Праша каде е Дафина Стојаноска која тврдеше дека никој не може да го тормози македонскиот народ
Пратеничката oд СДСМ, Славјанка Петровска јавно реагираше преку социјалните мрежи на полициската акција во Гостивар, при која беа приведени граѓани кои учествувале во реставрацијата на црквата Св. Петка во селото Галате.
Во својата Фејсбук објава, таа ги осуди властите за оваа постапка, поставувајќи прашања за приоритетите на полициските акции.
„Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на село Галате, гостиварско.
Прво лажеа дека обвинителството наредило апсење, па откако ЈО демантираше, граѓаните се обвинети за узурпација на земјиште! Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!!!
Дафина Стојаноска ја видел некој? Затоа што пред изборите поприлично грлато врескаше дека никој не може да го тормози македонскит народ! Ама не и било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било“, пишува Петровска.
По пријава на општината Врапчиште стопирано било расчистувањето на просторот околу црквата Света Петка, опожарена во конфликтот во 2001-та.
Акцијата ја почнале локални жители од селото Галате, но како што сами алармираа на социјалните мрежи, биле спречени поради наводно извршување на градежни аклтивности во близина на регионален пат. На терен излезе и јавен обвинител. Кај црквата Света Петка е Михајло Видимлиски. Локалното население и донаторот на обновата на црквата најавуват дека денеска повторно ќе се соберат таму.
Што велат граганите, гледаат ли тие можби некаква политичка позадина во намерата да бидат стопирани околу обновата на црквата?
На социјалната мрежа „Фејсбук“ објавено е видео во кое лицето кое го снима материјалот вели дека по наредба на јавен Обвинител била испратена интервентна полиција за да ги спречи градежните активности околу црковен објект.
Во изјавата која што се слуша во позадина на видео материјалот се вели дека полицијата дошла на местото да ги уапси работниците од гостиварско кои го расчистувале теренот околу објектот.
Станува збор за православен храм во атарот на селото Галате.
Мицковски во средата посочи дека граѓаните не треба да имаат дилема дека овие корумпирани политички елити од минатото ќе се обидат преку свои центри на влијание во секакви институции да создаваат етнички конфликти и тензии. Но, како што додаде, ситуацијата е контролирана.
Постојано предупредувам дека не треба да се игра на етничка и верска карта бидејќи тоа е картата на која овие криминалци што изминатите години печалеа на грбот на народот ќе се обидат да предизвикаат нестабилност. Ова се такви изолирани инциденти, но ќе има уште вакви. Ова денеска на прес-конференција го рече премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го вчерашниот случај во гостиварското село Галате, кога жителите што иницираа акција за уредување на просторот околу црквата „Света Петка“ се пожалија дека полиција по налог на локалната самоуправа ги попречува во намерата.а црквата во Галате: Ова е дел од фолклорот што се подготвува за сеење етничка и верска нетрпеливост
Реакции на јсоцијални мрежи имаше веднаш – полицијата е на ВМРО ДПМНЕ а локалната власт исто така не е на СДСМ.