Инаку, госинот во телвизијата Блумберг Бугарија рече дека неговата партија е одново во фазата во која беше пе 27 април 2017 година, со можност да ја повтори таа ситуација! Потоа тој рече дека додека живее духот на груевизмот, клиентелизмот и криминалот во партијата, таа нема да стане модерна, проевропска партија!
Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се покажа како двигател во кампањата за бојкотирање на референдумот во Македонија. Тоа, меѓутоа, не беше правилно. Ова го изјави Петар Богојески, поранешен заменик-ген. секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, во предавањето „Светот е бизнис“ со водечкиот бугарски новинар Николај Крстев.
Богојески истакна дека партијата го загубила својот пат пред референдумот и застанала на погрешната страна на историјата. Според него, ова се должи на популистичките движења, како и на нејзините стравувања дека ќе ги загубат поддржувачите во земјата ако се модернизираат.
„Референдумот се врзува со стари историски настани. Меѓуто, тој нема никаква врска со нив, туку е целосно насочен кон иднината и на можноста за една подобра перспектива за Македонија. Невозможно е груевизмот и демократизацијата да функционираат заедно во ВМРО-ДПМНЕ. Можеби партијата се плаши од новото и различното, и верува дека ќе го изгуби своето влијание во земјата, ако стане навистина модерна политичка партија“. Според гостинот, нема друга алтернатива за Македонија освен присоединувањето во НАТО, а потоа и во Европската унија (ЕУ).
„Тие кои го бојкотираа референдумот не беа правилно информирани. Кампањата за него не беше прецизно направена, не беа правилно информирани граѓаните и да им се посочи дека тоа е единствениот правилен пат. Овој момент е многу важен за Македонија. Може да се спореди со историските востанија и одвојувањето на Македонија од Југославија во 1990-тите“.
Богојески изрази мислење дека сепак македонското општество ќе успее да се мобилизира и ќе ги открие своите капацитети да го изоди патот кон присоединување кон НАТО и ЕУ. Тој, исто така, го определи референдумот како уште една потврда за руското влијание во земјата и доказ за тоа колку штетно може да биде тоа за неа. Гостинот истакна дека засега сè уште не е јасно дали ќе има предвремени парламентарни избори во земјата. „Македонскиот народ не изрази јасна желба за време на референдумот. Останува да се види колку институциите ќе можат да се справат со оваа одлука и да постигнат спогодби. Можно е Договорот од Преспа сепак да биде ратификуван, има целосна меѓународна поддршка“.
Инаку, госинот во телвизијата Блумберг Бугарија рече дека неговата партија е одново во фазата во која беше пе 27 април 2017 година, со можност да ја повтори таа ситуација! Потоа тој рече дека додека живее духот на груевизмот, клиентелизмот и криминалот во партијата, таа нема да стане модерна, проевропска партија!
Многу е интересна тезата на Богојески дека уште од формирањето на партијата во 1991 година во ВМРО ДПМНЕ има две стру. Едната е да се формира самосотјна држава со сите нишани а втората е да се остане во некаква врска со Србија, односно Македонија да биде нешто како творбата на Мирослав Додик!
Богојски смета дека рускиот концепт за настап во Македонија е силен, дека нашол начин да ги мотивира да се против НАТО многу професори на УКИМ, потоа меѓу медиумите, граѓанските движења а особено е доминантен на социјалните мрежи. Референдумот покажа колку руското влијание е доминантно. Може сето тоа сепак да е залудно ако влеземе во НАТО, како што се случи со Црна Гора каде Москва изгуби веднаш секаков интерес.
(www.bloombergtv.bg/svetat-e-biznes/2018-10-12/pozitsiyata-na-vmro-dpmne-za-referenduma-v-makedoniya-ne-beshe-pravilna)