Во одделни настапи бугарскиот премиер и македонскиот министер за надворешни работи презентираа сознанија за организираните форми наменети за рушење на меѓуисебните односи меѓу двете земји
Интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина на Западен Балкан, изјави бугарскиот премиер пред неколку дена во Благоевград. Руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Бугарија и С Македонија.
„Во Бугарија е формирана прилично голема руска дијаспора на агенти, која во моментов ја гледаме како работи за различни интереси. Има руски агенти што работеле конкретно против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, изјави денеска Петков во Благоевград, јави БГНЕС. „Всушност, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан“, додаде Петков.
Локалното обвинителство соопшти дека дипломатот бил вклучен во „нерегулирани разузнавачки работи“, за што не може да биде обвинет поради неговиот дипломатски имунитет.
Минатиот месец Бугарија протера 12 руски дипломати, го обвини рускиот амбасадор во Софија за „недипломатски, груби и груби коментари објавени во јавноста“ и го покани нивниотt амбасадор во Москва на консултации.
Бугарскиот премиер Кирил Петков е оптимист дека Бугарија и Северна Македонија наскоро би можеле да постигнат договор за спорните прашања кои што се пречка на патот за интеграцијата во ЕУ. На заедничката прес-конференција во Софија со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, со премиерот на Романија – Николае Чука и црногорскиот колега, Здравко Кривокапиќ, тој најави дека има добри вести од работата на комисијата за историските прашања, како и за она што е постигнато на дел од билатералните средби меѓу министерствата, во рамки на работните групи коишто беа формирани меѓу двете земји.
„Сакам да пратам јасна порака до македонскиот и бугарскиот народ – со Димитар работиме многу координирано и со фокусирани распореди и временски рамки. Си поставивме неколку одредници кои мора да бидат остварени“, рече Петков.
Тој е дециден дека Северна Македонија припаѓа во семејството на Европската Унија. Бугарската Влада, според него, сака да се постигне резултат што поскоро, но неопходно е претходно да има постигне договор за неколку одреденици, меѓу кои е и заштитата на правата на малицинствата. Западен Балкан, според Петков, треба да биде што е можно постабилен, а тоа ќе се постигне со пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тој најави дека во наредниот период многу работи би можеле да се забрзаат.
„Некои работи кои беа тешки да се надминат, сега се гледа дека има различни можности за нивно надминување. Оптимистичен сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар многу скоро“, рече Петков, по состанокот во Софија на којшто се разговара за предизвиците за регионалната безбедност во врска со руската воена инвазија на
Премиерот Димитар Ковачевски од Софија порача дека одложувањето на процесот на проширување на ЕУ веќе станува безбедносна политика и создава дополнителна нестабилност во регионот.
„Северна Македонија соодветно се усогласи со надворешната и безбедноста политика на ЕУ, затоа што ние ги споделуваме истите вредности со ЕУ и со земјите од НАТО. Проширувањето на ЕУ станува безбедносна политика и застојот во овој процес создава дополнителна нестабилност за регионот и остава простор за влијание од трети страни“, вели Ковачевски.
Тој потенцираше дека одложувањето на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. „Сепак, дури и со вакви предизвици Република Северна Македонија останува силно посветена на одржување на добрососедски односи и промовирање соработка меѓу земјите од нашиот регион“, додаде тој.
Во неделата наутро прес конферњнција одржа и македонскиот министер за надворешни работи Османи. Клучна вест од истата беше дека лица од македонски институции се јавувале во Бугарија со цел да не се реши спорот, вели шефот на дипломатијата Османи. Тој не сакаше да открие детали, ниту во кои институции работат, дали се членови на политички партии, ниту пак каде се јавувале во Софија.
Според Османи, станува збор за лица кои се поврзани со двајцата вработени во Државната агенција за национална безбедност на Бугарија а кои ги посочи бугарскиот премиер Петков дека работеле против добрите односи меѓу Скопје и Софија.
– Оваа недела од Северна Македонија се јавувале во Р. Бугарија кажувајки дека е непотребен целиот овој ангажман, затоа што овде ќе се оди брзо на избори, дека ќе има предвремени и дека нема да може да се постигне одредено решение. И луѓе во институции коишто јас сметам дека се на иста линија со овие кои што ги коментира господинот Петков. – рече Османи.
Османи се надева дека преговорите со Софија се во финалната фаза и вели дека континуирано има обиди за блокирање на процесот. Во однос на преговорите со Софија за вметнувањето на Бугарите во Уставот, Османи има различен став од оној на Ковачевски.