Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕНДАРОВСКИ: НИЕ СМЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОПАГАНДНА ВОЈНА

March 15, 2022 Filed Under: Македонија

Шефот на државата потенцираше дека од американски разузнавачи сме добиле точна информација кога Русија ќе ја нападне Украина на 5 ноември а не чекавме напад за да се почне со полнење на стоковите резерви

ПЕНДАРОВСКИ Сами за себе не можеме да го обезбедиме небото

Ние сме предмет на пропагандана војна, лажни вести и хибридни напади, кои се зголемени на „енти-степен“ од почетокот на конфликтот во Украина, изјави неопдамна претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Том тема“ на телевизија Телма, пренесе МИА.

– Од 2018 година, кога го организиравме референдумот за името, ние сме под постојан бараж на напади, кои во голем дел доаѓаат и од Русија, нагласи Пендаровски.

Тој потенцираше дкла американските разузнавачи уште на 5 ноември минатата година ги информирале највисоките органи на власта во земјава дека Русија ќе ја нападне Украина.

– Ја споделивме веднаш со институциите кои се под нас. Тоа беше на ниво на информација. Следниот месец, големите медиумски сервиси не веруваа во тоа, но кон крајот на декември, НАТО и ЕУ потврдија дека информацијата е точна. Без паника на населението, ние се апдејтиравме во армијата, а ресурсите на разузнавачката служба беа насочени кон истокот, за од таму да добиеме некаква информација. Во делот на стоковите резерви ние не го чекавме 24 февруари, туку обезбедивме до грам се што треба, додаде Пендаровски.

Осврнувајќи се на инцидентот со падот на дронот во Хрватска, шефот на државата истакна дека НАТО води истрага за случајот и собира разузнавачки информации, но внимава да не се инволвира во конфликтот.

– Неспорно е дека е леталото е дојдено од Украина, но не знаеме кој точно тоа го испукал. Со оглед на тоа што во моментов не знаеме кој е господар во Украина. НАТО внимава многу за да не влезе во овој судир, за да не се соочи во конфликт со Русија, нагласи Пендаровски

Тој потенцира дека земјава не може да детектира таков дрон и не би можеле да го урнеме на време, додавајќи дека како држава членка на НАТО, нашето небо го обезбедуваат сојузниците од Алијансата.

– Системите за детектирање постојат, меѓутоа, знаете дека нашето небо го обезбедуваат други држави со подобри системи. Сами за себе не можеме да го обезбедиме небото. Нашите ресурси се лимитирани, додаде Пендаровски.

Шефот на државата истакна и дека нема намера да се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, посочувајќи дека нашата држава пред неколку дена се приклучи кон санкциите на ЕУ, дури и кон оние од 2014 година воведени по анексијата на Крим, кои предвидуваат и дипломатска изолација на Русија.

– Нема да се видиме затоа што има една фраза која е содржана во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД. Таму постои формулација, која што гледам медиумите слабо ја објавуваат, дека тие кои се приклучуваат кон санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Руската Федерација, рече Пендаровски.

Filed Under: Македонија

КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ
MАЛА ФОРМА, ГОЛЕМА ПРЕТСТАВА: БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ ЗА МОЌТА НА МОНОДРАМАТА И СИЛАТА НА ЕДЕН АКТЕР
ЗОШТО СИТЕ ПУКААТ ПО ПП-ДБ?

Најново

  • КOГА ЈАГНИНАТА ЌЕ СТИВНАТ, ВОЛЦИТЕ ПОБЕДИЛЕ
  • ФРЧКОСКИ: ВТОРИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕДЛОГ Е ПОДОБАР ОД ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ВО 2019 ГОДИНА
  • БЕЗ НИВ СЕ’ ЌЕ СЕ СРУШИ: БРИТАНИЈА И МИГРАНТИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet