Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕНДАРОВСКИ: НЕМА ПОТРЕБА ОД АНЕКС ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

January 5, 2021 Filed Under: Македонија

Направивме се, со најаргументирани ставови и барања да допреме до нив и да им кажеме дека ова што ние го предлагаме е во рамките на европските вредности и принципи

ПЕНДАРОВСКИ Некои работи не се договарани бидејќи не се ни помислувало дека треба да се во некаков фокус

Анекс на договорот во принцип се пишува кога нешто сакаш да дополниш во основниот договор или евентуално да се допрецизира, а во договорот од 2017 никаде не пишува дека ќе разговараме за македонскиот јазик пред 1944 да се напише во правна форма, дека бил бугарски, вели Пендаровски во интервју за Јавниот сервис
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Јавниот сервис вели дека во пристапот со Бугарија не треба ништо да се менува и оти не гледа потреба од потпишување анекс на Договорот за добрососедство.

„Направивме се, со најаргументирани ставови и барања да допреме до нив и да им кажеме дека ова што ние го предлагаме е во рамките на европските вредности и принципи. И се обидовме на секаков можен начин, формално и неформално, директно, не преку посредници, директно им кажуваме дека има работи за кои и вие не би преговарале, кога би биле во наша ситуација“, истакна Пендаровски.

Претседателот на државата смета дека нема што да се разговара за јазикот и идентитетот, бидејќи тие се основно човеково право.

„Прашањето на идентитет и јазик не е работа на муабет, туку е лична работа за тоа како јас се чувствувам и како се декларирам. Базично човеково право на самодекларирање и на самоопределување. Не би требало да смениме ништо во тој настап, отсега натаму, само треба да почекаме од другата страна, во Софија, не да дојдат нови луѓе на власт, туку истиве луѓе да сфатат ако ви беше мотивот, еве имате избори, евентуално да поминете подобро на тие избори, изборите завршија, дајте имате цел мандат пред вас да се свртиме кон рационалните аргументи. Бидејќи овие досега не беа рационални аргументи“, дециден е Пендаровски.

Во врска со неговиот разговор со бугарскиот претседател Румен Радев пред два месеци, Пендаровски вели дека тој инсистирал на некој додаток на билатералниот договор, имаат правна гаранција дека договорот од 2017 ќе се исполни, на што Пендаровски одговорил дека не гледа потреба од некаков посебен правен формат на она што е веќе договор.

Оцени дека овој спор што е наметнат од нивна страна е по дефиниција политички и оти нема никаква врска со правото.

„Во договорот од 2017 никаде не пишува дека ќе разговараме за македонскиот јазик пред 1944 да се напише во правна форма, дека бил бугарски. Тоа не е договарано, тоа не е ни помислувано од страна на преговарачите тука во Скопје. Анекс на договорот во принцип се пишува кога нешто сакаш да дополни во основниот договор или евентуално да се допрецизира“, рече претседателот Пендаровски.

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet