Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕТТИОТ ПАКЕТ НА МЕРКИ ЗА ЕКОНОМИЈАТА ВРЕДИ 160 МИЛИОНИ ЕВРА

February 9, 2021 Filed Under: Македонија

Толку изнесува финансиската импликација за оваа владина операција, при што буџетот ќе биде олеснет 560 милиони евра

СО НОВИНАРИТЕ Министерот Битиќи вели дека штом се говорело и до сега за бескаматни позајмици тоа значи дека парите за стопанството треба да се вратат

Владините претставници најавуваат дека има подготвеност за побрзо усогласување на позициите и ако тоа се случи треба да се очекуваат дополнителни десетици милиони евра во стопанството.

Петтиот сет мерки за поддршка на економијата треба да се финализира во наредните денови, но само ако се постигне консензус меѓу сите засегнати страни – државата, бизнис заедницата и синдикатите. Владините претставници најавуваат дека има подготвеност за побрзо усогласување на позициите и ако тоа се случи треба да се очекуваат дополнителни десетици милиони евра во стопанството.

„Големината на финансискиот пакет, како директни буџетски импликации, зборуваме за помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра. Но, се уште се гледаат деталите и веќе оваа недела со министерот за финансии, со економскиот совет – министерот за економија, министерот за шумарство… ќе ги утврдиме сите детали и ќе дојдеме до конечната бројка.“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

„Ќе продолжиме да креираме мерки, во континуитет ќе го поддржиме стопанството, особено компаниите кои се извозно ориентирани.“, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Деталите од овој пакет кој ќе содржи дваесетина мерки се уште се утврдуваат, но она што е јасно е дека пак ќе има компонента – поддршка на плати, иако за модалитетите се разговара на релација влада-стопанство-синдикати.

БЕКТЕШИ Поддршка пред се за извозното стопанството

„Ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше и претходно затоа што и претходната помош не беше безусловна. Треба да се исполнат одредени услови за таа да стане неповратна и истиот механизам го користиме и сега – двете опции се во разговори со стопанските комори и со синдикатите и најверојатно оваа недела ќе треба да пресечеме заеднички со сите засегнати страни за тоа кој е најдобриот пакет“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Владините анализи се дека се намалува бројот на компании и работни места за кои е потребна државна поддршка, што се толкува како сигнал за почеток на економско заздравување. До крајот на 2020 од државниот буџет, на име на финансиска помош поради пандемијата, исплатени се повеќе од 350 милиони евра.

Никој нема да биде изоставен од мерките. И претходната помош не беше безусловна. Некој вели дека тоа биле неповратни средства. Но, најверојатно информациите немаат допрено до сите, бидејќи, треба да се исполнат одредени услови за таа помош да стане неповратна.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, околу владините најави дека ќе се менува моделот за помош на фирмите, па наместо диртектни субвенции за исплата на плати, ќе се даваат бескаматни кредити, од кои дел може да се претвори во грант.

„Истиот механизам го користиме и сега, двете опции се во разговори со стопанските комори, и со синдикатите, и најверојатно оваа недела ќе треба да пресечеме заеднички, која е најдобрата опцоја, најдобриот пакет, имајќи предвид дека полека заздравуваме, а на Македонија и треба еден рестарт на економијата“, рече Битиќи.

Според него, ваучерите беа ад хок мерка, опфатени беа речиси 700.000 граѓани. Но, во сетот мерки кој сега се предвидува, најавува тој, има поголема мерка која ќе опфати поголем број граѓани, и се однесува директно до граѓаните, а тоа е отпишување на каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, без разлика дали се на локално, или на национално ниво, која е директна помош до самите граѓани.

На прашањето на кој начин ќе се доделуваат бескаматните кредити, Битиќи со одговор.

„Евентуалната замена на мерката со бескаматни кредити преку Развојната банка ќе биде само супститут, условите и критериумите треба да останат исти, и сите на кои им е потребна да ја добијат помошта. Не е класична кредитна линија, нема да се слулчи некому да кажеме – нема пари. Никој нема да биде изостсавен. Но, опаѓа бројот на компании на кои им треба помош. Ако ја видиме просечната исплатена плата за вработен во април исплатената плата била 14.500, а во декември 15.800. Значи дека некои компании добиле и цела бруто плата, но тоа е малку е процентуално“, вели Битиќи.

СОЦИЈАЛА Дури 700 илјади граѓани добиле разни социјални поддршки

Тој очекува неделава да биде финализиран петтиот пакет мерки, ако се постигне согласност со сите засегнати страни.

„Пакетот би бил меѓу 50 ио 60 милиони евра, но ако гледаме како фискални импликации би биле околу 150 милиони евра, но се уште се гледаат деталите. Оваа недела со министерот за финансии, за економија и другите ресорни министерства ќе ги усогласиме деталите“, рече вицепремиерот.

Според него, во владините мерки не може да се зборува за популизам.

„Ако видиме дека 700.000 граѓани добија директна финансиска поддршка, а ако ја видите целата владејачка коалиција, нема земено 700.000 гласови. Ако беше директен популизам, тоа значеше дека сега ќе владеевме како Северна Кореја, затоа не е популизам. Со стопанствениците ќе дојдеме на брзо до разбирање“, рече Битиќи.

Повтори дека никогаш немало неповратни финансиски средства за плати, секогаш фирмите требало да исполнат одредени услови, ако не – ќе ги вратат, и тоа е во суштина еден вид на кредитирање, еве грешката била дека не сме го кажале тогаш кредитирање, а сега го кажуваме, а било кредитирање.

Додава дека одговорноста за зачувување на работните места и човечкиот капитал не може да ја сноси само едната страна. Односно, Владата помага, но треба за работниците да се грижат и работодавачите.

Според последните проценки, до 31.12.2020 директни средства платени од буџет се 350,4 милиони евра, и овде не влегуваат парите платени во јануари.

„Дополнителнпо, трите најголеми законски решенија, кои требаше да вбризгаат 250 милиони евра во стопанството, веќе два и пол месеци се заглавени во Собранието, токму од тие кои критикуваат за популизам“, се пожали вицепремиерот за економски прашања.

(VOA)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet