Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПИВОВАРОВ: СНИМКАТА НА ТРЕНДАФИЛОВ СО НЕГОВИТЕ ДЕЦА НАЛИКУВА НА „РАБОТА“ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ

February 17, 2026 Filed Under: Македонија

На прес-конференцијата од 11 февруари 2026, Трендафилов тврдеше дека неговите деца биле следени и снимани, и побара кривичен прогон за лицата што стојат зад тоа, со оценка дека ваков случај би требало да предизвика политичка одговорност

ХОРИЗОНТАЛА Од технички аспект ваква хоризонтална снимка прават само полициски служби

Снимката која ја објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на која се гледа лидерот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов заедно со неговите деца, е професионална и индицира на работа на безбедносните служби, смета поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров.

Тој во изјава за Рацин.мк вели дека снимката дефинитивно не е аматерска, на што според него укажуваат редица знаци: снимено е од статив, со хоризонтален формат каков што ретко се гледа на снимките од телефоните. Потоа, снимката е апсолутно мирна, а видеото има голема јаснотија и контраст, што исто така укажува на тоа дека снимателот е професионалец, вели Пивоваров.

Такви снимки службите прават од автомобили со затемнети, посебни, стакла, кои овозможуваат чист поглед кон надвор и добро снимање, а кон внатре не се гледа ништо. Опрема за ваков вид на следење имаа само АНБ и Јавна безбедност на МВР, додава професорот.

Тој вели дека пратеничката Стојановска мора да одговори на прашањата од каде ја добила снимката, но и дека надлежните служби, Обвинителството, треба веднаш да преземат истрага. Според професорот, со снимката е направено кривичното дело Демнење, што уште повеќе ја изразува потребата пратеничката да открие кој стои зад него.

ПРОТЕСТ НА ССМ Ако некој упорно бара нешто од Владата таа го прогласува за – непријател

Стојановска видеото го објави за да ја открие наводната злоупотреба на Трендафилов – тоа што тој користел службен автомобил на ССМ за приватни потреби. По ова, претседателот на ССМ денеска на прес-конференција побара на Стојановска да ѝ биде одземен пратеничкиот имунитет и таа кривично да одговара за објавената снимка од неговите деца.

Првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов  објасни дека видеото е направено во Велес, каде тој бил откако доцна навечер имал емисија во Скопје, а утрото требало да оди на работа во Скопје со истиот автомобил.

На прес-конференцијата од 11 февруари 2026, Трендафилов тврдеше дека неговите деца биле следени и снимани, и побара кривичен прогон за лицата што стојат зад тоа, со оценка дека ваков случај би требало да предизвика политичка одговорност. Дополнително, тој јавно го прозва Министерство за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски со прашање дали „службите“ го следат него и неговото семејство, наведувајќи дека притисокот трае повеќе од една година.

Filed Under: Македонија

ШЕЌЕРИНСКА: РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ
УНИШТЕНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕУСПЕХ, ТУКУ ИСПОЛНЕТ ПЛАН
АНАЛИТИЧАРИТЕ И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК: ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗБУДИЈА АМА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТОА
БЕРЛИНАЛЕТО ЗАПОЧНА СО КОНСТАТАЦИЈАТА – НЕМА ДОБРИ ЛУЃЕ
ДИЗАЈН ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИОТ ЛЕГИТИМИТЕТ ВО ПОНОВОТО ВРЕМЕ (2)

Најново

  • ШЕЌЕРИНСКА: РЕГИОНОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ОД СТРАТЕШКО ЗНАЧЕЊЕ
  • УНИШТЕНИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕУСПЕХ, ТУКУ ИСПОЛНЕТ ПЛАН
  • АНАЛИТИЧАРИТЕ И НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК: ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗБУДИЈА АМА ПРОБЛЕМОТ НЕ Е ВО ТОА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet