Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПЕЈСАЖИТЕ ОД ЛАЗАРОПОЛЕ ЈА ЈАКНАТ МОЌТА НА ОПСЕРВАЦИЈАТА

July 9, 2025 Filed Under: Ревија

Покрај студенти од ФЛУ од Скопје на летната школа доаѓаат и странски колеги

ЛЕТНА ШКОЛА Лазарополе е секако сериозен предизвик за ликовното творештво

Проектот NEW ART FOR(U)M е замислен и воспоставен како традиционална летна школа организирана од Факултетот за ликовни уметности, УКИМ-Скопје. Основната цел на школата е лоцирање и истражување низ алтернативни уметнички практики и дискурзивен интердисциплинарен контекст различен од традиционалните ателјерски уметнички практики и протоколи.

Ова е трета сесија на школата предвидена да се одржи во период од 20-30.06.2025 година во Лазарополе, Општина Маврово Ростуше под наслов „Мултипликација на пејзажот“.. Оваа година школата има меѓународен карактер со оглед на тоа што покрај студентите од Факултетот за ликовни уметности гостуваат и колеги студенти од Fontys Acadameia од Тилбург. Ова е мало село во Холандија, според Википедија.

Третата сесија од школата се осврнува кон фотографијата како платформа за креативно конципирање и интерпретација на интердисциплинарно уметничко дело.Одржувањето во рурална планинска средина е во согласност со потребите на Летната школа која има за цел опсервирање на пејзажот и негово “пренесување” преку фотографијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат, теоретски и практично со фотографскиот медиум, со начинот на работа на фотографските камери и нивната употреба во различни светлосни услови. Ќе го воочат различното гледање на објективите со цел креативно да ги употребат оптичките карактеристики на истите. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со начинот на работа на софтверите за обработка на фотографии преку практична работа врз своите дела. Пејзажот е еден од првите фотографски жанрови и низ историјата бил најразлично третиран, најчесто пејзажните фотографии биле “разубавувани” со цел да се воздигне природата и да се потенцираат убавините на една држава. Во оваа прилика пејзажната фотографија ќе ја третираме како документарна фотографија. Фотографија како дел од покомплексно уметничко дело или фотографија како основа за настанување на мултимедиумско дело.

Поради тоа што живееме во едно т.н. постиндустриско време исполнето со остатоци од најразлични индустриски објекти коишто на некој начин го загадуваат „чистиот” пејзаж, учесниците ќе имаат можност да направат дела со кои ќе се подигне еколошката свест кај населението. Дела што критички ќе говорат за она што и се случува на природата.

Покрај селото Лазарополе учесниците ќе имаат можност да фотографираат и во околината на селото како и во другите блиски села и области.

За време на школата учесниците ќе ги изберат и обработат фотографиите коишто ќе бидат изложени на изложбата во период ноември – декември во Галеријата на ФЛУ во Скопје.

Поддржано од: Универзитет „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Министерство за култура и Europe House Skopje.

 

Filed Under: Ревија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet