Актуелниот премиер на Бугарија ја запознал сопругата на студиите, откако претходно учел со нејзината сестра-близначка
Се запознале во UBC (The University of British Columbia). Тој сега е премиер на Бугарија, а таа сега се чувствува како странец во Канада
„Мојата врска со Канада е сè уште во моето срце. Откажувањето од канадското државјанство беше избор што мораше да го направам. Но, бидејќи навистина имав силна желба да ја променам мојата земја, тоа беше цена што бев подготвен да ја платам.Неверојатно е да се мисли дека седум милиони луѓе – нивните животи можат да бидат подобри со вашата работа“, вели Петков
Линда Мекензи е родена во Отава во 1979 година и ги поминала своите тинејџерски години во Кортенеј, мал град на половина пат до островот Ванкувер. Сега е Линда Петкова, води сопствена пекара и живее со сопругот и двете нивни ќерки; Првата ќерка, пак, е надвор на универзитет.
Младиот човек што го запознала на Универзитетот во Британска Колумбија, а подоцна се омажила за него, тогашниот нов Канаѓанец Кирил Петков, штотуку е избран за премиер на Бугарија, пишува кандаскиот весник „Нешнал пост“.
Петкова никогаш не ја напуштила Северна Америка и не знаела ништо за Бугарија, седуммилионска земја во Источна Европа, пред да го запознае Петков во UBC кон крајот на 1990-тите.
„Тој ми рече дека (Бугарија) е северно од Грција и јас сè уште не бев толку сигурна. Но, тогаш не ни помислував дека ќе се преселам овде, така што тоа не беше важно. Некако ми се допадна тоа“,
вели Петкова.
Петков и неговото семејство емигрирале во Викторија кога имал 14 години. Станал добар пријател со сестрата близначка на Петкова во UBC и почнал да излегува со Линда кога таа се префрлила на Универзитетот во нејзината втора година.
Животот се движеше брзо за младата двојка. Тие се венчаа кога имаа по 20 години и ја добија првата ќерка Ванеса, една недела пред да ја започнат четвртата година. Откако Петков дипломирал пролетта 2001 година, младото семејство отпатувало во Бугарија, возејќи се во „ладата“ на неговите родители повеќе од 10 недели.
„Тоа беше како период на меден месец – со мојот сопруг, но и со земјата“, вели Петкова.
Петков се вработил во канадската компанија McCain Foods во Брисел, Белгија, и таму Петкова го завршила последниот семестар до својата диплома по економија, веднаш по раѓањето на Ванеса.
Семејството Петков помина две години во Брисел пред Кирил да биде префрлен во Торонто, а потоа уште две години во Кембриџ, Масачусетс, каде што магистрирал бизнис администрација, додека таа работела како истражувачки асистент на Универзитетот „Харвард“.
По две години во САД, Петкови мислеа дека ќе живеат во Бугарија неколку години и потоа да видат каде ќе ги одведе животот; Петков прифатил работа во главниот град Софија, управувајќи со првиот голем бугарски малопродажен парк. Но, прво Петкова накратко се врати на островот Ванкувер.
„Не бев доволно удобна да се породам (во Бугарија), па всушност … се преселив кај моите родители на два месеци “, вели таа низ смеа, мислејќи на нивната втора ќерка, Ема
Семејството ја напушти Канада и замина за Бугарија кога Ема имаше само пет недели, веднаш штом и беше издаден пасошот.
По малопродажниот парк, Петков основал своја компанија „ProViotic“, која го произведува првиот вегански пробиотик во светот од цвет на кокиче.
Финансиски независен по успехот на „ProViotic“, производ препорачан и од Опра Винфри и од тенискиот великан Новак Ѓоковиќ, Петков го сврте своето внимание кон следната генерација. Тој предаваше бизнис и економски курсеви поврзани со Харвард на Софискиот универзитет откако се врати назад.
Двојката ја доби својата трета ќерка, Ени, во 2012 година. По пристигнувањето во Бугарија, Петкова волонтираше, работеше малку за невладина организација, а потоа продаваше онлајн за американска модна компанија. Ништо што целосн и одговара; таа беше заглавена во рутина и не беше среќна.
„Немав работа со полно работно време околу седум години…. Сакав да се откажам и не знаев што друго да правам“.
Во слободно време Петкова печеше. Ова беше делумно од потреба, бидејќи една година откако пристигна во Бугарија, таа вели: „Дознав дека имам проблеми со штитната жлезда, поради глутенот. И тогаш, неколку години подоцна, сфатив дека сите мои ќерки го имаат истиот проблем. Воопшто немаше ресурси овде… па почнав да правам сè од нула“. Освен тоа, Ема, нејзината средна ќерка, беше дијабетичар.
И пред три и пол години, тие купија мала продавница за чоколади од Белгија. Ова беше почеток на „Amelie Sweet Shop“, единствената бугарска ффурна без глутен. Покрај тоа што прави продукти што можат да ги јадат нејзините ќерки, Петкова им нуди и печива на оние кои конзумираат веганска, кето и сирова храна.