Во„Трајктатот за сликарството“ Леонардо не повика да не ги мразиме извалканите ѕидови, туку во нив да пронаоѓаме „пејсажи, битки, брзи движења на фигурите, чудни изрази о облеки“. Ако таков таен живот може да се собере в некаков безимен ѕид, а може, зошто би било чудно ако се пронајде во врвната уметност
МАРКО ЛОВРИЌ
Додека светот од Њујорк до Тел Авив – со светулки во Фиренца, Милано и Париз, секако – со изложби и панагерици ја одбележува 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи (1452 – 1519), можеби е забавно да се прочита и по некоја амерка на Леонардова сметка. Не е лесно да се најде, па мораме да му обратиме на еден Француз со остар јазик, Салмон Ренка, археолог и професор по историја на уметност. Иако минале 115 години откако Французот успеал да ја спакува таа историја во 25 париски предавања, зборникот на тие лекции, Аполо и натаму е ценет. А Ренак за Леонардо го кажува и ова:
малку луѓе биле повредни од него, но малку луѓе помалку произвеле; во науката како и во уметноста тој бил мачен со страста да пронајдува, да отвора нови патишта, па да потсетува во извесен поглед на алхемикчарите од средниот век, кои потрошиле сјајни способности во бркањето за вообразениот идеал“. Со забелешка дека Леонардо ништо не работел просто, како и дека неговото сликање со масна боја било „компликувана кујна“ – што реставраторите и денес ги излудува – тоа е се од „замерките“. И то од Ренак, кој не се стеснувал во вториот член на Светото тројство на Високата ренесанса, Рафаел, да го чита како „среден колорист“ и да тврди дека контурите му се „лабаво нацртани, неправилни и неизразити“.
Но што би можело сериозно да му се замери на Леонардо да Винчи, еден од најубедливите докази дека homo sapiens не бил само штетник? „Хроничното одолговлекување и честите катастрофални експерименти со новите техники“ – по духовитиот опис во Википедија – значи дека имаме само 15 сочувани уметнички дела што се едногласно или со мнозинство признаени како Леонардови, ама и тоа е доволно за неспоредливиот придонес на културата. Џонатан Џоунс, ликовен критичар на Гардијан во миланската Тајна вечера го гледа зачетокот на филмската уметност. „Предавство, страв, хорор и извесност на смртта се мешаат во глетката што целосно ја смени уметноста на раскажувањето“, вели Џоунс.
„Тој предмет е често обработуван и пред Леонардо; но тој му даде дефинитивна форма. Исус токму го изговорил она ’Еден од вас ќе ме предаде’ и ја соборил главата под здивот на возбудата која ја разбудил. Тоа не е само едно големи сликарско дело, туку е тоа и една страна на длабинската психологија, студија на карактерите и чувствата, во исто време со изразени физиономии, движења и ставови на фигурите„ – ефектно сумира Саламон Ренак.
Среќниот Краков ја има Дамата со хермелин, портрет на Чечилија Галерини, омилена љубовница на Лудовик Сфорца, човекот кого историјата го помни како нарачател на Тајната вечера, а што тој хермелин и го симболизира.
„Леонардо ја симболизира нејзината енергија и слободен дух во портретот на кој му нема равен во претставите на жените на 15 век. Сликата одвај ја задржува, како да се готви да отшета или истрча од рамката. Никогаш никој не се сомневал кој го насликал тој портрет, зошто тоа го можел само еден уметник“, смета Џоунс..
Ова не треба да се земе дословно, бидејќи Дамата со хермелин некогаш била припишувана на Леонаровите ученици. Лавот од Винчи не потпишувал ниту еден труд, па контраверзити околунекои дела можеби никогаш нема да бидат смирени. Контраверзите инаку не му биле туѓи. Свети Јован Крстител од измачен аскет се претворил во чулно сновидение.
„Нежните сенки ја проткајуваат кожата на моделите о готово андрогена деликатност. Затоа ова претстава е толкува како израз на Леонардови хомоеротични наклонетости„, како што за ремек делото од Лувр пишува Франк Целнер, лајпцишки историчар на уметноста.
Да нема спор, Целнер додва дека во Свети Јован Крстител, легендарниот Леонардов сфумато – техниката ги оменува премините меѓу боите, па сликата ја прави поприродна – достигнува зенит, па и покрај чулноста успева да испорача религиозен смисол. Но својот врв Леонардо го гледа во нешто друго. Кога му пишувал на споменатиот Лудовик Сфорца, нудејќи му услуиги, му се препорачувал како пронаоѓач на преносливи мостови згодни за „ за гонењ но и за бегствотво од непријателот“, возила „што ќео пробијат непријателот, колку и да има луѓе“, топови „со многу елегантен и функционален дизајн“ и ака натаму воинствено во девет ставки. Дури во десеттата споменува дека „изработува скулптури во мермер, бронза и глина“ и дека „во сликарството може да изработи шпто било што би се побарало од него, акко и од секој друг“. Саломон Ренак од ова заклучува дека е сепак првото човечко битие на кое се мисли ако се спомене универзалниот гениј.
Во 2005 година, пет векови после Леонардо, британскиот кардио хирург Френсис Велс објавил дека Леонардовите анатомски и физиолошки забелешки го инспирирале да пронајде нов начин да оперира срцеви залистоци. Една година порано пак Питер Абрахамс, професор по клиничка анатомија на елитниот британски универзитет Варвик рекол дека цртежите на Леонардо на черепот се толку прецизни што ги надминуваат модерните медицински илустратори. Неговата исправна претстава за кичмениот рбет, можеби е прва во историјата. Дури биле подобри од она што 300 години потоа можеле да се видат приближни претстави во Грејсовиот учебник по анатомија. Дури тродимензионалните претстава, дигиталната технологија и подвижжните слики биле „одлучен чекор напред во однос на Леонардовото око и рака“.
Се разбира во нешто и грешел.ако тоа може да се рече за некој кој го измислил концептот на падобран, оклопно возило, калкулатор, кој предложил двојни бродски обвивки (во 20 век тоа станало обврска), кој го сваќал концептот на теконските проеметувања во време кога школките се сметале како сведоштво за големиот потоп, чии нацрти за премостување на Златниот рог, заливот кој ги рздвојува стариот и новиот дел на Истанбул, султанот Бајазит Втори ги отфрлил како неизводливи а по нив во 21 веке е изграден сосема солиден мост. Да, многу Леонардови идеи во негово време биле неизводливи инеговиот хеликоптер можеби не би полеталили би паднаама таа идеја дошла 300 години пред да се оствари идејата за балонот – пишува италијанската критичарка Лијана Бортолон.