспанскиот и Договорот со Бугарија.
– Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво самочувство. Навредливо е за македонската нација да се каже дека преку протокол, договор, преку механизми на европска интеграција дека ќе станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ. Нема потреба да се плаши народот од тоа, нема никаква опасност дека низ европските преговори ќе станеме Бугари, рече Пендаровски.
Пендаровски откри дека на 1 октомври ќе оди во Софија, на покана од Радев каде се отвара интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и таму се повикани повеќе претседатели.
Пендаровски најави дека ќе ја посети Софија на 1 октомври.
Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, што се одржа во Скопје.
Настанот, кој се одржа под покровителство на претседателот Пендаровски, беше организиран од Еко-свест, како стратешки партнер на Шведската агенција за развој и соработка-СИДА во спроведување на стратешкиот тригодишен проект „Заедно за климатска акција“ / Граѓанските организации во акција за климатските промени.
Еко-свест. Како што информираат од кабинетот на Пендаровски, е водечка организација во државата, која 20 години успешно постои и предводи политики за одржлив развој, зелена трансформација на општеството, заштита на животна средина и здравјето на луѓето.
Претседателот Пендаровски во своето обраќање ја истакна неговата поддршка на граѓанските организации, како и за интересот и грижата за животната средина, како едно од најзначајните прашања на денешнината. Тој повика на единство и заедничка работа за решавање на овие круцијални прашања од кој зависи нашиот опстанок како држава и општество.
– Во годините кои следат нужно е максимално сериозно да се посветиме на зелената агенда и да ги постигнеме сите зацртани цели за чиста средина, здрави граѓани, енергетска и економска стабилност и одржливост, заштитена природа и див свет и циркуларна, наместо сега доминантната линеарна економија, порача Претседателот во своето обраќање на одбележувањето на 20-годишнината на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест.