Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПИВОВАРОВ ОТВОРЕНО ЗА КОРУПЦИЈАТА

November 25, 2025 Filed Under: Македонија

Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција, смета професорот кој цел живот се бори против овба зло во интервјуто за Цивил

НЕ ИМ ВЕРУВАЈ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ Професоерот пред две децњении го поставил прашањето дали неисполнетите ветувања на политичарите се – кривично дело?!

БИЛЈАНА ЈОРДАНОВСКА

Во земја во која политиката одамна ја изгубила врската со моралот, професор Владимир Пивоваров, експерт по безбедност, во интервју за ЦИВИЛ Медиа вели дека најголемата измама не се ситните криминали, туку лажните политички ветувања.

„Не-моралното го направивме морално, криминалното чесно – тоа е суштината“, вели тој, објаснувајќи дека популизмот не треба да се гледа само како манир на кампањите, туку како форма на измама што директно го оштетува граѓанинот.

„Четири години ви одземаат од животот. Гласот сте го дале за тие ветувања, а никој не одговара што не ги исполнува“, порачува Пивоваров, потсетувајќи дека уште во 2005 година го поставил прашањето дали неисполнетото ветување треба да биде кривично дело.

На овие локални избори, според него, повторно доминирале притисоци, купени гласови и пропаганда.

„Граѓаните се деморализирани. Секаде го чувствувам тоа – луѓето мислат дека ништо не можат да сменат“, вели тој. Кога се бројат гласовите, додава, прашањето е неизбежно: „Колку од тие гласови се купени? А тие пари – од каде доаѓаат? Од корупција. Со тоа ја легитимираме корупцијата.“

Пивоваров ја оценува и состојбата на демократијата. „Денешната демократија повеќе личи на анархија. Институциите што треба да служат – служат само за оние што имаат врски. Граѓанинот денес мисли: подобро во лудница отколку во судница.“

Според него, токму тоа е причината поради која младите заминуваат – не само поради економијата, туку затоа што системот е без смисла и без интегритет.

„Многу луѓе ја продаваат душата на ѓаволот за работно место. Политиката стана пазар, а достоинството – последната непрепознаена вредност.“

Иако е песимистичен, Пивоваров остава јасна порака: промени нема без вредности. „Ако сакаме да правиме држава, мора да имаме обврска едни кон други, а не само кон личниот интерес.“

(Интервјуто е во рамките на проектот „Демократски навигатор – Стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани (2025)“, предводено од ЦИВИЛ – Центар за слобода и поддржано од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германијa).

Filed Under: Македонија

КOС: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОШИРУВАЊЕТО
ИСТЕЧЕ РОКОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА
СКЕПТИЧНО: ЗАПАДНА ЕВРОПА НЕ ГО ПРИФАЌА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, НО ДАЛИ ТАА Е ВООПШТО ПРАШАНА?
АВТОПОРТРЕТИ И НЕКОЛОКУ ПАЛЕТИ – ИНТРОСПЕКТИВНИОТ УНИВЕРЗУМ НА МИРО МАСИН
ПСИХОЛОГИЈА НА ЗЛОТО: КАКО Д-Р МЕНГЕЛЕ ИЗБЕГАЛ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Најново

  • КOС: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПРОШИРУВАЊЕТО
  • ИСТЕЧЕ РОКОТ НА ЛАЖНИТЕ ВЕТУВАЊА
  • СКЕПТИЧНО: ЗАПАДНА ЕВРОПА НЕ ГО ПРИФАЌА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА УКРАИНА, НО ДАЛИ ТАА Е ВООПШТО ПРАШАНА?

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet