Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ПИЕСИТЕ НА ГРБЕВСКИ НОСАТ НОВА ЛЕКСИКА

July 8, 2019 Filed Under: Ревија

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Прeтставена „Лет со умот кон папокот на уни­вер­зу­мот“ на Љубомир Грбевски

ПРОМОЦИЈА Грбевски мораше на промоцијата да биде краток, да им даде можност на другите да го кажат своето

Во петокот точно напладне пред голем број пријатели, колеги и љубопитници во градската кафеана „Пелистер“, во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ беше промовирана најновата книга на Љубомир Грбевски „Лет со умот кон папокот на универзумот“. Тие се третираат како „бајки несолени за мали и за големи“, која содржи три драмски новобајковни текста за деца и за тинејџери. Станува збор за пародирани и деконструирани класични бајки и одново конструирани и стокмени на современ начин.

Промотор на книгата беше писателот Стево Симски, кој меѓу другото потенцираше дека ова е дело за деца и оние што така се чувствуваат, а плени со интересните ликови, кои се мозаик на фантастични крактери, но и на луѓе од народот, со хумрот и вердината, без злонамерност, а римуваните дијалози се тука книгата да е подопадлива и почитлива за најмалдите.

СТЕВО СИМСКИ Голем е лексичкиот придонес на Грбевски за внес на нови зборови од секојдневието во него

– Грбевски е автор кој пронаоѓа и избира нови зборови и на тој начин создава еден нов јазик, неговите пиеси имаат богата и интересна лексика, преземена од жаргонот на младите денес – посочи Симски.

Авторот Грбевски откри дека се потрудил и во ова свое дело да биде автентичен за да ги заинтригира децата, а нивниот жаргон го научуил најпрво слушајќи го својот син Михајло, а сега и внукот Марко, кому му ја посвети „Лет со умот кон папокот на универзумот“.

По неговата претходна книга „Бајки тралалајки – за урбани клинци и напредни мајки“, која содржи шест драмски текста, оваа книга елогично продолжение на истиот волшебен свет на принцезите, витезите, кралевите и кралиците, џиновите, змејовите, џуџињата, маѓосниците и други чудни и надреални суштества во едно анахроно опкружување на новите технолошки „чудесии“ – мобилни телефони, таблети и сл.

ШИРОКОАГОЛЕН Колку и да е кадарот широкоаголен, не можеше да ги опфати сите присутни на промоцијата

– Детето што се буди низ сценските бајки на Грбевски е едно радосно и игриво дете, а авторот којшто ги забележува неговите изблици, искази, приказни и реплики е еден сериозен и одговорен драмски автор. На таков еден авторски, топол, а воедно и радосен, но исклучително одговрен начин, Љубомир Грбевски ги испишува своите три нови сценски посвети. Неговите приказни се сложени, делумно почиваат на класични бајковни ликови и наративи, како и на комични драмски заплети – пишува писателот Томислав Османли во рецензијата за ова дело.

Книгата содржи три драмски новобајковни текста за деца и за тинејџери „Лет со умот кон папокот на универзумот“ (пиеса што ѝ го позајмува името на целата книга), „Здодевна бајка“ и „Шумско востание“ (една бајковидна басна).

 

Share
Share on Google Plus
Share
Share on Facebook
Tweet
Tweet this

Filed Under: Ревија

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet