Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕШЕВ: НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБЕН КВАЛИТЕТ, А НЕ ФАБРИКА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ ДИПЛОМИ

November 25, 2025 Filed Under: Македонија

Ако во средното стручно образование, по дваесетина години реформи, се постигнало 70 отсто од учениците да се запишуваат во стручни училишта и оти сега е време истата работа да се случи и со универзитетите

КОЈ СЛУШНА Дали министерката за образование го слушна говорникот Пешев кој беше до неа?

Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените што следуваат, вели извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев. Пешев вели дека во такво „цунами“ ќе треба да се направат исклучително големи промени во високото образование.

На конференцијата „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“ организирана од Комората, Пешев истакна дека државата мора максимално да ги мобилизира сите свои сили за да има „квалитативен, повисок одговор“ на овие промени.

„Ќе останеме со дипломи и без работа. И тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија ѝ треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи“,рече Пешев.

Тој нагласи дека ако во средното стручно образование, по дваесетина години реформи, се постигнало 70 отсто од учениците да се запишуваат во стручни училишта и оти сега е време истата работа да се случи и со универзитетите.

„Се надевам дека и Владата има разбирање за тој сегмент, заради тоа што се работи за реформа која досега сме ја немале“, додаде тој.

Пешев укажа на сѐ поголемото влијание на вештачката интелигенција, која ќе ги диктира професиите и профилите на работната сила. Тој повика на претпазливост при нејзиното користење.

„Вештачката интелигенција ја споредуваат со огнот. Тој може да биде извонреден слуга, но ако ние не знаеме да го користиме и контролираме, може да ни се случи да биде многу непријатен господар“ – кажа Пешев.

Тој рече дека најголемиот дел од светските водечки мислители говорат дека светот заостанува во дефинирањето на позицијата на ВИ во образовните процеси, редефинирањето на работните места и сето она каде што тоа би се нашло.

Filed Under: Македонија

ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“  ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА
ЦРНА ПРОГНОЗА АКО САД ГО ЗАЗЕМАТ ГРЕНЛАНД
ЕВРОПСКИ ОСКАР: ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НОРВЕШКИ ФИЛМ

Најново

  • ТРЕНЧЕВСКА: БУЏЕТОТ ЗА ГОДИНАВА Е ИНДИКАТОР ДЕКА ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
  • И ЛАНИ ПИШУВАЧИТЕ НА РОМАНИ БЕА АКТИВНИ
  • НЕУСПЕШНИОТ „САМИТ“ ВО КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ АКТИВИРА ОБВИНИТЕЛСКИ АМБИЦИИ КАЈ ВЛАСТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet